31/10/2018 16:25
•
Posted by: MK News
Судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски почнува на 9 ноември во Кривичниот суд. Како што информираа на денешниот брифинг од Кривичниот суд, судскиот процес ќе го води судијката Даниела Алексовска Стојановска. Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 16:24
•
Posted by: MK News
Исцрпени се сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“ по денешната одлука на Уставниот суд за неповедување на постапка по поднесените иницијативи за ДУП И10, информираат од Општина Аеродром. – На денешната седница Уставен суд расправаше за претставките поднесени против ДУП И10, што ја опфаќа и парцелата кај Мајчин дом. Судот донесе одлука […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:58
•
Posted by: MK News
Се откажаа денешното и утрешното рочиште за настаните од 27 април лани бидејќи еден од обвинетите, Сашо Марковски, е хоспитализиран откако на вчерашното рочиште не се чувствуваше добро па беше испратен да му се направи дополнителен лекарски преглед. Судијката Добрила Кацарска рече дека од болницата ги информирале дека снимки ќе му се прават и утре […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:40
•
Posted by: MK News
Фирма донирала улични светилки во Росоман за време на претходната локална самоуправа, а сега од новата бара да се платат. Во спротивно, ќе ги демонтира светилките. Во изјава за МИА, градоначалникот Бранко Јанев појаснува дека се работи за фирма што донирала светилки, а општината поседувала и документ испратница, во кој стоело дека локалната самоуправа немала […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:38
•
Posted by: MK News
Автоматска пушка кој била дел од арсеналот на оружје на полициската единица за борба со уличниот криминал “Алфи”, исчезнала од магацинот на полицијата. По откривањето на овој скандал, а со цел брзо пронаоѓње на оружјето, на рапорт во Министерстѕвото за внатрешни работи биле повикани сите припадници на оваа едница. Од МВР за Сител ја потврдија […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Жителите од селото Колари, Кичевско мака мачат, последните денови во со една голема мечка која се доближи до куќите и му се заканува особено на добитокот од оваа село. Според тоа што ни јавија жители на оваа село, мечката барала храна во околината на селото и многу е агресивна. Луѓето се попречени да ги користат […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:35
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Твитер профил, одговори на метафората со Пандорината кутија кажана од премиерот Зоран Заев, кога премиерот се обиде да одговори на амандманите предложени од Алијансата на Албанците и Беса. Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека Пандорината […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:29
•
Posted by: MK News
Нов портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија. Новиот портпарол на СДСМ е достапен на контакт телефон +389 (0) 75 207 451 и следните е-маил адреси: [email protected] и [email protected]. Костадинов, како што информираат од СДСМ, зборува англиски јазик, а добро го владее и турскиот јазик. Покрај портпаролот […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 13:26
•
Posted by: MK News
По оставката на Даниела Рангелова, претседателка на УЖ и целиот извршен на организацијата, оставка си поднесе и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржаловски. Како што објаснува во својата оставка која ја даде преку Фејсбук, причина за истата е матното време за партијата во кое не можел да се снајде „Почитувани членови, активисти и симпатизери […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 16:36
•
Posted by: MK News
Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај. Таквата одлука денес ја донесе Општинскиот совет во Сарај – пренесува порталот на албански јазик “Тetovasot”. Таквата одлука е ветување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, каде што беше и дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 16:25
•
Posted by: MK News
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска поднесе оставка од позицијата генерален секретар на Унијата на жени во ВМРО-ДПМНЕ. Таа во објава на Фејсбук и се заблагодари на Рангелова за довербата што и ја дала во два мандата да биде генерален секретар на Унијата на жени и додаде: „Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 16:24
•
Posted by: MK News
Со обемна молба напишана на повеќе од десетина страници адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“. Молбата Груевски да не оди во затвор, е архивирана во кривичниот суд и судијата има рок до четврток да одлучи дали Груевски на 8 ноември ќе оди во […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 16:14
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 35. и 34. седница изгласа закони за изменување и дополнување на Законот за јавно обвинителство и на Законот за кривична постапка, како и дополнувања на Законот за судовите. За законите за јавно обвинителство и за кривична постапка се гласаше со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 16:12
•
Posted by: MK News
Треба да одиме во Собрание, па таму да кажеме што се случува. Ништо стварно не знам што се случува. И мене ми го одзедоа мандатот и никој ништо не ме праша . Пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски на излегување од Кривичен суд, на паузата од денешното судење за настаните од 27 април минатата година […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 15:57
•
Posted by: MK News
Полицијата го повика на распит лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев за заканите што ги упатува на социјалните мрежи. Од неговата проруска партија велат дека Бачев бил приведен од страна на полицијата додека бил во седиштето на неговата партија каде бил за да одржи редовен состанок. Од Министерството за внатрешни работи велат дека Бачев навремено […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 13:11
•
Posted by: MK News
Даниела Рангелова поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. -Почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Најпрво сакам Вас да Ве информирам дека и покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да останам да ја водам Унијата на жени до крајот на мојот мандат кој што изминува за една година, јас […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 13:09
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје почна предистажна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави. – Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2018 13:07
•
Posted by: MK News
Преговорите околу нацрт амандманите за промена на Уставот продолжуваат. Премиерот Заев вели дека предлозите кои што вчера ги добиле од независната пратеничка група ќе бидат преточени во текстови кои ќе бидат презентирани и пред опозицијата и пред грчката страна. Ќе се преговара и со опозициските албански партии, но нивните предлози според Заев во моментов се […]
______________________________________________________________________________________________________