07/02/2022 22:29
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на Ембла Адеми, како и основното училиште „Единство”, каде Ембла ја следи наставата. Со родителите на Ембла разговараа за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување. Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната […]
______________________________________________________________________________________________________
07/02/2022 22:24
•
Posted by: MK News
Само во еден месец направивме упад во неколку македонски институции, велат грчките хакери во интервјуто направено пред три дена за Европската агенција за сајбер безбедност. Моќната грчка армија тврди дека не го хакирала само МОН туку и Министерството за надворешни работи, македонски Телеком и Народната банка. Велат дека освен во македонскиот, пробиле и во нигерскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2022 16:52
•
Posted by: MK News
Вчера МРТ во специјална емисија ги претстави на македонската јавност 6те песни кои се во трка да бидат претставник на Македонија за овогодишниот Евросонг во Торино, Италија. За претставник на Македонија, во трката ќе се борат: Ris Flower, Kaly, Yon Idy, Лара Иванова, Виктор Апостоловски и Андреа. Гласањето се одржува онлајн, се отвори синоќа а […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2022 14:39
•
Posted by: MK News
По барање на судијата Осман Шабани, обвинетиот Јанакиески, денеска на судењето за ,,Топлик”, беше донесен со полиција. Поради повреда на ногата и хирушка операција, поранешниот министер за транспорт и врски, на судењето пристигна со ортопедски помагала. За својата здравствена состојба, тој до судот доставил и медицинска експертиза. Одбраната на Јанакиески, на почеток од судењето побара […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2022 14:37
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска до Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада. Очекуваат предлогот да биде ставен на седница што ќе се одржи во среда и бараат што побрзо одржување предвремени […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2022 14:35
•
Posted by: MK News
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2022 13:58
•
Posted by: MK News
Гевгеличанецот Борис Кусиников, човек на возраст од 78 години, од пред триесеттина дена се наоѓа во затворот „Идризово“ во Скопје. Таму тој ја издржува казната од 7 години и 6 месеци затвор, поради две кривични дела Убиство во обид според член 123 од Кривичниот законик и едно кривично дело Предизвикување општа опасност, според член 288 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2022 13:39
•
Posted by: MK News
За околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје, најави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој нагласува дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави. – Денеска јасно изјавуваме дека линијата Софија – Скопје ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2022 13:33
•
Posted by: MK News
Бугарија прифати да го користи скратеното име Македонија, подеднакво како и долгото име Република Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси, за што ги известила и Обединетите нации. Македонија пак со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2022 13:33
•
Posted by: MK News
Од сите привилегии што законски ми следуваат како поранешен премиер, јас ќе го искористам само обезбедувањето, а ќе се откажам од апанажата, од службеното возило и од возачот, изјави поранешиот премиер Зоран Заев за порталот „А1Он“, откривајќи дека планот му е да се вработи во една од семејните фирми и да користи возила што се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2022 13:31
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека добро е бугарскиот премиер Кирил Петков при утрешната посета во државата да одговори кој го кренал Илинденското востание, дали Гоце Делчев е Македонец и зошто бара македонскиот јазик да стои со фуснота кога тој претходно е кодифициран. -Да се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2022 13:29
•
Posted by: MK News
Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта се одложува за 1 февруари годинава, одлучи Владата на Република Македонија сношти на владина седница по препорака на Главниот координативен кризен штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Согласно одлуката, како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН), наставата […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:31
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер на Република Македонија Зоран Заев на Фејсбук информираше дека ги предал кабинетот и функцијата на новиот премиер, Димитар Ковачевски. „Денеска ги предадов функцијата и кабинетот на новиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Нему и на министрите им посакувам успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:29
•
Posted by: MK News
Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок. Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните делови посончево. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:19
•
Posted by: MK News
Бугарија од среда ги затвора границите за македонските државјани. Причина за ваквата одлука на соседот се високите бројки на новозаразени од почетокот на јануари. Македонија влегува во црвената зоана на држави. Влез ќе им биде дозволен само за македонските државјани кои имаат бугарски пасош или престој во Бугарија. Одлуката ќе трае до 31 март. Но […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:09
•
Posted by: MK News
Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Северна Македонија. Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:06
•
Posted by: MK News
Маричиќ денеска во Министерството за правда ја предаде министерската функција на својот наследник проф. д-р Никола Тупанчески. Поранешниот прв човек на Министерството за правда Маричиќ при примопредавањето на должноста, на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:03
•
Posted by: MK News
Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика, при што новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска. Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор. – Чест и задоволство ми […]
______________________________________________________________________________________________________