17/01/2022 14:03
•
Posted by: MK News
Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика, при што новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска. Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор. – Чест и задоволство ми […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 14:01
•
Posted by: MK News
Владата предводена од новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе ја одржи првата седница, со почеток во 14 часот. Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав. Претседателот на Владата Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 13:59
•
Posted by: MK News
Д-р Венко Филипче му ја предаде министерската функција на д-р Беким Сали. Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2022 13:58
•
Posted by: MK News
Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани вчера пред полноќ во Собранието избрана е новата Влада на Република Северна Македонија која ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Овој владин кабинет предводен од СДСМ ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива. Ковачевски […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2022 10:20
•
Posted by: MK News
На уставниот судија Јован Јосифовски денеска му завршува деветгодишниот мандат, информира Уставниот суд. Тој е избран за судија на Уставниот суд на 24 декември 2012 година, а неговиот работен однос почна на 14 јануари 2013 година. Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2022 10:00
•
Posted by: MK News
Долга и жестока дебата најавува опозицијата во пресрет на седницата на која ќе почне изборот на новата Влада на Ковачевски. Од ВМРО-ДПМНЕ за Сител велат дека постои голем интерес во пратеничката група и дека речи си сите пратеници ќе се пријават за збор. Согласно Деловникот прво мандатарот Ковачевски ќе има свое експозе по што ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2022 09:45
•
Posted by: MK News
ИЈЗ во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2022 09:30
•
Posted by: MK News
Скопјани нема да остаат без парно, а БЕГ успеа да ги задржи лиценците. По неколку дена неизвеснот, Владата и снабдувачите со топлинска енергија успеаа да постигнат договор за тоа како да се надмине проблемот со греењето. Следната недела ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со топлинска енергија. Додека трае, ЕСМ целосно ќе го превземе […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2022 13:17
•
Posted by: MK News
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа во Клик Плус на ТВ 21 обвини дека е најнапаѓана личност во земјава. „Наутро, поручек и навечер, сакајќи да ме саботираат. Излегува како јас да сум единствениот градоначалник во Македонија. Тоа се дегутантни напади, но тоа е. Кој губи има право да се лути, рече Арсовска во емисијата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2022 13:17
•
Posted by: MK News
Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството воедно им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2022 12:38
•
Posted by: MK News
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19. Мијалков е во изолација од 10 дена, која може да се продолжи доколку тој има симптоми на вирусот. Решението за изолација од државниот санитарен инспекторат е издадено на 10 јануари. И адвокатите Петар Василевски, Гоце Ристевски и Гордана Нацева се позитивни […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2022 12:34
•
Posted by: MK News
Ќе останат ли скопјани викендов без парно греење? БЕГ вели, пари за набавка на гас нема и бара државата времено да го преземе производството. Ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2021 10:59
•
Posted by: MK News
Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Според него, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, што, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2021 10:57
•
Posted by: MK News
Електронските цигари ќе бидат дозволени во затворени објекти. Ваква одлука донесе Владата постапувајќи по мислењето на Министерството за здравство кое ги издвои електорнските од обичните цигари. Од земјите во регионот, електронските цигари се третираат исто како обичните во Црна Гора и Хрватска. Односно забрането е пушење во затворен простор. Во светот во вкупно 32 земји […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2021 10:53
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави најавената оставка на премиерската функција, која парламентарниот спикер треба да ја констатира, што според собраниски извори, ќе го стори пред денешната седница за пратенички прашања, со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада. По оставката на премиерот, шефот на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2021 15:35
•
Posted by: MK News
Сакам да ве известам дека денес поднесувам оставка од работното место директор на Зоо Скопје. Во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2021 15:26
•
Posted by: MK News
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се процава за 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2021 15:22
•
Posted by: MK News
Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на фејсбук премиерот и доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на Димитар Ковачевски. -Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам […]
______________________________________________________________________________________________________