16/10/2018 14:05
•
Posted by: MK News
Со цел заштита на загрозениот сведок С1 и неговиот идентитет претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска ја исклучи јавноста од денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април. Судиката Кацарска на денешното рочиште дозволи присуство само на ОБСЕ и претставник од Амбасадата на САД. Пред почетокот на рочиштето судот го прифати барањето на Јавното […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2018 14:03
•
Posted by: MK News
Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 Октомври е неработен согласно Законот за празниците на Република Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2018 13:57
•
Posted by: MK News
Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Моќник“. Милошоски е првообвинет во случајот „Моќник“, што СЈО го најави во март годинава против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2018 13:55
•
Posted by: MK News
На собраниската седница за промена на Уставот по излагањето на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој предложи лидерите на двете најголеми партии да донесат решение за иднината на државата, премиерот Зоран Заев рече дека тој од секогаш бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор, оценувајќи дека во Македонија има премногу поделби и оти […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ да му дозволи на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, да се обрати пред пратеници во Собрание на расправата за отворање на Уставот. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, го прочита барањето адресирано до Собранието на денешната седница, но Џафери рече дека не постои таква можност во Деловникот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2018 13:45
•
Posted by: MK News
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во случајот со настаните од 27 април лани во Собранието, излегува од куќен притвор откако со одлука кривичниот сове ја прифатил гаранцијата во недвижен имот. За ова претходно со позитивно мислење се произнело и обвинителството. – Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 17:36
•
Posted by: MK News
„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!, напиша попладнево опрерскиот пејач Игoр Дурловски на својот ФБ профил по излагањето на премиерот Зоран Заев во кое понуди помирување за настаните од 27 април. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 17:34
•
Posted by: MK News
Јасно е дека во недостаток на проекти и паметни работи, портпаролот на СДСМ има добиено насока да ме спомнува во секоја прес конференција и за се и сешто, ова денеска преку својот Фејсбук статус го објави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Очигледно мислат дека така им се поинтересни прес конференциите. Јас најчесто […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 17:32
•
Posted by: MK News
Пратеникот Ферид Mухиќ порача дека ќе гласа „за“ уставните измени. Тој спротивно на претходните свои излагања, кога го критикуваше договорот и гласаше против, сега рече дека се разјасниле повеќе дилеми. „Се замислив, сфатив дека има три елементи што треба да се разбистрат. Прво, мандатот на оваа Влада да го менува името. Второ, дали е лош […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 17:29
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев по повеќе од еден час го напушти Специјалното јавно обвинителство, каде беше повикан на распит за случајот „Моќник“. Според СЈО, Аџиев на барање од пратеникот Антонио Милошоски спровел лустрација на судија од Кичево, по што му било забрането да ја врши јавна дејност. Случајот „Моќник“ СЈО го […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 14:46
•
Posted by: MK News
Обвинетиот за настаните од 27 април во Собранието, режисерот Борис Дамовски кој беше еден од организаторите на „За заедничка Македонија“ се огласи на социјалните мрежи по денешниот говор на премиерот Зоран Заев. -Правда, не амнестија, напиша Дамовски. Ваквиот статус на Дамовски следува по говорот на Заев во законодавниот дом кој понуди амнестија за случувањата од […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 14:45
•
Posted by: MK News
Премиерот Заев денеска од говорница побара помирување по настаните од 27. април. – На 27. беше кулминација, ќе се убиевме пред очите на сите. Прилика е да си простиме и да си кажеме доста е, браќа сме и сестри, роднини и пријатели во Македонија, истакна тој. Вели прва мета бил тој, па дури и опозицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Денешното судско рочиште за уривањето на „Космос“ во случајот „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е одложено бидејќи поранешниот премиер, а актуелен пратеник, Никола Груевски кој е обвинет во предметот, побара од судот денеска да биде ослободен затоа што сака да присуствува на собраниската седница за уставните измени. Тој рече дека досега не се повикал […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 14:02
•
Posted by: MK News
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се зголемуваат за 1,00 односно 1,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 74,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 76,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 денари. За 2,5 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 13:58
•
Posted by: MK News
Пратеникот на владеачката коалиција Ферид Мухиќ не гласаше за дневниот ред. Со тоа власта обезбеди само 71 пратеник ЗА Преспанскиот договор. Со тоа, ако Мухиќ опстане на неговите принципи на СДСМ и ДУИ ќе им бидат потребни уште 9, а не 8 пратеници на опозицијата за да го истуркаат новиот устав.
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски на денешната седница на Собранието на Република Македонија им порача на пратениците на СДСМ да не го ставаат во заблуда народот дека се менува привремената референца БЈРМ бидејќи вистината е дека се менува уставното име, Република Македонија. -Доста ги манипулирате граѓаните дека се менува референцата БЈРМ, кажете дека се менува […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 13:54
•
Posted by: MK News
Наречете ме херетик, наречете ме предавник, јас гласам „за“, порача пратеникот Артан Груби на денешната седница во Собранието на која почна дебатата за уставните измени предложени од Владата. „Поради предизвикување на дотогашното, поради идеја, поради верба, поради убедување, Христос бил распнат, Мухамед бил прогонуван, реформаторите биле прогласувани за херетици, неистомислениците биле угнетувани, лишувани од слобода, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Листата на пратеници пријавени за збор за предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата е долга. Според информации од законодавниот дома пријавени се 67 пратеници. Пленарната седница за уставните измени може да трае максимум десет дена по што потребно е двотретинско мнозинство за предлогот да помине.
______________________________________________________________________________________________________