Archive | Македонија RSS feed for this section

Во пожарот во Кочани загина 24 годишниот тапанар на ДНК Горги Горгиев

Младиот струмичанец Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу загинатите. Веста ја потврди братот Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: 18 лица се во критична состојба по пожарот во дискотеката во Кочани

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. На Детска […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: целосно сме мобилизирани да им помогнеме на семејствата

Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока […]

______________________________________________________________________________________________________

Список на пренесени повредени во Скопје, и Панчо е меѓу нив – Таравари: „Даваме се да спасиме што повеќе животи“

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција информираше дека вкупно 118 лица се хоспитализирани во различни болнички капацитети по трагедијата во Кочани. Тој нагласи дека сите пациенти добиваат неопходна медицинска грижа и дека здравствениот систем е целосно мобилизиран. „Нема пациент кој не е згрижен, сите капацитети се ставени во функција. Ќе дадеме сè од […]

______________________________________________________________________________________________________

51 ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО КОЧАНИ -118 повредени сите се згрижени

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал.  Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба. „Според првичните […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВOЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Снимено од очевидци КАКО ИЗБИЛ ПОЖАРОТ во Кочани

Телевизија СТАР објави видео снимено од присутни во дискотеката во моментот на настанување на пожарот. Снимки од кобниот настан со употребените пиротехнички средства кои предизвикаа пожар во кочанската дискотека Пулс ноќеска во 3 часот по полноќ Полицијата ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани […]

______________________________________________________________________________________________________

Амбулантни возила пренесуваат уште повредени – роднините пред ГОБ „8 Септември“

Екипата на ТВ 21 која е на пат накај Кочани јавува дека забележале повеќе амбулантни возила упатени кон Скопје. Според информациите дел од повредените биле згрижени во штипската болница, но дел биле итно пренесени во Скопје. Слободен Печат јавува дека десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ се наоѓаат пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Најмалку 50 загинати во дискотеката во Кочани – Полицијата ги приведува сите лица поврзани со настанот

Најмалку 50 луѓе се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт, потврдија од МВР за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информаци. Кон Кочани се упати и премиерот Христијан Мицкоски. Според неофицијални информации полицијата ги приведува […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Први снимки од трагедијата во Кочани – бројот на загинати се уште се утврдува

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани . Засега се уште нема официјални информации за бројот на настрадани во пожарот кој се случил за време на концерт во дискотека во Кочани. Од Обвинителството велат дека бројот на жртви се уште се утврдува. „ Сите надлежни служби, […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема трагедија во Кочани- се запали дискотека за време на концерт – голем број починати (ВИДЕО)

Ноќеска во Кочани избувна пожар во дискотека за време на концерт при употреба на пиротехнички средства. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе. Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани […]

______________________________________________________________________________________________________

ЌЕ СЕ ЗАБРАНАТ НАД 160 ВЕБ-СТРАНИЦИ ЗА НЕЛЕГАЛНО КОЦКАЊЕ Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се 7 дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, […]

______________________________________________________________________________________________________

ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ ВО „ШУТКА“ Сменета првичната одлука за куќен притвор на Јахоски

Кривичниот суд денеска попладне го соопшти своето решение со кое ја преиначил претходната одлука во врска со мерката за притвор на сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Тој е осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата. Имено, наместо мерката за куќен притвор која беше одредена по првото судско одлучување, […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП: Тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите

Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, порача денска директорката на Управата а јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Нагласи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25 јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ. -Во самиот процес се […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со засилени полициски контроли за функционален сообраќај во Тетово

Министерот за внатрешни работи денеска беше во работна посета на СВР Тетово и Општина Тетово. Фокусот на средбите беше решавањето на сообраќајните состојби актуелни во градот и имплементација на проектот „Безбеден град“ кој освен во Скопје во првата фаза ќе се имплементира во Тетово и Куманово, и добрите предлози кои ги има локалната власт и […]

______________________________________________________________________________________________________

Инвестиција од 1 милијарда евра за чист воздух и енергетска независност – За домаќинствата бесплатен прикучок на гас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави мегаинвестиција во енергетиката со која ќе се обезбеди и чист амбиентен воздух – ќе се градат гасни централи, а домаќинствата бесплатно ќе се приклучуваат на идните нови топлови и на секундарната гасна мрежа, што ќе ја гради турската компанија„Казанчи Холдинг“. – Денес имавме средби со раководството на „Казанчи Холдинг“, која […]

______________________________________________________________________________________________________

Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет

Маркетите и официјално добија обврска да ги објавуваат цените на сите производи, на своја веб страница. Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на потрошувачите. Со тоа, граѓаните ќе можат да споредуваат и да одберат од каде ќе пазаруваат. Обврската треба да си ја завршат за 45 дена отсега, а за непочитување се предвидени […]

______________________________________________________________________________________________________

СИНДИКАТИТЕ ИМААТ НОВ ПРЕДЛОГ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА

Синдикатите најавуваат дека ќе достават ново барање за износот на минималната плата на Економско-социјалниот совет. Работодавачите не се согласуваат да се лицитира со износот на минималната плата, а Владата го повтори ставот дека ќе прифати сѐ што ќе договорат синдикатот и работодавачите. Најновиот предлог на синдикатите се темели на пресметките дека стандардот на работниците дополнително […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ОБНОВЕНАТА БОЛНИЦА „8 СЕПТЕМВРИ“ Вицепремиерот Николоски објави видео

Вицепремиерот Александар Николоски објави видео како ќе изгледа Градската болница „8 Септември“ по реконструкцијата. „Воената болница во Скопје ќе добие нови седум операциони сали, нови лаборатории, адаптирани нови простории во интерес на пациентите. Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на простор од преку 3.000 метри квадратни“, напиша Николоски на Фејсбук. Македонската влада […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1