01/09/2026 12:14
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави нов мост и кружен тек меѓу Сарај и Ѓорче Петров, кои ќе создадат нов, современ влез во Скопје. Тој вчера објави дека е донесен ребалнсот на буџетот на Градот со кој е предвидена изградба на нов мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај. За овој […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2026 16:09
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2026 15:05
•
Posted by: MK News
Новата учебна 2026-2027 година започнува и наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај. Оптимизирана е училишната мрежа и во голем број училишта условите се значително подобрени. Обезбедени се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби, ангажирани се најмногу образовни асистенти досега. Подобрени […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2026 12:00
•
Posted by: MK News
Српскиот државјанин Д.П. (34) доби две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци. Тој беше приведен на 29.08.2026 во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека летово двапати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената. На излез […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2026 10:57
•
Posted by: MK News
Превозници организирани од домашната транспортна асоцијација „Макам-транс“ денеска од 12 до 14 ќе одржат протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната. Протестот е предупредувачки во пресрет на состанокот на Работната група во Брисел од кој превозниците очекуваат решение за нивниот […]
______________________________________________________________________________________________________
30/08/2026 14:52
•
Posted by: MK News
„По повод информациите дека автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, ја информираме јавноста дека нема повредени лица. Во мигови кога секоја секунда е драгоцена, возачот реагирал брзо, присебно и одговорно“ – соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2026 09:42
•
Posted by: MK News
Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и амбасадите на Шведска, со гордост ги објавува овогодишните добитници на наградата Young Courage Award (Награда за младинска храброст). Наградата им оддава признание на млади лица на возраст од 13 до 20 години кои, и покрај ограничените ресурси, дејствувале во духот на Раул Валенберг, покажувајќи исклучителна храброст […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2026 18:47
•
Posted by: MK News
По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу 3 милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2026 13:24
•
Posted by: MK News
Викендот починал пациент со западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјава се искачи на 3, известија здравствените власти. Станува збор за 61-годишен пациент кој имал придружни сериозни заболувања и е од едно од афектираните места. Лабораториски се потврдени 35 случаи со вирусот, а уште тројца суспектни се во процес на дијагностицирање. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2026 10:36
•
Posted by: MK News
По дури 17,5 години поминати во затвор, 71-годишната Шефије Јакупи од селото Зајас, Кичево, доби помилување од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што казната и се намалува за 1 година и 6 месец. Бидејќи оваа зтвореничка беше осудена на 20-годишна затворска казна, ова значи дека набрзо таа ќе излезе на слобода. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2026 19:09
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија ешерихија коли. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2026 17:13
•
Posted by: MK News
Водата во Скопје е технички исправна, нема потреба за паника. Ова во изјава за Колегиум.мк го тврди директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, Иван Митровски, откако од утрово меѓу граѓаните се шири паника и загриженост дека во градскиот водовод бактерија ешерихија коли. И директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, одговарајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2026 15:05
•
Posted by: MK News
„Јас одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2026 12:53
•
Posted by: MK News
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2026 11:40
•
Posted by: MK News
Освен македонски, Гордана Сиљановска Давкова поседува пасош на уште една горда и бунтовна република. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова откри дека сè уште со гордост го чува својот вевчански пасош. Таа се обрати на Свечената академија „30 години Општина Вевчани“, одржана во Вевчани. Нејзината порака дојде во деновите кога Вевчани се потсетува и на Вевчанските настани од […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2026 10:50
•
Posted by: MK News
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија) на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Тие ќе разговараат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2026 09:38
•
Posted by: MK News
Марјанчо Бошковски од Бутел е еден од македонските бранители кој во 2001 година, кај Љуботенски Бачила, ги положија своите животи. 25 години подоцна, Македонија се сеќава на храбрите бранители. Во Фејбсук групата „Македонски бранители“ се сеќаваат на овој млад маж како омилен во скопски Бутел. „Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2026 10:46
•
Posted by: MK News
Oд утре плаќањето билет во автобусите на ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци за градскиот и за приградскиот превоз ќе се врши исклучиво со КА-карта, платежна картичка виза/мастерс – бесконтакно плаќање директно во автобус. Од ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информираат дека не се прима готовина во нивните автобуси. – Официјални партнери за продажба и надополнување […]
______________________________________________________________________________________________________