Archive | Македонија RSS feed for this section

Почина македонската фудбалска легенда Благоја Истатов

Легендарниот македонски голман Благоја Истатов почина денеска во 71. година од животот. Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб е Беласица, а настапуваше и за Победа од Прилеп, белградски Партизан и Утрехт од Холандија. Беше дел и од поранешната југословенска репрезентација. По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. […]

______________________________________________________________________________________________________

Завршува кампањата, од полноќ предреферендумски молк

Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи во недела завршува вечерва на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата. Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес […]

______________________________________________________________________________________________________

Бактерија стафилокока во мајонез, била причината за масовното труење на виничани

Стафилококна бактерија во мајонезот е причината за масовното труење од виничката сендвичарница. Лабораториските анализи во Центарот за јавно здравје Кочани покажале и присуство на фекални бактерии во мајонез салатата, соопштија од агенцијата за храна и ветеринарство. – Добиените резултати од лабораториските испитувања укажуваат на ниско ниво на одржување на хигиената во објектот, на работните површини […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Во недела на референдумот го финализираме и законот за јазици

Приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва од плоштадот „Скендербег” во Скопје каде го одржаа централниот собир за референдумот на 30 септември. – Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт за употреба на јазиците, што […]

______________________________________________________________________________________________________

Ноќеска прв пат одиме во минус – утре најстудениот ден

Вистински студ не чека во наредните неколку дена. Уште вечерва, метеоролозите најавуваат дека силниот северен ветер ќе донесе исклучително ниски температури кои во Скопје ќе се спуштат до само 2 степени над нулата а во некои градови низ Македонија вечерва за прв пат ќе се регистрираат минуси. Утре не очекува уште еден ист ден како […]

______________________________________________________________________________________________________

Ветрот сруши покрив во скопски Карпош и оштети 5 стана

Силниот ветер кој вчера дуваше во скопски Карпош откорнал покрив на зграда на улицата Вранислав Нушиќ и додека паѓал искршил прозорци од 5 станови, објави прес24. Читател на Press24 ја раскажува приказната. „Им ги скрши прозорите и ролетните, стаклата се распрснати во кујните на станарите. Среќа во тој момент никој немало во кујните ниту пак […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Денарот е стабилен

Неуспешниот референдум не значи девалвација на денарот, порача премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој нагласи дека како економист и како претседател на Владата ги следи трендовите во земјава. – Стабилен е денарот, финансиската моќност на банките и на Народната банка се добри, а е силен перформансот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Намалување на трошоците за извршители и нотари

Премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска во Владата го презентираа планот за намалување на трошоците на граѓаните наметнати од извршителите и нотарите. – За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. […]

______________________________________________________________________________________________________

„Слушнав, убијте ги сите по што пукав “ – сведоштво на Ангеловски за 27-ми април

Морничаво сведоштво за организираниот напад на Собранието од 27-ми април, од тогашниот телохранител на Оливер Спасовски, Ацо Ангеловски на продолжението на рочиштето за сослушување на оштетените. Слушнав „ убијте ги сите“ по што пукав и повикав полиција, низ солзи се потсети Ангеловски. Тој уште рече дека на 27-ми април минатата година повеќе полицајци биле пуштени […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во затворот Идризово, пет противпожарни возила на терен

Од полицијата потврдуваат дека кај нив е пријавен пожар во затворот околу 14 часот, а според пријавата опожарена е кровна конструкција. foto gazeta lajm Во куса телефонска изјава за КУРИР командирот на протипожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски рекол на терен се испратени пет возила и се уште се работи. Дел од медиумите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Се бројат тие што гласаат, тие што нема да гласаат не се ни бројат

Во предвид се земаат односно се бројат гласовите на граѓаните што гласаат а тие што не гласаат не се ни бројат. „Огромното видливо мнозинство на референдумот ќе ги даде насоките на пратениците. Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат. Ако има и еден глас повеќе „Против“, ние го поништуваме Договорот. […]

______________________________________________________________________________________________________

До сабота ниски утрински температури и дневни во пораст, во недела дожд

– До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Во Маврово утре УХМР прогнозира најниска утринска температура (нула), до највисоки девет степени во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Без оглед на цензусот договорот оди во Собрание – во преамбулата нема ништо да се брише

Цензусот на референдумот нема да биде пресуден дали договорт ќе оди во Собранието. Шефот на дипломатијата вели дека е важно мнозинство од Излезените да гласа за . Уставните измени не се напишани о догворот туку нив ќе ги формулира Собранието, вели министерот . Промените ќе се однесуваат на 4 члена од Уставот. Името ќе добие […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Од нас зависи дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум или правно ќе се укинеме како народ

Дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум или правно ќе се укинеме како народ. Претседателот Иванов на средбите со дијаспората во Њу Џерси порачува, каква Македонија ќе изградиме, таква и ќе имаме. Претседателот Иванов викендов на средбата со македонските исселеници во Детроит објави дека нема да гласа на референдумот во недела и им порача […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна временска прогноза на УХМР – од утре температурен шок

Од утре температурите во Македонија ќе опаднат за 10 до 15 степени целзиусови, а од среда наутро утринските може да паднат и околу нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето, информираат од УХМР, ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава […]

______________________________________________________________________________________________________

Ветер со брзина од над 95 километри во Скопје и источните делови на земјата

Ветер со брзина над 95 километри на час го зафати скопскиот, но и источниот дел од земјава. Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час. Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешниoт ден, но со […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Да се каже Република Македонија не е ни срам ни страв

Ниеден политичар нема мандат да преговара за идентитетот на еден народ. Мнозинството македонски граѓани не гласале за програма во која е предвидена промена на Уставот на Република Македонија заради промена на уставното име на државата. Па така, ниту актуелната влада не добила мандат од народот ниту од гласачите за промена на идентитетот, за откажување од […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР нема да толерира нарушување на избирачкото право на 30. Септември

Ќе се казнува секакво попречување на правото на глас на 30 септември, па дури и интернет пораки и активности за кои министерството за вантрешни работи ќе оцени дека се закана на избирчкото право. Министерот Оливер Спасовски на една недела пред референдумот со видео порака за тоа како полицијата се подготвува за граѓанското изјаснување. „ Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1