06/09/2018 15:48
•
Posted by: MK News
Пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири, кој денеска сведочи за настаните од 27 април, рече дека бил во една од кабините за превод во галеријата на собранискиот прес-центар од каде слушнал како толпата извикува пцости и прашува каде е Муки Зекири шиптарот. Сведочеше дека толпата викала „ќе ве убиеме сите“ и оти видел како пратениците Никола […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2018 15:42
•
Posted by: MK News
Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му пишува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста-8 Септември. „Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2018 14:05
•
Posted by: MK News
Во знак на благодарност за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името “Улица Столтенбергова”. На свеченоста по повод иницијативата за именување на улицата денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и генералниот секретар […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2018 12:58
•
Posted by: MK News
„Тие не ми дозволија да се омажам за Италијанците”, кажала Блерта пред полицијата оправдувајќи го но и не признавајќи дека го убила семејството во Дебар. Таа признала дека е организатор на ликвидацијата, но не и убиец, открива венсикот на албански јазик KOHA. Според првичните сознанија на истрагата 28-годишниот Блерта Поцета го организира убиството на таткото, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2018 12:37
•
Posted by: MK News
Дожд и северен време за време на викендот најавуваат метеоролозите со температури до 34 степени. Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено зсилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. Во сабота попладне ќе има повеќе услови за […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2018 12:35
•
Posted by: MK News
За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на посетата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:59
•
Posted by: MK News
Австрискиот канцелар Себастијан Курц в петок доаѓа во официјална посета на Република Македонија, информираат од владината прес-служба. Тој заедно со австриската делегација ќе биде свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:57
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги оцени како „јалови обиди на власта“ и „глупости“ информациите објавени од Викиликс во кои се наведува дека македонските власти уште во 2008 година, кога тој ја предводеше владата, го прифатиле името „Република Северна Македонија“. – Ова се јалови обиди на власта, и веројатно ќе има уште […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:53
•
Posted by: MK News
Уште во 2008 година државниот врв во Македонија прифатил промена на името во Република Северна Македонија, но без уставни измени. Ова стои во документот на американската амбасада во Скопје, кој го објави Викиликс, а го преносоа грчки медуми. Доверливиот документ на американската амбасада насловен „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Денот на независноста, 8 Септември, ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо. Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, предвидена е богата програма, а поканети се сите граѓани. – Во сабота, во 18 часот одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со концерт за најмладите на „5+“ бенд, по што следува […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:38
•
Posted by: MK News
На три недели пред најавениот референдум за промена на името на Република Македонија и нејзиното членство во Алијансата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја почнува дводневната посета на земјава. Првот човек на НАТО во Скопје треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:33
•
Posted by: MK News
Девет години изминаа од трагичниот настан на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија. Делегации на Општина Охрид, на Конзулатот на Република Бугарија во Битола, претставници на Здружението на граѓани „5-ти септември” од Охрид, на Капетанијата и граѓани денеска положија цвеќе на споменикот поставен на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2018 13:16
•
Posted by: MK News
– Поднесеното барање од адвокатите на Никола Груевски за изземање на специајлната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, имајќи ги предвид одредбите од ЗКП и од Законот за СЈО. Претседателката на судечкиот совет на Апелацискиот суд Цветанка Периќ рече дека бидејќи барањето за изземање е одбиено, не постојат пречки за продолжување на јавната […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2018 14:58
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев им посака успех во учењето на сите првачиња на почетокот на учебната година и им порача никогаш да не престанат да поставуваат прашања и секогаш да останат љубопитни и жедни за знаење. Премиерот Заев, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, присуствуваа на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2018 14:56
•
Posted by: MK News
Мене ми е многу жал што се случи таков настан, настан што сакам да го избришам од мојата меморија, но еве со денешново судење ми се враќа како нова епизода од мојот живот. Ова го рече оштетениот Љубе Бошкоски на денешното рочиште во Кривичниот суд, на кое се сослушува во својство на сведок. Одговарајќи на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2018 14:51
•
Posted by: MK News
Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денари и ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За 1,5 денар се зголемува и цената на Еуродизелот и тој ќе се продава по 64,5 денари за литар. Се зголемува цената […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2018 14:50
•
Posted by: MK News
Владата му префрлила 80 милиони денари на Собранието за кампањата за референдумот, но финансиите наменети за 41 отсто од пратениците ќе бидат неискористени и не може да се пренаменат, информираат од Собранието на Република Македонија. Во соопштението се наведува дека по барањето на Собранието за одобрување на финансиски средства за кампањата за референдумот што ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2018 14:48
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада. – Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија, рече Заев одговорајќи на новинарско […]
______________________________________________________________________________________________________