20/08/2018 19:03
•
Posted by: MK News
На плажата Акапулко, вчера, семејството Ставрески пронашло бурма на која било изгравирано: „Моника+Дејан 28.07.1998“. Ставрески напишале: „Убаво би било aко можеме да го најдеме сопственикот.“ По објава на Фејсбук, пронајден бил сопственикот кој ја изгубил бурмата пред 5 години на истата плажа. Потегот на Ставрески предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи. По ова следуваше […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2018 18:50
•
Posted by: MK News
До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата. Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2018 18:43
•
Posted by: MK News
По добиен список од 30 можни производители на генетски модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ги продолжува контролите на терен. Како што соопшти директорот на АХВ Зоран Атанасов, позната е и сортата ориз добиена од генетски модифицираното семе. Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2018 18:42
•
Posted by: MK News
Постои случај на 6.000 вработувања спротивно на Закон на државен товар. На ова претходеше бришење на критериумите за административните службеници, но и тоа не Ви беше доволно и не сопревте, постапките не сте способни да ги спроведете. Додека ги чекаме реформите кои ги најавувате во државната и јавна администрација, ретко неталентираните министри за финансии и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2018 18:38
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија денеска започна со редовната работа по одморите иако интензитетот се очекува да се зголеми од среда за кога е закажана координативна средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Од оваа средба би требало да се очекува одговор на прашањето за улогата на Собранието во јавната пропаганда […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2018 18:36
•
Posted by: MK News
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, чие име денеска се слушна во судницата во Кривичниот суд во еден од разговорите што беа презентирани поврзани со предметот „Титаник“, изјави дека секогаш работел во согласност со позитивните законски прописи и дека не знае точно за кој и за каков разговор станува збор бидејќи се уште ги нема материјалите. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2018 18:32
•
Posted by: MK News
По реакциите на граѓаните и еколошките здруженија дека скопјани и во лето дишат загаден воздух градоначалникот Шилегов тврди дека инспекцискиот надзор е засилен, минатата недела биле исконтролирани 70 инсталации особено во делот на железара, но не открива што констатирале инспекторите на терен и какви мерки презеле. Инаку токму во оваа општина мерната станица за квалитет […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 22:00
•
Posted by: MK News
Нов Зеланд е земја која произведува овошје, а проблемот е што секоја година се соочува со недостаток на работници кои ќе го берат овошјето. Затоа, земјата бара работници од секаде кои осум часа на ден на сонце ќе го берат овошјето, за дневница од 160 евра. Како што пишуваат странските медиуми, се бараат работници кои […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 21:45
•
Posted by: MK News
Во Македонија и надвор од земјата постојат структури кои не сакаат оваа држава да стане пристојно место за живеење, кои не сакаат Македонија финално да се стабилизира, и кои не сакаат да успее во своите стратешки приоритети – членка на НАТО и членка на ЕУ. Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, демантирајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 21:43
•
Posted by: MK News
Изминатиот викенд во ресторан во скопски Бутел долшо до непријатна ситуација во која младенците немале доволно пари да ја платат свадбата, па сопственикот морал да повика обезбедување. Ноќта саботата спроти неделата настанала тензичната ситуација кога младенците и гостите сакале да ја напуштат прославата, но сопственикот на локалот најпрво си ги барал парите и не ги […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 21:36
•
Posted by: MK News
Со милион евра пари на граѓаните министерството за одбрана ќе учествува во јавната пропаганда за референдумот за името. Вицепремиерката денеска најави дека од буџетот на оваа институција за кампањските активности на располагање ќе се стави оваа сума. Колку ќе потрошат останатите министерства од Владата се уште не откриваат „Планирањето на кампањата е во тек, се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 21:31
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повтори дека позицијата на партијата во врска со референдумот ќе ја изнесе по сеопфатана консултација со граѓаните и внатрепартиските консултации кои се одвиваат паралелно. – Во минатото во многу наврати кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и легитимитетот на постоењето како организирана политичка гарнитура го црпи од народот и во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 12:23
•
Posted by: MK News
Пратениците од понеделник по летниот одмор започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на следната недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 20:01
•
Posted by: MK News
Повеќе од 100 прислушувани телефонски разговори беа презентирани во Кривичниот суд на главната расправа за „Титаник“. Во така наречените „бомби“ доминираа гласовите на поранешниот шеф на кабинетот на екс премиерот Груевски, Мартин Протуѓер, екс министрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, како и на Зоран Ставревски. Во разговорите се слуша како се договараат– кој се да се […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:57
•
Posted by: MK News
Наместо песни и ора, на Собраискиот канал ќе се прикажува пропаганда за референдумот, објави „Плусинфо“ повикувајќи се на свои извори. Ова ќе значи дека пратениците од мнозинството ќе го искористат Собранискиот канал за кампања за поддршка на референдумот во термините кога нема пленарни седници или снимки од комисиските расправи, оти Собранието е овластен предлагач на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:54
•
Posted by: MK News
Ванчо Каранфилов некогашен локален функционер на ВМРО-ДПМНЕ, во 2005 година лежеше 11 месеци затвор, поради злоупотреба на возило. Поради истата причина, власта го разреши директорот на БЈБ Лазо Велковски од својата функција. Против Велковски не беше поднесена кривична пријава, како што власта деновиве поднесува против градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, и како што беше поднесена во 2002 […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:44
•
Posted by: MK News
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медфиумски услуги на денешната седница, го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдумот, со кое се доделуваат дополнителни девет минути за платена јавна пропаганда во еден час. Според Упатството, радиодифузерите треба да создадат еднакви услови за пристап на заинтересираните страни во референдумот до облиците на платена […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:38
•
Posted by: MK News
Брзо решавање на проблемот со нискобуџетните авиопревозници со цел да не се одрази на континуираниот раст на туризмот во земјава. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија велат дека ефектот на евтините летови не само кај нас, туку и во светот, е многу голем. “Во овој момент на одредени дестинации нема да […]
______________________________________________________________________________________________________