Archive | Македонија RSS feed for this section

Имотно-правен инцидент во Старата скопска чаршија, интервенирала полицијата

Сопственик на објект во изградба спроти хотелот Арка во Старата скопска чаршија го демонтирал скелето кое било поставено на хотелот, пријавила попладнево во полиција вработена во „Арка“. Како што информираа од МВР полицијата веднаш излегла на лица место по добиената пријава и констатирале дека се работи за имотно правен проблем и дека не бил нарушен […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите пратеници, без оглед која страна ќе ја заземат на референдумот, пропорционално ќе добијат пари за кампањата

По околу 10 илјади евра – народни пари ќе му стојат на располагaње секој од 120-те пратеници за медумска пропоаганда согласно своите определби за референдумот на 30 септември. Пратениците ќе можат да се групираат по пратенички групи и коалиции за да го искорстат овој фонд од речиси 1,3 милиони евра буџетски пари кои Владата му […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетите сториле „тероризам со зборови, а не со дела“, тврдат адвокатите

Адвокатите на дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во воведните говори пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти. Бранителите тврдат дека обвенетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Дончо Наков кој е бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, […]

______________________________________________________________________________________________________

Лекарите и сестрите од септември добиваат пет отсто повисока плата

Од септември годинава платите на здравствените работници ќе бидат зголемени за пет отсто, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што рече Филипче на прес-конференција во Владата, основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.654 на 13.286 денари. За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, […]

______________________________________________________________________________________________________

Утврден буџетот за кампањата – 6.500 евра за кампања на социјалните мрежи

Буџетот за кампањата за претстојниот референдум е веќе утврден и е проектиран на 80 милиони денари кои ќе му бидат ставени на располагање на Собранието на Република Македонија како предлагач на референдумот. Средствата ќе се обезбедат од тековната буџетска резерва, а доколку на крајот од кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против Стевчо Јакимовски за „бесправно градење“

Кривична пријава за „бесправно градење“ против поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски поднесе Управата за финансиска полиција. – Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција. Пријава за […]

______________________________________________________________________________________________________

До недела топло, од понеделник за 10 степени посвежо

До крајот на неделава ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а од понеделник ќе има освежување за десетина степени, пороен дожд, грмежи и ветер. Според УХМР, дневните максимални температури до недела ќе се искачат до 36 степени. Позначителна промена се очекува од понеделник кога во поголем дел од земјава […]

______________________________________________________________________________________________________

„За“, „Против“ или „Бојкот“ – сите ќе добијат пари за кампања од Собранието

Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво и за водење јавна кампања. Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата. Со Координативното […]

______________________________________________________________________________________________________

Бавна истрага за ГМО оризот, продажбата преполовена

Бавно оди истрагата за кочанскиот ориз со Генетски модифицирани организми. Министерството за земјоделство се уште не знае за какво семе станува збор. Државниот инспекторат за земјоделство е на терен и зема мостри од 30тината оризопроизводители, за кои Агенцијата за храна и ветеринарство доставило список дека можеби саделе ГМО ориз. Инспекторатот го презеде овој случај, откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Влада на РМ: Тендерот за хортикултурно уредување се однесува на 20 државни објекти

Тендерот за хортикултурно одржување и уредување се однесува на 20 државни објекти низ целата држава, за површина од 133.654 метри квадратни и опфаќа период на набавка од три години, соопшти попладнево Владата, отфрлајќи ги како неточни информациите од некои медиуми дека станува збор за „набавка на цвеќе“. Набавката, според Владата, воопшто не е нова, туку […]

______________________________________________________________________________________________________

Ви следува слободен ден за прваче

Учебната година ќе започне на 3 септември. Според Законот секој вработен има право тој ден да биде ослободен од работните обврски.  Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете. Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата со тендер од 670.000 евра за цвеќиња

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа со вредност од 41 милион денари (околу 670.000 евра), пренесува Слободен Печат. Главен критериум за добивање на тендерот е најниската понудена цена, а услови за кандидатите што ќе се пријават на конкурсот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ејуп Рустеми е нов директор на Македонски пошти

Ејуп Рустеми е именуван за нов директор на Македонски пошти на денешната седница на Владата. Досегашниот директор на Македонски пошти Фадис Реџепи е разрешен од оваа должност заради завршување на неговиот мандат, информира владината прес-служба.

______________________________________________________________________________________________________

Сашо Тасевски е новиот директор на БЈБ

Владата, на својата денешна 84. редовна седница, донесе одлука Сашо Тасевски, магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност, да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Тој доаѓа на местото на Лазе Велковски, кој минатата недела беше разрешен од функцијата во МВР, по скандалот со службениот џип. Тасевски стана познат […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема Богородица – 28 август, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, 28 август (вторник), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството им го честитаат празникот на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Американската армија се извини дека нѐ нарече Северна Македонија

Американската армија во Европа се извини затоа што нѐ именува како Северна Македонија. На јутјуб-каналот на Армијата вчера беше објавено видео од воената вежба на Криволак со опис дека нивната војска извела вежба со северномакедонските војници во Северна Македонија. По реакциите во јавноста, видеото беше тргнато, а Армијата на САД во Европа упати извинување. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Стартува судскиот процес за собранискиот настани од 27 април минатата година

30-мина седнуваат на обвинителна клупа за собраниските настани од 27 април. Пратеници, организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, вработени во МВР – сите се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и помагање во извршување на кривичното дело. Основното јавно обвинителство на крајот од март годинава го поднесе […]

______________________________________________________________________________________________________

Порака од ИВЗ за Курбан Бајрам: Подадете рака, помирете се!

Реис ул улема на Исламската верска заедница во РМ Сулејман Реџепи по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам денеска упати порака до верниците да го минат со подадена рака, прегратка, меѓусебни посети и помирување. – Драги верници, сестри и браќа, задоволство ми е да соопштам јавно дека утре го славиме празникот Курбан Бајрам. Овој празник, без […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1