Али Ахмети од Битола: На 30 Септември гласаме за иднината на нашите деца


Али Ахмети од Битола: На 30 Септември гласаме за иднината на нашите деца
Демократската Унија за Интеграција активноста на вчерашниот ден во рамките на кампањата за референдумот ја заокружи во Битола.

Пораката на претседателот на ДУИ, Али Ахмети до граѓаните на Битола е зачленувајќи се во Северно- Атланската Алијанса, Македонија станува поцврста и по почитувана држава и од земјите кои не се членки на Алијансата и Европската Унија, сигурно дека историјата ја враќаме назад.

“Се здруживме Албанци и Македонци за една заедничка цел, на овој референдум да гласаме за иднината на идните генерации без разлика на вероисповеда, без разлика на националноста, и ова се постигна. На 30 септември ќе гласаме за мирот, стабилноста, безбедноста, гласаме за иднината. Овој е историски момент за тоа дали земјата ќе оди напред или наназад. Минатото е болно, тоа никако не смее да се повтори. Минатото, оптоватено со војни, конфликти и масакри. Кој победи од тоа минато? Победија тие што бараа слобода, сега, ние кои ја добивме слободата не треба да дозволиме нашата слобода да се ризикува во историски моменти. Јас немам никаков сомнеж дека на 30 септември Албанците ќе гласаат за Европска Македонија”, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Активностите за информирање на граѓаните во врска со референдумот што ќе се одржи на 30 септември ќе продолжат и во текот на денешниот ден, кога централниот штаб на ДУИ ќе присуствува во Охрид и Струга.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1