28/08/2018 14:05
•
Posted by: MK News
Денеска, навршуваат речиси две илјади години од смртта на најблагородниот лик на планетата земј и нејзиното небесно воскресение-Успение на Пресвета Богородица. Големиот култ на светителката одамна е присутен кај нашиот народ, кај кого е позната како негова вечна заштитничка и покровителка. Нејзиниот светол лик отсекогаш бил верен сопатник во неговите вековни борби за слобода, за […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2018 13:47
•
Posted by: MK News
Популарниот македонски шоумен Игор Џамбазов на својот настап во чест на починатиот актер, Ванчо Петрушевски ја испеа песната „Ако умрам ил загинам“. Тој кажа дека повеќе од половина живот го минал заедно со Ванчо и додаде дека неговата смрт многу го погодила.
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2018 13:45
•
Posted by: MK News
Сопружниците Амит и Назмие Поцеста и нивната 14-годишна ќерка Анила ги загубија животите откако тројцата беа застрелани ноќе, додека спиеле во семејната куќа на ул. 1 мај во Дебар. -Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици, по што роднини отидоа во нивната […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2018 13:44
•
Posted by: MK News
Од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата, кои не поседуваат стан или куќа во Скопје, ќе мора да одберат дали ќе патуваат секој ден до работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за гориво во висина од 20 отсто и за патарина, или ќе закупат стан за што Собранието ќе издвои средства […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2018 13:35
•
Posted by: MK News
Краткотраен пороен дожд и ретки грмежи се очекува попладнево да ги зафати источните и североисточните делови од државава. Синоптичарите најавуваат дека ќе дува умерен до засилен северен ветер,најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени, а УВ индексот 6. Од УХМР информираат дека до петoк ќе се задржи постабилно […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2018 11:44
•
Posted by: MK News
Во Македонија денеска ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен. Утринската температура ќе се движи од […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2018 11:42
•
Posted by: MK News
Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2018 11:33
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, апелира сите партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот, по примерот на неговата партија. – Ја користам оваа прилика да апелирам и до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназијата ‘Кирил Пејчиновиќ’ во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2018 11:28
•
Posted by: MK News
Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина завчера од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи денеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје. „Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања“, наведе во известувањата за комеморацијата Драмски театар […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2018 16:18
•
Posted by: MK News
Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак, речиси немаше некој кој не веруваше во тоа дека нивната љубовна прикзана е како од романите. За нив пишуваше целиот регион. Новинарски текстови, интервјуа за нив, за љубовата која се случила на Табановце, во транзит центарот,за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2018 16:04
•
Posted by: MK News
Со смртта на Ванчо Петрушески, Македонија загуби одличен актер и врвен глумец. Колегите се простуваат од него, а погребот ќе се изврши утре. Како што потврдуваат од МВР, актерот загинал при работење со електричен заварувач на пластични цевки. „На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:53
•
Posted by: MK News
Значителна промена на времето ќе следи од утре попладне, преку ноќта и во понеделеник кога во поголемиот дел од државава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во вторник се уште на места ќе има […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:51
•
Posted by: MK News
Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67 години, објавија на своите фејсбук страници неговите колеги од Драмскиот театар. Петрушевски, според неофицијални информации, загинал од струен удар во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево, каде живеел во летните месеци. Увид на местото на несреќата прави екипа на МВР и дежурен јавен обвинител. Комеморацијата во чест на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:49
•
Posted by: MK News
Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек….нека Ти е лесен патот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:45
•
Posted by: MK News
Македонија има потреба од одговорни политичари кои ќе имаат јасни приоритети и стратегија за сите државнички прашања, реагира ГДУ по објавувањето на владиниот тендер за хортикултурно уредување на државните институции. Реакцијата на ГДУ во целост: „Смирени, по изјавата на почитуваниот портпарол на Владата на Република Македонија, г-нот Миле Бошњаковски (23.08.2018) дека цената на тендерот за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:39
•
Posted by: MK News
Двегодишно дете почина на Инфективна од менингококна бактерија која предизвикала тешка форма на сепса. Болеста кај детето се јавила еден ден пред да биде донесено со Брза помош од Прилеп. Според лекарите станува збор за ретко заразно заболување кое се карактеризира со многу тешка клиничка слика. – Ваква клиничка манифестација на болест е исклучително ретка […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:37
•
Posted by: MK News
Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67-годишна возраст. Од Министерството за внатрешни работи изјавија за МИА дека добиле повик од итна помош за починато лице од струен удар во скопското село Орешани, и оти екипи од МВР се на увид. Неговите колеги веке се простуваат од него на социјалните мрежи. – Тукушто разбрав дека доајенот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2018 21:34
•
Posted by: MK News
Еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Петрушевски, почина на 67-годишна возраст. – Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар. Причината за смртта се уште не е […]
______________________________________________________________________________________________________