27/07/2018 20:57
•
Posted by: MK News
Во населбата Влае во куќа на два ката, се вдомени 5 деца на возраст од 11 до 17 години. Тие ќе живеат заедно со стручни лица, ќе учат во некое од локалните основни и средни училишта и на овој начин ќе се ресоцијализираат. Подготвени се три вакви објекти во Скопје. Откако дел од децата ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 20:58
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци”. На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 20:43
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи прави анализи на целокупниот процес за вадење лични документи, на телефонското закажување на терминот што сега се спроведува преку приватна фирма, на можноста целата оваа активност да ја преземат службите на МВР, со цел процесот да се забрза, поедностави, но и да биде финансиски поисплатлив, а се работи и на тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:44
•
Posted by: MK News
Светскиот експерт за земјотреси д-р Шимон Вдовински (Dr. Shimon Wdowinski) кој ја застапува теоријата за можната поврзаност помеѓу големите врнежи и земјотресите ја анализира состојбата во Македонија за порталот енаука. Вдовински е професор на интернационалниот универзитет Флорида и е автор на повеќе меѓународни трудови. Пренесуваме дел од интервјуто за порталот енаука. Професоре дали сметате дека постои […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:32
•
Posted by: MK News
Скопје лежи на процеп длабок двесте метри – Кои згради први ќе се срушат при земјотрес? Ќе се тресе ли Скопје повторно скоро, треба ли да стравуваме од нов силен земјотрес???? Евентуален силен земјотрес во главниот град може да направи голем неред во централното градско подрачје во близина на Старата железничка станица, а со иста […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:06
•
Posted by: MK News
Скопје градот кој ќе остане запаметен по катастрофалниот земјотрес кој го разруши до темел пред 54 години со себе носи и многу емотивни приказни кои секогаш ќе потсетуваат на големата трагедија што се случила, во пресрет на годишнината од земјотресот и денес споделуваме емотивна приказна која за миг ќе ве потсети на се она што […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:00
•
Posted by: MK News
Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 55 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 21:00
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија со 100 гласа „за“ ги избра претседателот, потпретседателот и членови на Државната изборна комисија (ДИК). Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 18:00
•
Posted by: MK News
На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:57
•
Posted by: MK News
Македонката Светлана Михајлова (51), која исчезнала на 30 март годинава во Пјаченца, била пронајдена мртва во водите на Јадранското море, информираше италијанската полиција, пренесува НетПрес. Како што пишувавме, потрагата по Михајлова се одвиваше со голем интензитет, а полицијата и медиумите постојано објавуваа нејзини фотографии и контакт телефони на кои граѓаните можеа да дадат било какви […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:57
•
Posted by: MK News
Вечерва во 18 часот ќе се оддржи седница на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, потврдија за МИА од кабинетот на претседателот Талат Џафери. Претходно Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:50
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Како што соопшти Јавното обвинителство, објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:49
•
Posted by: MK News
Пет минути по земјотресот целиот град останал без струја, а поради старата инсталација се опожариле само Учителската школа и Педагошката академија. За повеќето скопјани Велин Јорданов е непознат и не чуле дека тој е човекот што во мугрите на 26 јули ги исклучил главните прекинувачи за струја и го спасил Скопје од пожари. Утрото пред […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:46
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев верува дека до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави денеска во одговор на новинарско прашање, ќе го организираат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор за што во тек се разговори на парламентарно ниво. Во случај да не […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:46
•
Posted by: MK News
Македонија ги стартува пристапните преговори за полноправно членство во НАТО. Од денеска тимови на Алијансата ќе работат со сите државни институции надлежни за имплементација на одлуката која пред две недели беше донесена на Самитот во Брисел. Ако се задржи времената рамка, Македонија ќе стане членка на НАТО најрано до почетокот на 2020-та. Ова ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:43
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев кој беше фатен во шверц на цигари доби казна за твор од 1,5 година. Неговата сопруга Јулијана поради лошата здравстевна состојба е осудена на една година условно доколку него повтори делото во нареднитте две години, нивниот син Виктор и внукот Горан Стојанов се осудени на по една година, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:42
•
Posted by: MK News
Уште едно шестгодишно дете од Охрид со компликации од дијабетес тип 1 и во тешка сосотојба денеска со Брза помош е донесено на Клиниката за детски болести. Според информации на Сител и тоа било во состојба на кетоацидоза исто како и претходните три случаи кои вчера ги обелоденија од асоцијацијата за детски дијабет Баланс Мк. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2018 17:38
•
Posted by: MK News
Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје, денеска соопшти дека во претпладневните часови родилка починала како резултат на комплицирана бременост. Во соопштението се наведува дека родилката била породена со царски рез и оти родила живо новороденче, по што нејзината здравствена состојба се комплицирала и била префрлена во поранешната градска болница во Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________