05/07/2018 23:16
•
Posted by: MK News
Пратеничката Ивана Туфегчиќ пишува дека до пратениците утрово стигнало заканувачко писмо, потпишано од здружение за борба за еманципација и права на жени, кое нејзе не и е познато. Потписниците, вели таа, се закануваат со затвор доколку пратениците повторно гласаат за ратификација на договорот со Грција кој е денеска во трето читање. – Ви доставуваме на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:10
•
Posted by: MK News
Претседателот на државата ја блокираше највисоката институција со непотпишувањето на законот за ратификација на Договорот со Грција. Со тоа тој го крши Уставот и прави кривично дело за кое треба да одговара, изјави вечерва лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети при гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија. – Не сакам […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:01
•
Posted by: MK News
Грчкото Министерство за надворешни работи го искара македонскиот премиер Зоран Заев поради тоа што вчера за време на положувањето заклетва на војниците зборуваше за „македонска армија“ која ќе стане членка на НАТО. Грчкото МНР посочи дека таквата изјава ја нагласува важноста од стапување во сила на Договорот за промена на името кој двете држави го […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:57
•
Posted by: MK News
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Покровител на манифестацијата годинава е премиерот Зоран Заев. Во негово име на младоженците среќа и бериќет и незаборавни свадбарски денови им посака министерот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:52
•
Posted by: MK News
Инвазија од комарци во Скопје. Здодевните мали инсекти деновиве предизвикаа големи отоци и непрекинато чешање, а дел од нив ги одведе на доктор. Кожниот доктор Дејан Филиповиќ за Канал 5 вели дека се зголемил бројот на пациенти со отоци од каснување на комарец. Граѓаните велат дека не може да се излезат надвор на прошетка без […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:47
•
Posted by: MK News
Имаме случаи како Монструм каде имаме брутална егзекуција и имаме докази, спорот е воден пет години, урната е пресудата, рочиштата се вратени на почеток и се одвиваат еднаш месечно, а од друга страна имаме судски спор од 27 април кој што рочиштата ги закажува надлежната судијка на дневна основа, ден за ден и притоа соседите […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:39
•
Posted by: MK News
Од Собранието Договорот за името се сели во Основното јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против премиерот Заев, министерот Димитров, спикерот Џафери и сите пратеници од парламентарното мнозинство кои по втор пат го ратификуваа договорот. Во исто време, премиерот Заев и пратениците од власта го повикаат претседателот Иванов да го потпише указот. Во спротивно се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:37
•
Posted by: MK News
Собранието со 69 гласа „за“ и еден воздржан ја прегласа ратификацијата на Договорот со Грција за промена на уставното име откако Иванов одби да го потпише указот за негово стапување во сила. За ратификацијата гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските албански партии, овој пат вклучително и Мендух Тачи. Дебатата во Собранието траеше околу 20тина […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:29
•
Posted by: MK News
Од 10 и пол до 13 и пол години затвор за обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села. Судот денеска ја објави пресудата за седумтемина обвинети кои учестувале во нападот на пратеникот за време на собраниските настани од 27 април минатата година. Според образложението на судијата Славица Андреевска, тие се виновни за кривичното дело […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:51
•
Posted by: MK News
По спроведените истражни дејствија, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против две службени лица од КПУ Затвор „Скопје“ во Скопје. На лицата, како што соопшти Обвинителството, им се става на товар дека сториле кривично дело „неовластено снимање“ од чл.152 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот законик. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:49
•
Posted by: MK News
И годинава водата во Вардар и бактериолошки и хемиски е неисправна и е од висока 4-та и 5-та категорија. Повеќе од две децении во реката е забрането капење. Покрај Вардар од Центарот за јавно здравје информираат дека и Лепенец, Треска и Пчиња како останатите површински води во скопско се загадени. Граѓаните не треба да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:46
•
Posted by: MK News
Кривични пријави за екс – градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, за поранешниот секретар во општината и за вработен во секторот за уредување градежно земјиште, поради “Несовесно работење во службата”. Според обвинието, тие го оштетиле буџетот на општината за над 430 илјади евра за градежни работи при изградба на пешачкиот мост на реката Вардар – […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:44
•
Posted by: MK News
Покрај правото на месечна заработувачка, работниците во приватниот сектор имаат и право на исплата на регрес за годишен одмор – популарно познат како К-15 Од 1. јули 2018 година започнува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) за вработените во приватниот сектор. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а единствениот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:42
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија денеска треба повторно да гласа за Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името. Се враќа по вторпат на гласање бидејќи Законот не беше потпишан од страна на претседателот на РМ. Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:39
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во работна посета на Сараево, каде ќе ја прими наградата „Златна плакета – европска личност на годината“ од Агенцијата за избор нај менаџер на БиХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери. На оваа традиционална манифестација најавено е присуство на околу 500-тини најуспешни бизнис лидери од БиХ, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:38
•
Posted by: MK News
Во Кривичниот суд Скопје, денеска треба да биде изречена пресуда за седумтемина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април 2017 година. На претходното рочиште, во завршните зборови на одбраната во адвокатите побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2018 09:51
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд Скопје ги преиначи условните казни за девет лица за учество во толпа за време на насилство во Собранието на 27 април минатата година, во казна ефективен затвор. Деветмината обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите им пресуди условни казни. Апелацискиот суд по жалбите […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 15:12
•
Posted by: MK News
Седницата на која Парламентот повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за спорот за името ќе се одржи на 5 јули. Ова било договорено на денешната координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. Минатата недела во Собранието на Република Македонија беше доставена одлуката на претседателот на државата […]
______________________________________________________________________________________________________