17/12/2017 15:05
•
Posted by: MK News
Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, активистите за заштита на животните на денешниот протест побараа похуман однос кон животните и да се открие кои се тие што ги трујат мачките и кучињата во последниот период. Со години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени: […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2017 14:54
•
Posted by: MK News
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:24
•
Posted by: MK News
Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина на моменти ќе достигне околу 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час, јавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на ноќта врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат на западот и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:18
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои присуствуваа искажаа незадоволство од состојбата со загадениот воздух и свои предлози за тоа како би можело да се намали загадувањето, но исто така ги критикуваа своите сограѓани скопјани поради тоа што не им се придружија пред зградата на Владата. Повеќето од нив се согласни дека што и да се преземе, нема да го […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:13
•
Posted by: MK News
Вчера во полиција било пријавено дека две кучиња искасале десетгодишно дете, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, лицето Т.С. (50) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.20 часот, на ул. „Волгоградска“, од страна на две кучиња бил каснат неговиот 10-годишен син, при што му биле нанесени видливи […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2017 16:09
•
Posted by: MK News
Од вчера стапија во сила итните мерки против загадувањето на воздухот кои произлегуваат од одлуката на 40. седница на Владата и од уредбата за намалување на граничните вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции, донесена на 42. седница, а се разгледува и можноста за интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:32
•
Posted by: MK News
Нов хорор завчера го потресе Скопје кога во населбата Илинден жена беше нападната од кучиња. Таа раскажува за хоророт за порталот Република. Вели дека била брзо пуштена на домашно лекување, имала повеќе рани, а сега мештаните живеат во страв. 38-годишната Џеварија Бајрамовска вели дека настанот се случил утрото во 7 часот и 30 минути. – […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:31
•
Posted by: MK News
Највисоката годишна бруто плата во Македонија лани е исплатена во приватното здравство и изнесува 167.786.446 денари (2,7 милиони евра), а 25,6 (416.000 евра) милиони денари е највисокиот исплатен бунус од работен однос на годишно ниво, покажуваат податоците што ги објави денеска Управата за јавни приходи врз основа на поднесените годишни даночни пријави од граѓаните во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:16
•
Posted by: MK News
Во Сирија е убиен уште еден Албанец од Македонија, објавија медиуми на албански јазик во Македонија. Според информациите, станува збор за скопјанецот со презиме Адеми, познат член на боксерскиот клуб ,,Шкупи“. Весникот ,,Бота сот“ во денешното издание наведува дека до сега во Сирија и Ирак се убиени 40 Албанци од Косово, Албанија и Македонија. Истиот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:14
•
Posted by: MK News
Граѓаните на секаков начин се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух во главниот град. Во последните неколку денови нивото на штетните ПМ10 честички во воздухот во повеќе скопски населби беше и до 10 пати над дозволеното. Како еден од начините за заштита граѓаните ги користат маските со активен јаглен. Најевтините се 140 денари и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:07
•
Posted by: MK News
Прашањето за името треба да се реши во наредните пет месеци за земјава да може да продолжи со евроатлантските интеграции, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во заедничко интервју за неколку медиуми. Тој рече дека двете земји, Македонија и Грција, треба да видат до каде се. – Мислам дека е отворен прозорец на можности. Гледаме добра волја […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:05
•
Posted by: MK News
Во Скопскиот регион утринава има магла која се очекува да се намалува веќе во претпладните часови. Ќе дува умерен јужен ветер, кој кон крајот на денот ќе се засилува. Температурата ќе достигне до девет степени. Во источните делови од државата е умерено облачно, а на повисоките места дува југоисточен ветер. Претпладне се очекува од запад […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:02
•
Posted by: MK News
Руската амбасада ѝ одговори на американската амбасада преку Твитер дека решние за загадениот воздух во Скопје е Турскиот тек, односно гасифицирање на домаќинствата. Амбасадата на САД вчара праша „Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ и објави фотографија од Амбасадата под која напиша дека загадувањето во Скопје било толку големо што одвај се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2017 14:00
•
Posted by: MK News
Утрово Специјалното јавно обвинителство прави претреси во домовите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа- Милевска и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Двајцата се обвинети во неколку случаи, на Канческа и се суди за „Тендери“, а Божиновски е обвинет за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“.
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:46
•
Posted by: MK News
Откажани летови од скопскиот аеродром. Дел од летовите на скопскиот аеордром се откажани, а дел се пренасочуваат на аеродромите во Охрид и Приштина. Авиони од утринава ниту полетуваат ниту слетуваат. Според информацијата на сајтот на аеродромот откажани се слетувањата на летовите од Истанбул, Виена, Базел, додека авионите од дубаи, Готенбург, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:30
•
Posted by: MK News
Министерот без ресор Самка Ибраимовски задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, најави дека ќе ја напушти министерската функција и ќе биде пратник во Собранието. Ибраимовски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место. На последните парламентарни избори Самка Ибраимовски беше […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:26
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалните мрежи испрати порака до кандидатите за иден претседател на партијата, нивните соработници и делегатите на Конгресот на кој ќе се бира следниот партиски лидер. -Поминаа три дена од одлуката за одржување на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Собирањето потписи за поддршка и внатрепартиската кампања започна. Чувствувам потреба да испратам […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2017 17:23
•
Posted by: MK News
Преку мрежате на мобилниот оператор ОнеВип попладнево повеќе од еден час не можеше да се воспостави повик. Од ОнеВип информираат дека поради прекин на главни оптички врски се соочиле со глобален проблем кој се манифестираше со неможност за остварување повици и проблем со користење интернет. – По брзата интервенција на екипите на ОнеВип говорните услуги […]
______________________________________________________________________________________________________