Archive | Македонија RSS feed for this section

Пристигнува нова количина на вакцините „Фајзер“

Денеска пристигнува нова количина на вакцините „Фајзер“, а до крајот на неделата, се очекуваат 500.000-те вакцини од „Синовак“. Според најавите на министерот Филипче, со половина милион вакцини од „Синовак“ ќе се вакцинираат околу 450.000 граѓани, пријавени на веб-платформата vakcinacija.mk. Во државата се аплицирани околу 450.000 дози, а ревакцинирани над 180.000 граѓани. Според податоците на Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија може повеќе, одиме на победа со Украина

Македонската фудбалска репрезентација е поразена со 3-1 од Австрија на стартот од ЕП . Австријците први го отворија резултатот со погодокот на Лајнер по една добро изработена акција. Но не за долго откако по грешка на противничката одбрана, Горан Пандев го израмни резултатот на 1-1. Горан Пандев го постигна првиот погодок за Македонија на едно […]

______________________________________________________________________________________________________

Ниту еден починат од Ковид-19 првпат по 10 месеци, 8 градови без активни случаи

Нема ниту еден починат ковид-пациент во претходното деноноќие, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања и девет оздравени. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова е мала победа, која влева надеж, но, апелира да се почитуваат мерките за заштита. – Првпат по 2 септември 2020, денеска не […]

______________________________________________________________________________________________________

Укинување на полициски час, поголеми свадби и концерти – предлага Комисијата за заразни болести

Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките. „Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и […]

______________________________________________________________________________________________________

Член на ИСИС добил македонски пасош со идентитет Јосиф Ставре, Македонец од САД

Меѓу 215 криминалци и носители на пасоши со лажен идентитет имало и припадници на ИСИС кои поседувале македонски пасоши. Ова го открива порталот мкд.мк кој пишува дека американски државјанин, член на ИСИС добил македонски пасош со идентитет Јосиф Ставре. Терористот на ИСИС во Македонија се бара за тројно убиство. „На 13 септември 2018 година во […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонските навивачи добија забрана за патување во Холандија

Македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија. Навивачите кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија протера македонски дипломат

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува новинската агенција „Риа новости“. Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1-ви јули без роаминг со соседството

Роамингот станува минато, од 1-ви јули повеќе нема да важи за неколку соседни земји. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

______________________________________________________________________________________________________

Невреме во Скопје – повеќе општини останаа без струја

Силно невреме го зафати главниот град на земјава. Од попладнево голем број на скопски општини се без снабдување со електрична енергија, по силното невреме кое попладнево го зафати овој регион. Центар, Кисела Вода, Аеродром се само дел од населбите кои останаа без струја.

______________________________________________________________________________________________________

Од утре олабавување на мерките, четиричасовниот полициски час останува до 15 јуни

Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за […]

______________________________________________________________________________________________________

ФФМ попушти, на Европско со стариот дрес

Претседателот на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини објави фотографија со македонскиот дрес во жолто – црвена боја на која пишува „Фудбал се игра за фановите“, „Одиме на Европско. Напред Македонија!“ Оваа негова порака доаѓа по реакциите и онлајн петицијата зад која застанаа многу навивачи, но и капитенот Горан Пандев испрати порака со стариот македонски дрес. […]

______________________________________________________________________________________________________

ЗАЧУКА НОВОТО СРЦЕ НА 32-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА НА ВОЗРАСТ ОД 40 ГОДИНИ

Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент. Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 32-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните кои се вакцинирале во странство, а сакаат ревакцинација тука имаат рок од една недела за да се пријават онлајн

Пуштена во употреба веб-страница (https://vakcinacija.mk/revaccination) на која може да се пријават граѓаните кои прва доза од вакцината примиле во странство, а сакаат да се ревакцинираат во земјата, информираше Министерството за здравство. Граѓаните може да се пријават од денеска (29 мај) до 6 јуни 2021. Меѓутоа, ова не важи за граѓаните под 60 години кои во […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата го повлече Предлог-законот за легализација на дивоградбите

Владата на Република Македонија на редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура. Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено […]

______________________________________________________________________________________________________

Без маски на отворено, свадби до 100 гости од 1 јуни, предлага Комисијата

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања: -Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Србите без патарина низ Македонија само еднаш и само кон Грција – не и кон Охрид

Српските државјани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини низ змејава но само за oдење и враќање од Грција. Беплатните патарини ќе важат само за Коридор 10 кој води кон граничниот премин Богородица, но нема да важат за патување кон Охрид поради тоа што на овој патен правец нема електронска наплата. Владата ќе додели 200 […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев денеска ја прими втората доза од кинеската вакцина

Денеска во арената „Борис Трајковски“ премиерот Заев се ревакцинираше со вакцината од кинеската компанија Синофарм. Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда и ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и […]

______________________________________________________________________________________________________

Попладне невреме со грмежи, силен ветер и град

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР. Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1