Archive | Македонија RSS feed for this section

За 7 дена починале 26 вакцинирани – еве кое годиште се и од што боледувале

Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пренџов: Јасно и гласно кажувам дека ГРОМ продолжува со ВМРО-ДПМНЕ

Љупчо Пренџов, пратеникот на ГРОМ изјави дека неговата партија ќе ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во Студио 10 на Телевизија 24. „Можам јасно и гласно да кажам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи целта за која што сме во коалиција веќе повеќе од 7 години е да Република Македонија биде просперитетна држава, да бидеме држава […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов раст на цената на горивата од полноќ

Од полноќ ново поскапување на горивата за еден денар. Еуросупер 98 ќе се точи за 78.5 денари по литар, а дизелот ќе чини 68.5 денари. Но очекувањата се дека цените и понатаму ќе растат. Вредноста на нафтата урива рекорди. Денеска на американската берза го достигна седумгодишниот максимум, додека на лондонската, бележат највисока цена во изминативе […]

______________________________________________________________________________________________________

Шилегов: Во вториот изборен круг ќе издвоиме голема победа

Кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје поддршан од СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов денеска порача дека во вториот изборен круг влегуваат изедначено и оти ќе имаат голема победа. Шилегов на прес-конференција го оцени вчерашниот изборен ден како успешен и како празник на демократијата и им честиташе на сите кандидати за резултатот во првиот круг […]

______________________________________________________________________________________________________

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно Скопје

Ова денеска, овој резултат денеска, покажува дека време е да го средиме градот и да живееме во град со којшто ќе се гордееме. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Водство на Арсовска пред Шилегов од 95% преброени гласови

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 95,04% отсто од гласовите. Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска освоила 81.026 гласови, додека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов освоил 74.890 и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

______________________________________________________________________________________________________

Избрани 32 градоначалници во првиот круг, се бројат гласовите уште за четири општини и Град Скопје

Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 33 градоначалници од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност. Се уште не се обработени 100 отсто од гласовите за општините Аеродром, Ѓорче Петров, Ресен и Центар, како и за Градот Скопје. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

ЌЕ ПОБЕДАМ ВО 2 КРУГ ЗАТОА ШТО ГРАЃАНИТЕ САКААТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ РАБОТИ, ВЕЛИ СТЕВЧO ЈАКИМОВСКИ ОД КАРПОШ

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ГРОМ Стевчо Јакимовски оди во вториот изборен круг на Локалните избори против кандидатот на СДСМ Душко Весковски. Според 100 проценти обработени податоци од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ Душко Весковски (9.296), а втор е Јакимовски со 6.83o, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски е […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: По 100% преброени гласови Стевчо Јакимовски оди во втор круг во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски влезе во вториот круг по пребројаните 100% од гласовите на ДИК. Имено тој освои 6.830 гласови, додека второ пласираниот Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ има 6.551 глас. Прво пласиран е Душко Весковски од СДСМ со освоени 9.296 гласа. Во однос на советничките мандати освоени во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина во првиот круг од изборите

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција соопшти дека во првиот круг на локалните избори кандидатите за градоначалници на партијата победиле во Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Виница, Зрновци, Петровец, Илинден, Штип, Карбинци, Свети Николе, Велес, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Могила, Новаци и Јегуновце. Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски на прес-конференцијата посочи и дека се очекуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Регистрирани неколку изборни нерегуларности во струшкиот, битолскиот и тетовскиот регион

Претседател на избирачкиот одбор од с.Октинси, струшко во СВР Охрид околу 14.10 часот пријавил дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче, соопштија од МВР и додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. Воедно, денеска во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член […]

______________________________________________________________________________________________________

Најголема излезност во Градско, најмала во Велес

Во општина Велес излезноста до 17:30 часот е 43 проценти, во општина Чашка 53 проценти, а во Градско 57 проценти. Претседателот на Општинската изборна комисија од Велес, Андреј Ќамилов информира дека од регистрираните 45.892 гласачи на 82 избирачки места гласале 19.700 граѓани или 43 проценти. Во општина Градско има најголема излезност до 17:30 часот. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Даштевски: Проблемот со гужвите тешко се надминува во целата земја

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на пресконференција истакна дека проблемот со гужвите тешко се надминува во целата земја. За оваа проблематика, наведе повеќе причини. Избирачкиот список има многу повеќе страни, од што имал претходно, затоа што имаме рекорден број на листи. И поради тоа проверката трае повеќе време. Од друга страна, преку една четвртина од […]

______________________________________________________________________________________________________

Даштевски: Сите кои ќе се затекнат на избирачкото место, но и во дворот по 19 часот ќе можат да гласаат

Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори. ДИК […]

______________________________________________________________________________________________________

ЈО: Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности, дадени насоки за натамошно постапување

До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на Локалните избори до 15:00 часот пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Го сменив името, па победив на изборите затоа што граѓаните почнаа да веруваат во иднината

Го започнавме проектот „Отворен Балкан“ за да покажеме дека самите можеме да направиме многу позитивни работи, рече премиерот Зоран Заев во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“. На прашањето зошто се приклучил кон иницијативата, за која многумина тврдат дека е само ПР акција на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој нагласи дека станува збор за идеја […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Ако сакаме да имаме држава и по 50 год, треба да ги решиме актуелните проблеми

„Држава направивме и неа нема да ја изгубиме, но, воопшто не е неважно во каква држава живееме, односно, дали во таква држава ќе сакаат да живеат нашите деца и внуци. Да илустрирам – во светот постојат територии кои ги нарекуваат држави каде што власта само со употреба на сила го држи населението да не ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште три дена попис, досега попишани околу 1,55 милиони лица

Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Освен во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1