Archive | Македонија RSS feed for this section

Протест за ослободување на осудените за „27 април“

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Скопје со барање за ослободување на затворените за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. Протестот под мотото „Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите“ почна пред владата, а заврши пред Собранието. Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија.ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на сенародниот протестен марш за […]

______________________________________________________________________________________________________

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА КОЈА ГО СТАВИ В ЗАТВОР МИЈАЛКОВ Е ДОБРА, НО ПРЕМЛАДА ЗА ВИШО ОБВИНИТЕЛСТВО

Ленче Ристоска е добар обвинител, но млада за во Вишото јавно обвинителство и возраста е таа која вчера не само неа, туку и на другите млади обвинители со добри достигнувања им се испречи на патот за унапредување, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК членови на Советот на јавни обвинители. Ленче Ристоска, заедно со Артан Ајро и Трајче Пеливанов, […]

______________________________________________________________________________________________________

Трајанов: Ни најавија „Фајзер“, нè вакцинираa со „спутник В“

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, реагира на процесот на вакцинација против ковид-19 и вели дека пратениците се дискриминирани. Неговата забелешка е во тоа што првично им било најавено дека ќе се вакцинираат со „Фајзер“, но денеска им била аплицирана руската вакцина „спутник В“. Тој вели дека наспроти изборот на граѓаните да одлучат […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: ПАУНОВСКИ ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕПУКУВА СО МЕНЕ

„Рамковно вработените се прераспоредени согласно плановите и Законот. Директорот на пазарниот инспекторат е поставен од Владата, но не можете да си дозволите вакви коментари, да ги понижувате надредените. Очекувам службите да отворат постапка за негово разрешување“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, коментирајќи ја полемиката со директорот на ДПИ, Стојко Пауновски. Според него, неоправдано […]

______________________________________________________________________________________________________

Адвокатот Пешевски: Пратеничката со коронавирус стори кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не ѝ важи пратеничкиот имунитет

Адвокатот Драган Пешевски преку објава на Фејсбук вели дека пратеничката која денеска се појави во скафандер во Собранието сторила кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не ѝ важи пратеничкиот имунитет. – Пратеничкава се пофали, глумеше кловн, ги спаси граѓаните со гласање за „најбитните закони in the history of Babylon“, но меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Апасиев до позитивните пратеници на СДСМ: Први ќе одите во затвор кога ќе падне режимот

Пратеникот и лидер на „Левица“ Димитар Апасиев, денеска од собраниската говорница им се обрати на двајцата присутни позитивни пратеници на СДСМ кои дојдоа со скафандери и гласаат од кабината им порача дека први ќе одат во затвор кога ќе падне режимот. „Според одлуката на Владата, во членот 11 се предвидува строга изолација карантин во домашни […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицевски до Џафери: Ова е срамота, следува кривична пријава и одговорност, загрозено е здравјето на сите пратеници

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, се обрати на Талат Џафери пред почетокот на 36-тата седница. „Подзакноскиот акт не може да биде поголем од Закон и Устав. Срамота е, непознавањето на правото штети, тоа е основна максима во правото, а вие со ваквиот однос, сте на правна одговорност и кривична одговорност. Одговнорноста е […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО СКАФАНДЕР И ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ, ВО СОБРАНИЕТО ПРАТЕНИЧКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, позитивна на коронавирус, пристигна во скафандер во Собранието за да учествува во работата на 32., а потоа и на 36. седница кои треба да почнат во 14 часот. „Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ 5-ОТ ПАКЕТ МЕРКИ, ГЛАСАА И ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВО СКАФАНДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

Собранието денеска ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од пандемијата на ковид-19. „За“ гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајца пратеници од мнозинството кои дојдоа во скафандери и гласаа од посебна просторија, бидејќи се позитивни на коронавирус. Станува збор за Законот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се лекарите и медицинскиот тим кои работеа со часови за да спасат не еден туку повеќе животи

Благодарни сме на сите лекари кои учествуваа во постапката на утврдување мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката. Целиот тим заслужува да биде споменат и да им се одаде признание. Трансплантацијата на срце се изврши на Клиниката за кардиохирургија. Тимот го предводеше директорот […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството на Верче Белчовска со чии органи се спасија 3 животи

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија му донираат 1 милион денари на семејството, на трагично починатата 21 годишна девојка, кое покажа колку е цврсто во болката. Овие големи луѓе во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце, бубрези спасија живот на тројца […]

______________________________________________________________________________________________________

28-год Блаже доби бубрег од Верица – 18 години живеел со бубрег од мајкаси

Семејството Сапунџиеви од Кавадарци вечерва преку изјава за МИА се заблагодари за донираниот бубрег за нивниот 28-годишен син Блаже. Мајката Форка рече дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому многу му значат. – Трансплантацијата помина успешно. […]

______________________________________________________________________________________________________

Момчето кое го доби срцето на почината Верица се виде со семејстсвото

Семејството на младиот Иле врз кого ноќеска беше извршена успешна трансплантација на срце, изрази сочувство и огромна благодардност до семејстсвото на починатата Верица Белчовска, без чиј хуман гест, животот на Иле немаше да може да биде спасен, пренесува Досие.мк. „Најпрво од сѐ, сакаме на семејството на младата Верица Белчовска да му изразиме сочуство за големата […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Иле е буден и добро закрепнува – во него чука срцето на Верче

22- годишниот Иле Стрезовски во чии гради денеска беше трансплантирано срцето на починатиот донор Верче Беловска е буден и сите параметри му се добри, соопшти хирургот д-р Јовев кој заедно со својот тим и со тимот од Клиниката Жан Митрев ја изврши оваа сложена трансплантација на срце. „Изразувам огромна благодарност до семејството на девојката, јавноста […]

______________________________________________________________________________________________________

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од починатата девојка чие семејство ги донираше органите. Министерството за здравство попладнево соопшти дека во тек е и втората трансплантација кај 40-годишен пациент со хронична бубрежна болест. – Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник […]

______________________________________________________________________________________________________

Докторите се поклонија пред девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

На Клиниката за кардиохирургија ноќеска беше извршена втората трансплантација на срце во Македонија. Станува збор за 22-годишно момче кое доби срце од почината млада девојка. Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографија, која ја нарече историска, а на која докторите ѝ се поклонуваат на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. „Историска фотографија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Срцето на Верица продолжи да работи и да живее во телото на 22 годишно момче

Срцето на Верица продолжи да работи и да живее во телото на млад, 22 годишно момче чиј живот поради срцева болест беше во опасност. Операцијата на трансплантација на срцето заврши во 3.33 часот утрово, а Министерството за здравство ја оцени како успешна. -Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано […]

______________________________________________________________________________________________________

Верче Белчовска од Берово е починатиот донор – ја прегазил несовесен возач кој побегнал

Верица Белловска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти, објави ММС. Нејзиниот брат Мартин Белковски е единствениот кој останал да живее во Берово, додека останатите членови – постарата сестра, таткото и мајката се преселиле во Струмица. „Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1