10/06/2021 15:01
•
Posted by: MK News
Меѓу 215 криминалци и носители на пасоши со лажен идентитет имало и припадници на ИСИС кои поседувале македонски пасоши. Ова го открива порталот мкд.мк кој пишува дека американски државјанин, член на ИСИС добил македонски пасош со идентитет Јосиф Ставре. Терористот на ИСИС во Македонија се бара за тројно убиство. „На 13 септември 2018 година во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2021 14:56
•
Posted by: MK News
Македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија. Навивачите кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2021 14:55
•
Posted by: MK News
Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува новинската агенција „Риа новости“. Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2021 14:52
•
Posted by: MK News
Роамингот станува минато, од 1-ви јули повеќе нема да важи за неколку соседни земји. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2021 14:50
•
Posted by: MK News
Силно невреме го зафати главниот град на земјава. Од попладнево голем број на скопски општини се без снабдување со електрична енергија, по силното невреме кое попладнево го зафати овој регион. Центар, Кисела Вода, Аеродром се само дел од населбите кои останаа без струја.
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2021 14:05
•
Posted by: MK News
Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2021 13:14
•
Posted by: MK News
Претседателот на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини објави фотографија со македонскиот дрес во жолто – црвена боја на која пишува „Фудбал се игра за фановите“, „Одиме на Европско. Напред Македонија!“ Оваа негова порака доаѓа по реакциите и онлајн петицијата зад која застанаа многу навивачи, но и капитенот Горан Пандев испрати порака со стариот македонски дрес. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2021 13:10
•
Posted by: MK News
Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент. Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 32-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2021 13:08
•
Posted by: MK News
Пуштена во употреба веб-страница (https://vakcinacija.mk/revaccination) на која може да се пријават граѓаните кои прва доза од вакцината примиле во странство, а сакаат да се ревакцинираат во земјата, информираше Министерството за здравство. Граѓаните може да се пријават од денеска (29 мај) до 6 јуни 2021. Меѓутоа, ова не важи за граѓаните под 60 години кои во […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2021 13:06
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура. Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено […]
______________________________________________________________________________________________________
28/05/2021 11:40
•
Posted by: MK News
Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања: -Од […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2021 13:37
•
Posted by: MK News
Српските државјани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини низ змејава но само за oдење и враќање од Грција. Беплатните патарини ќе важат само за Коридор 10 кој води кон граничниот премин Богородица, но нема да важат за патување кон Охрид поради тоа што на овој патен правец нема електронска наплата. Владата ќе додели 200 […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2021 13:29
•
Posted by: MK News
Денеска во арената „Борис Трајковски“ премиерот Заев се ревакцинираше со вакцината од кинеската компанија Синофарм. Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда и ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2021 13:27
•
Posted by: MK News
Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР. Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2021 13:10
•
Posted by: MK News
Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона, Владата ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2021 13:03
•
Posted by: MK News
Попладне и кон крајот на денот на повеќе места во земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2021 13:00
•
Posted by: MK News
За само три часа родителите ги собраа потребните 100 иницијални потписи за покренување референдум на државно ниво за образовните реформи на министерката Царовска. Се собираа во подрачните единици на Државната изборна комисија во Битола и во скопски Центар. Родителите сметаат дека Царовска нема да ги земе предвид нивните барања и забелешки, затоа и се одлучија […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2021 12:56
•
Posted by: MK News
Со 6 гласа ЗА Од вкупно 9 избрана е Добрила Кацарска запрв човек на Уставниот суд. Гласањето зс изборот беше зад зарворени врати. Јавноста немаше можност да ги слушне предлозите и дискусијата за изборот. Кацарска беше до сега судија во Кривичниот суд.
______________________________________________________________________________________________________