03/04/2017 14:12
•
Posted by: MK News
Пожарот кој вчера избувна на Скопска Црна Гора, помеѓу селата Раштак и Булачани, не стивнува. Во моментот се активни се три жаришта, а зафатена е голема површина на сува трева и дрва, информира утринава за Курир командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски. -30 луѓе активно се на терен, а зафатени се околу 500 хектари […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 14:04
•
Posted by: MK News
Бактеријата Стафилокока е причина за масовното труење на 200-те работници во тетовската фабрика леар, дознава Канал 5. Резултатите ќе им бидат доставени на јавното обвинителство во Тетово, што ја води постапката. Претходно, ноќта во петокот работниците од третата смена јаделе макарони со месо, подготвени во посебен дел од познат ресторан во околината на Тетово. Објектот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 14:03
•
Posted by: MK News
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се воведе нова авионска линија од Будимпешта до Скопје. На оваа релација ќе може да се патува со авионската компанија „Виз ер“. Новата авионска линија ќе биде промовирана во среда, а на настанот најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директот на ТАВ Македонија, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 14:01
•
Posted by: MK News
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2017 19:49
•
Posted by: MK News
Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег. Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а максималната од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2017 18:54
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за единствена Република Македонија повикa за национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии, општествени чинители. Прв принцип е обединување околу националниот интерес, втор принцип е интеграција во едно општество, трет принцип владеење на правото за успех на државата и четврт принцип е пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин. -За […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2017 18:46
•
Posted by: MK News
Попладневно на Скопска Црна Гора избувна пожар кој има зафатено поголема површина со сува трева. Од Противпожарната бригада во Скопје информираат дека екипи се на терен и интервенираат на гаснење на пожарот.
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2017 16:02
•
Posted by: MK News
Македонската асоцијација на новинари упатува јавен протест против активностите на СЈО усмерени кон уривање медиуми, гушење на слобода на говор и слобода на збор за новинари и јавно бараат асистенција од СЈО за незаконски акции против медиуми, новинари и сопственици на медиуми за партиски потреби на СДСМ. Ви го пренесуваме интгрално соопштението Веќе никој во […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2017 18:18
•
Posted by: MK News
Неколку тинејџери го тргнале македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и на негово место кренале знаме на Република Албанија. Според очевидци, момчињата биле забележани од полициски инспектори, кои успејале да фатат двајца од нив, а едниот побегнал. Веднаш било повикано засилување од СВР Куманово и двајцата биле приведени во полицијата. Инцидиентот се случил […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2017 13:08
•
Posted by: MK News
Двеста и дваесет работници од фабриката „Леар“ во технолошко развојната зона кај Тетово изминатата ноќ биле примени во болниците во Тетово и Гостивар откако се затруле најверојатно од храна. Според првичните информации од полицијата, случајот бил пријавен од медицинскиот персонал во тетовската Клиничка болница околу 4 часот и 40 минути по полноќ откако претходно околу […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2017 10:51
•
Posted by: MK News
Двеста и дваесет работници од фабриката „Леар“ во технолошко развојната зона кај Тетово изминатата ноќ биле примени во болниците во Тетово и Гостивар откако се затруле најверојатно од храна, јавува ТВ Нова. Според првичните информации од полицијата, случајот бил пријавен од медицинскиот персонал во тетовската Клиничка болница околу 4 часот и 40 минути по полноќ […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2017 10:46
•
Posted by: MK News
Во наредните денови стабилизација на времето и пораст на температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Сончево и надпросечно топло ќе биде петок и сабота, утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе го продолжат својот пораст, од 12 до 23 […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2017 10:40
•
Posted by: MK News
Инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од Македонската фудбалска лига. До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2017 13:07
•
Posted by: MK News
Големиот Град, распослан како голема школка среде Преспанското Езеро, е единствен и пуст остров во Македонија. Само на две места, на северозападниот и на југоисточниот крај, постојат мали плажи и пукнатини во карпите, кај кои може да се пристигне со чамец и да се искачи горе на островот. Убавите предели на Македонија ги истражува и […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2017 12:44
•
Posted by: MK News
Официјален ветеринар врши контрола на терен по вчерашниот напад на куче во Катланово, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Според него, не станува збор за куче скитник, туку за куче кое има стопан. Тој информира дека се уште се следат и кучињата во кичевското село Бачишта. За сега испитувањата покажаа […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2017 21:54
•
Posted by: MK News
Деветгодишно дете од Катланово викендот завршило на Инфективна откако било каснато од куче, јавува Сител. Поради сериозноста на повеќето повреди, лекарите го задржале на болничко лекување. Изминатите три дена имале уште 7 прегледи на лица нападнати од кучиња, и сите биле амбулантски третирани. Инфектолозите велат дека месечно имаат стотина вакви случаи кои добиваат терапија против […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2017 20:27
•
Posted by: MK News
Движењето БЕСА соопшти дека нема да поддржи Талат Џафери да биде кандидат за претседател на Собранието на РМ зашто смета дека кандидатурата е наметната. Предлогот, наведува движењето БЕСА, е на тројката СДСМ-ДУИ-Алијанса на Албанците, доставен денеска во Собранието и јавно соопштен. БЕСА посочува дека имале нивни предлог-кандидат „со кредибилитет и без корупција, криминалност и прекршување […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2017 20:25
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска по завршувањето на мандатот на Наќе Чулев на функцијата директор на Агенцијата за разузнавање, донесе одлука со која го именуваше д-р Зоран Иванов за нов директор на Агенцијата за разузнавање, информираат од Кабинетот на претседателот Иванов. Д-р Зоран Иванов досега ја извршуваше функцијата началник на военото разузнавање во […]
______________________________________________________________________________________________________