08/04/2017 15:10
•
Posted by: MK News
Дијагноза депресија кај едногодишно дете поставила матична лекарка од Чаир. Му пропишала и терапија, која родителите според податоците од Мој Термин ја подигнале од аптека. Оваа грешка според надлежните се должи на недоволно познавање на симптомите на болеста и нестручна дијагностика. -Овој пример го издвоив од аспект што значи дека мора да се работи на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2017 14:34
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика информира дека 14 април 2017 година, Велики петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2017 14:25
•
Posted by: MK News
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2017 12:20
•
Posted by: MK News
Најдобрите студенти од првите три рангирани универзитети во Република Македонија, и годинава ќе имаат можност бесплатно да патуваат и престојуваат на атрактивна туристичка дестинација во Европа. Јавниот повик за оваа намена е веќе објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука, www.mon.gov.mk и според условите, студентите кои сакаат да аплицираат е потребно да […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2017 12:19
•
Posted by: MK News
Сите албански политичари кои поаѓаат од интересите на Република Македонија се конструктивни соговорници и секој што поаѓа од интересите на граѓаните што живеат во Македонија. За се има решение ако се разговара, ако има дијалог. Ако вие немате дијалог, како ќе дојдете до решение. За се треба да се разговара, па и за сите прашања […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2017 16:32
•
Posted by: MK News
Оливер Спасовски, Зијадин Села и Џеват Адеми ни предлагаат да го кршиме Деловникот и за да го изберат оној кој според Деловникот молчеше во ова Собрание нас да не замолчат кои сме пријавени за збор. Не може правилата на игра за една точка на дневен ред да се менуваат додека таа точка на дневен ред […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2017 23:03
•
Posted by: MK News
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ е подготвено за новата сезона за изнајмување на велосипедите, која почна викендов. Дел од нив се однесени на поправка, поради што од претпријатието не знаат со колку точно велосипеди ќе ја почнат сезоната. Во минатата година скопјани имаа на располагање 250 обични велосипеди, кои можеа да ги изнајмат на повеќе пунктови […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2017 23:01
•
Posted by: MK News
По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан на разговор Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, информираат од МНР -На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2017 23:00
•
Posted by: MK News
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии на кои се гледа дека Специјалното јавно обвинителство почнува да врши притисок и врз него, но тој додава дека нема да го замолчат. -СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2017 22:50
•
Posted by: MK News
Жителите на Арачиново протестираат против исклучувањето на струја од страна на ЕВН, откако над 600 домови беа исклучени поради неплаќање на сметките за електрична енергија. Предводник на протестот е Скендер Алими, функционер на општинската организација на СДСМ во Арачиново, пишува весникот ВЕЧЕР. – Ако не ни ја приклучат струјата од понеделник ќе го блокираме целиот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2017 22:41
•
Posted by: MK News
Започнаа градежни активности за новиот луна-парк. На терен, работниците поставуваат ограда околу просторот на кој ќе се работи, а се демонтираат и старите реквизити кои се во употреба повеќе од 40 години. Екипи на фирмата „Жикол“ почна со подготвителните градежни активности и во моментот се формира градилиштето и се расчистува теренот за натамошните работи. Градските […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2017 22:30
•
Posted by: MK News
Неколку лица од три патнички возила синоќа во 23.35 минути пукале кон Ш.А и К.А, при што К.А. се здобил со прострелни рана во ногата. Настанот во полиција синоќа околу 23.35 часот го пријавил Ш.А. според кого на патот од Сарај кон село Љубин лице од село Грчец заедно со други лица со три патнички […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 21:55
•
Posted by: MK News
Кој ве демне на интернет? Одговорите ги има Анита Петровска Рајковиќ во најновото „Досие“. Македонката Сандра е осудена на 5 години затвор во Лондон поради интернет демнење и лажно пријавување. Полицијата вели над 100 пати лажно го пријавила за силување нејзиното поранешно момче. Нејзината мајка низ солзи тврди дека нејзината жерка е наместена и невина, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 21:31
•
Posted by: MK News
Во Скопје денеска се одржа 36-тиот протестен марш што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците на маршот од пред Владата се упатија кон седиштето на ЕУ со порака до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека „народот е тој кој одлучува“. Sitel.mk
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 21:27
•
Posted by: MK News
Мојот став останува непроменет- правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета влада е нестабилна влада со краток рок на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 21:23
•
Posted by: MK News
Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег. До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 14:34
•
Posted by: MK News
Ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се одржи на 4 мај, бидејќи денешното беше олложено. Одбраната на Заев побара да ги добие сите докази од предметот кои и покрај неколкуте барања, обвинителството не ги доставило. Адвокатот Филип Медарски истакна дека нивно законско право е да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2017 14:17
•
Posted by: MK News
Минатата година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 9 биле деца на возраст до 4 години. Една од нив е малата Ема Радевска чии живот згасна по сообраќајна несреќа која се случи во мај, минатата година, на улиците во скопската населба Лисиче. За Скопје инфо […]
______________________________________________________________________________________________________