11/03/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Јана Бурческа ја промовираше песната за Евровизија. Песната е насловена како „Dance alone“ и не се сомневаме дека ќе остане некој рамнодушен на овој модерен звук. Јана Бурческа ќе настапи на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија кое ќе се одржи во Киев, Украина од 9. до 13. мај. Бурческа настапува на 11-ти мај во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2017 15:08
•
Posted by: MK News
Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2017 15:01
•
Posted by: MK News
Следниот неработен ден за сите граѓани на Македонија е 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар. Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2017 година: За сите граѓани на РМ 1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден 7 јануари (сабота), […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2017 14:53
•
Posted by: MK News
Од октомври лани до февруари годинава на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце биле регистрирани 164 лица заболени од овчи сипаници. Според податоците од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошка служба при Центар за јавно здравје, Крива Паланка, бројот на регистрирани случаи со ова вирусно заболување сезонава е речиси неспоредлив со истиот период 2015/2016 година. – […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2017 14:44
•
Posted by: MK News
Дополнителните 30 милиони евра помош за санирање на последиците од бегалската криза во Западен Балкан, што ги одобри вчера Европската унија, треба да се користат за потребите за управување на границите и бранот мигранти, за обезбедување сместување и услуги за мигрантите и бегалците, како и за поддршка на локалните заедници. Од Европската комисија наведоа дека […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 21:45
•
Posted by: MK News
Ги има „на секој чекор“, многу лесно успеваат во Македонија, не треба многу грижа околу нив, има заинтересирани за откуп и можете одлично да заработите! Погодувате? Се работи за шипки! Оние кои се занимаваат со земјоделие велат дека шипинките се поисплатливи и од лешникот, бараат многу мало вложување, а носат одлични приноси. На површина од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 21:44
•
Posted by: MK News
Утре со почеток од 13 часот на Школка во Градскиот парк граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ќе одржи музички хепениннг. Како што е објавено на нивната ФБ страна, присутните ќе ги забавуваат популарниот Даниел Кајмаковски и групата Паркети.
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 21:43
•
Posted by: MK News
Македонскиот политичар, кардиолог како и доктор на медицински науки Сашко Кедев на социјалните мрежи даде целосна поддршка „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.“ Тој е еден од многумината јавни личности кои деновиве ја дадоа целосната поддршка за зачувување на нашата земја и нејзината унитатрниост Кедев во својот пост наведува: Не прифаќаме редефинирање на државата! Македонија-единствена, унитарна и суверена, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 21:42
•
Posted by: MK News
Постапувањето на СЈО во случајот ,,Труст“, ТВ НОВА го смета за директен атак врз нејзиното работење. Oчигледно е дека некому му смета успехот на овој медиум кој за само година и неколку месеци успеа да стане релевантен извор на информации и граѓаните го препознаа тоа. Симптоматично е тоа што СЈО, преку истраги и случаи за […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 18:45
•
Posted by: MK News
„Република“ од свои извори дознава дека меѓу СДСМ и ДУИ е договорено Талат Џафери да биде претседател на Собранието на РМ, односно дека во отсуство на Ѓорге Иванов државата ќе ја води Талат Џафери и тој ќе биде врховен командант на вооружените сили на РМ. Државата ќе ја води двојазично, бидејќи СДСМ дозволи да се […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 18:44
•
Posted by: MK News
Двојазичните банкноти и униформите ќе бидат уставни, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за Радио Слободна Европа по денешната прес-конференција на Зоран Заев. Лидерот на СДСМ рече дека тие би биле спротивни на уставните одредби, односно дека така сугерирале експертите кои ги консултирала неговата партија. – Ние сметаме дека се целосно во рамки […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 18:42
•
Posted by: MK News
Просечната цена на метар квадратен станбена површина лани изнесувала 43.091 денар, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во Скопје, просечната цена на метар квадратен била 50 829 денари што е за 3.9% помалку во споредба со 2015 година, додека во останатите населени места во државата […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 18:41
•
Posted by: MK News
Антонио Милошоски, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев да престане да ја потценува интелигенцијата на македонскиот граѓанин. – Вие сте човек со лабилно мислење, вие сте прочитана книга, аболициран криминалец и ако сте убеден дека платформата е негативна, тогаш отворено кажете дека ја отфрлате. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 18:38
•
Posted by: MK News
Без добиен мандат од претседателот Иванов и без потписи за Влада, Зоран Заев денеска на прес конференција ја претстави владината програма. Во програмата е законот за довојазичноста. Тврди парите и униформите на војската и полицијата ќе останат на мекедонски, но посочи дека за сите отворени прашања ќе има дебата, вклучително и за знамето, химната, државниот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 12:36
•
Posted by: MK News
Адвокатите на бизнисменот Сеад Кочан сè уште не го добиле решението со одлуката на Кривичниот совет да му биде одредена мерка притвор на еден од осомничените во случајот „Труст“ на СЈО. Никола Додевски, адвокатот на Кочан, изјави дека за притворот дознал од медиумите и дека сè додека одбраната не го добие решението, Кочан е слободен […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 12:34
•
Posted by: MK News
Зоран Заев си поигрува со националните и државните интереси, разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување, па поради тоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден се погласно и погласно, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Впрочем граѓаните кои го дадоа својот глас за наводниот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 12:26
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во петок од партиското седиште ќе се обрати до македонските граѓани, соопштуваат од СДСМ. Нема детали за што ќе говори претседателот на СДСМ. Изминатите денови Заев во неколку наврати го повика претседателот Иванов да му го довери мандатот за состав на влада, со цел Македонија да излезе од кризата. Гостувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2017 12:20
•
Posted by: MK News
Ние вчера на осми март имавме и дожд но ние на спласнавме борјот на градови исто така се зголемуваат сега сме 26 града, убеден сум дека се повеќе и повеќе ќе имаме народ на улиците и нема да престанеме додека не бидеме сигурни дека не сме загрозени од некој документ кој е направен од надвор, […]
______________________________________________________________________________________________________