Archive | Македонија RSS feed for this section

Заев: Ќе се вакцинирам со било која вакцина, за мене сите се во ред

Премиерот Заев денеска на прес-конференција по приемот на донацијата за вакцини од Србија истакна дека и тој се пријавил за вакцинација, па како што рече, кога ќе му дојде редот ќе се вакцинира со вакцината која во тој момент ќе биде на располагање. -Се пријавив за вакцинација, прво јас па и моето семејство. Која вакцина […]

______________________________________________________________________________________________________

Грција ја отвара границата на 14 мај, влез само со потврда за вакцинација или негативен тест

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на 14 мај Грција ќе ја отвори границата за влез на Македонски државјани, Утрово имал разговор со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис на кој ги договарале деталите за отворање на границата. „Ме извести дека двата гранични премина, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за […]

______________________________________________________________________________________________________

Две родилки починаа од коронавирус, едното бебе во критична состојба

Последното деноноќие две родилки починаа во болница како последица од Ковид-19. Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба, пишува Плусинфо. Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот […]

______________________________________________________________________________________________________

Регистриран случај на девојка со тромботичен ефект кој се поврзува со примена на вакцина од „Астра Зенека” во Србија

Кај нас е регистриран случај на девојка која има 28 години со таков тромботичен ефект кој се поврзува со примена една доза на вакцината „Астра Зенека” во Србија. Таа од вчера е на болничко лекување. Тромботичниот ефект се јавил шест до седум дена после вакцинацијата. Не се констатирани претходни заболувања, истакна денеска министерот за здравство […]

______________________________________________________________________________________________________

Од понеделник започнува вакцинација на вработени во критична државна инфраструктура

Национална техничка група за имунизација против Ковид 19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, информираат од Министерството за здравство. Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Нема потреба за нови построги мерки, вирусот е раширен во цела држава

Нема потреба од воведување нови построги мерки, односно тие не би дале резултат, оцениле епидемиолозите на утринската координација со министерот Венко Филипче. Според анализите на епидемилозите, со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран, нема потреба од нови мерки. Тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Од среда ќе се вакцинираат луѓето над 75 години

20.000 македонските граѓани постари од 75 години и попушувачите на пописот ќе се вакцинираат како приоритетни, од првите 24.000 дози на „Астра Зенека“ кои пристигнаа во земјава вчера. Вакцините денеска и утре ќе се дистрибуираат во сите градови, а во меѓувреме матичните лекари треба да ги известат своите пациентите кога им е терминот за вакцинација. […]

______________________________________________________________________________________________________

Пописот се одложува за септември, локалните избори за втората половина на октомври

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по хармоничната средба денеска во Клубот на пратеници, се договориле Пописот на населението и домаќинствата поради екот на пандемијата, од април да се одложи за септември. Дотогаш ќе си тече едидентирањето на нашите иселеници низ светот. Се согласивме дека откако процесот […]

______________________________________________________________________________________________________

Од полноќ се намалува цената на горивата

Цената на бензините од полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот на денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Докиќ: Треба да се практикува носење две маски на лицето

Потребно е за еден степен да се зголеми заштитата од коронавирусот, бидејќи новиот сој забрзано се шири и луѓето можат многу полесно да се заразат, рече директорот на Клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ. – Новиот сој на коронавирусот се шири полесно оти има мутација на протеинот. Ова настанува кај неколку мутации и постојат повеќе агресивни […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Вакцинираните во Србија втората доза ќе може да ја примат во Македонија

Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија министерот за здравство Венко Филипче изјави дека граѓаните кои се вакцинирале во Србија, ќе можат втората доза да ја примат во Македонија. „Јас веќе утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видиме дали можеме да ги добиеме податоците електронски за да ги вградиме во […]

______________________________________________________________________________________________________

Табла „Republika e Shqiperisë“ и албанско знаме во библиотеката во Центарот за култура во Кичево

Табла „Republika e Shqiperisë” е поставена во библиотеката во НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. На таблата има натпис само на албански јазик со знамето на Албанија. Реакција има од вработените во Центарот за култура „Кочо Рацин“, но и од посетителите кои сметаат дека станува збор за провокација и кршење на законите, бидејќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Русковска: Акцијата во Грчец е пробиена, петте главни во бегство, луксузните возила и дрогата сокриени

Акцијата во село Грчец е пробиена, рече на денешната прес конференција шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Како што кажа таа теренот бил исчистен, а пронајдени се пари и нешто повеќе од половина килограм кокаин. „Во претресите одземени се над 80.000 евра, а за пронајдената дрога сѐ уште не се готови […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски државјани ќе се вакцинираат со АстраЗенека викендов во Србија

На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се имаат пријавено преку системот е-Управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Како што јави дописникот на МИА од Белград, викендов на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на огромно мнозинство македонски државјани. Според информациите од […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Има предност што сме земја каде каснат вакцините, можевме да ги согледаме предностите и слабостите

На новинарско прашање денеска во Делчево дали премиерот Зоран Заев очекува отпор за вакцинирање со вакцината на АстраЗенека која пристигнува во недела, Заев кажа дека очекува масовно прифаќање на вакцините во државата. Јас очекувам масовно прифаќање на вакцините во Република Северна Македонија. Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините, земјите членки на […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови рестриктивни мерки нема да има

Нови рестриктивни мерки нема да има, потврдија за Сител од Министерство за здравство. На состанокот на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната состојба со епидемиолошката слика во земјава каде Комисијата заклучи дека нема потреба од дополнитени рестриктивни мерки во земјата. На сила останува мерката полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае […]

______________________________________________________________________________________________________

До сабота утринските температури под нулата, дневните во пораст

Стабилно време се очекува во наредните денови со значително ниски утрински температури, но дневни кои ќе бидат во пораст. Од УХМР информираат дека до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: На 28 март ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави дека во недела, на 28 март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „Астра Зенека“ преку Ковакс системот. -Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1