12/01/2017 16:57
•
Posted by: MK News
Поради дефект (губење на вода) во дел од толинската мрежа прекината е испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во централното градско подрачје и делови од општина Карпош. Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енеџи веќе се на терен и интензивно работат на санација на дефектот и воспоставување на режим на редовна испорака на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2017 12:29
•
Posted by: MK News
Најдоцна до 25 овој месец фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година. Издавањето на збирната пресметка е законска обврска врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава. Управата за јавни приходи […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2017 12:26
•
Posted by: MK News
Осумдесетгодишната Милка Климкарова од месноста Дворови во центарот на Велес била спасена од премрзнување во нејзиниот студен дом. Старицата веднаш била однесена во Велешката општа болница на Интерното одделение, со премрзнатини на нозете и прегладнета. Како што соопшти општина Велес, кои ја спасиле старицата, Милка живеела сама во својот дом, иако имала внуци кои повремено […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2017 12:10
•
Posted by: MK News
Во текот на оваа недела регистрирани се два смртни случаи поврзани со грип. Се работи за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и од Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје за последнава […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2017 11:49
•
Posted by: MK News
Заменик на генералниот директор на Друштвото за осигурување „АЛБСИГ“ од Скопје е осомничен за „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл.380 ст.1 в.в со чл.45 од Кривичниот Законик откако против него Основното јавно обвинителство од Скопје поднело казнен налог. Според документот кој до нас го достави читател веќе против него е поднесен предлог за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2017 11:30
•
Posted by: MK News
По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце. Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2017 21:51
•
Posted by: MK News
За Македонците со бугарски пасоши од Бугарија почнаа да стигаат казни високи и до илјада лева. Казнети се затоа што во мај лани гласале на европските избори во бугарските конзуларни претставништва во Македонија, а немале право, пренесува „Телма“. Најмногу постапки според бугарските медиуми се водат во пограничните градови Благоевград и Ќустендил каде што се домашните […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2017 20:32
•
Posted by: MK News
Дел од Охридското Езеро поради ниските температури замрзна, а охриѓанец сними како тоа излгледа под вода.
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2017 20:28
•
Posted by: MK News
Прогнозата за до крајот на јануари вели дека сепак студот ќе попушти и дека пред нас се потопли денови. Од идната недела, температурите ќе се качуваат до минус 1 а минималните нема да одат под минус 9. Во последната недела од јануари, дневните температури ќе биде постојано во позитива а минималните утрински температури нема да […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2017 20:22
•
Posted by: MK News
Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година, наведува министерот Попоски во реакцијата до неговиот албански колега Дитмир Бушати, кој коментирајќи ги внатрешните случувања во Македонија, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2017 11:33
•
Posted by: MK News
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во вторникот во интервју за ТВ 21 порача дека во однос на формирањето на новата влада и улогата на неговата партија во ова, можни се сите опции, при што не исклучува нити одржување на нови избори. „Пред да почнат преговори со ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде завршена […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2017 11:26
•
Posted by: MK News
Најниска температура од -22 степена е измерена во Битола, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово и Маврово се измерени -20, -19 во Лазарополе, -18 во Скопје (мерна станица Петровец), -17 во Пожаране и Прилеп, -16 во Берово и Ѓуриште, -15 во Дебар, Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и во Крушево, -14 во Штип, Крива […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2017 20:39
•
Posted by: MK News
Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе овозможи лековите „клексан“ и „фраксипарин“, антикоагуланси кои се на болничка листа и редовно се рефундираат, да бидат на рецепт, тримесечна терапија за хроничните болни лица и локатор на најблиска аптека и здравствени установи кои имаат склучено Договор со Фондот. Ова се проектите од фармацевтската дејност кои денеска на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2017 20:31
•
Posted by: MK News
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар и Кочани-Делчево-граничен премин Делчево. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2017 17:24
•
Posted by: MK News
Снимката е направена утрово на излезот од Скопје. Невнимателноста на овој возач можело да предизвика многу посериозни последици. Еве како не треба да се вози во вакви услови за сообраќај.
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2017 17:19
•
Posted by: MK News
Со реконструкцијата на внатрешноста на старата градска болница „Свети Наум Охридски“ во која повеќе од 80 години ништо не е променето ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров при увидот на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година. – Имаме комплетна темелна […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2017 17:13
•
Posted by: MK News
Против општините досега нема ниту една тужба за неисчистени тротоари и улици и покрај тоа што над 160 граѓани се со скршеници на колкови, рачни и зглобови на нозете само во Скопје, пишува порталот Сакам Да Кажам. „Луѓето повеќе се научени да трпат отколку да бараат правда. Мислат дека ова со смрзнатите тротоари и улици […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2017 17:11
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ 21 потврди дека ќе преговара за формирање на нова влада со победничката, односно со партијата која има освоено најмногу мандати на изборите. Но во исто време Ахмети и негира дека досега имало било какви официјални средби помеѓу него и Груевски, или пак средби на ниво на работни групи. […]
______________________________________________________________________________________________________