25/11/2016 21:30
•
Posted by: MK News
Отворање најмалку 500 директни и уште толку индиректни вработувања ќе овозможи рудникот Иловица што наредната година треба да почне со работа. Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на средбата со граѓаните на општина Босилово, на која вети и реконструкција на локалните и магистралните патишта во општината, изградба на магистрален гасовод од Штип до […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 21:26
•
Posted by: MK News
Демократската унија за интеграција смета дека сега е вистинскиот момент за заокружување на прашањето за двојазична Македонија. „Направен е голем напредок во насока на официјализацијата и употребата на албанскиот јазик во сите институции. Ние мислиме дека поради тој напредок, сега се исполнети условите за заокружување на мисијата за создавање на двојазична Македонија“, изјави портпаролот на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 21:23
•
Posted by: MK News
Носителот на листата кандидати за пратеници во ИЕ 1, Стево Пендаровски, во петок рече дека на годишно ниво во изминатите фискални години по основ на глоби, власта проектираше да зема од сопствените граѓани, и земаше од 65 до 85 милиони евра и дека таа политика по 11 декември ќе престане и ќе биде заменета со […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 21:21
•
Posted by: MK News
Груевски може да измислува анкети колку сака! Ништо не му помага, овој народ е желен за живот и слобода, изјави во петок пред граѓаните на Виница, претседателот на СДСМ Зоран Заев. Заев ја побара поддршката од граѓаните за Планот за живот за младите да останат во Македонија. Тој рече дека по седум основи парите ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 21:20
•
Posted by: MK News
Во новата програма што ја предвидуваме, политичката партија ВМРО ДПМНЕ излегува реално пред граѓаните и ветува она што може да го исполни, а тоа е, нови проекти, и многу подобар живот за граѓаните на Република Македонија, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Тој потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ станува симбол за Македонија, отсекогаш бил […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 21:16
•
Posted by: MK News
Изјавите на Зев дека сме националисти се неосновани. Платите и пензиите се покачени за сите, а субвенциите и мерките за подобар живот важат за секого, истакна меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на листа во ИЕ 4, во своето обраќање од митингот во Валандово. -Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 15:27
•
Posted by: MK News
Британската телевизија „Канал 4“ испрати своја екипа во Велес за да ги најде младите велешани што на своите интернет-портали пласираа лажни информации во корист на Доналд Трамп. Светските медиуми пренесоа дека токму овие портали со лажни вести многу придонеле да се оцрни Хилари Клинтон и да се смени мислењето на американските гласачи. Новинарот на британската […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 14:55
•
Posted by: MK News
За време на викендот времето ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалуваат. Од утре попладне од запад се очекуваат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата и ќе продолжат и во недела претпладне. Од понеделник, под влијание на влажна и студена […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2016 14:52
•
Posted by: MK News
Жители од село Горно Седларце денеска во 13 часот го блокираа сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица-Тетово кон Гостивар. Учесниците во блокадата бараат да бидат ослободени од плаќање патарина, бидејќи, како што велат, живеат на само 3,5 километри од автопатот, споредниот пат не е асфалтиран, а другиот пат за пристап им е осум километри. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 22:43
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска излезе со информација за преземените мерки по претходно примена најава за сомнителен предмет во авионот „Туркиш ерлајнс“ кој синоќа требаше да лета на релација Скопје – Истанбул со кој требаше да патува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов и други членови на македонска делегација. Во 20:55 часот синоќа претставник на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 22:41
•
Posted by: MK News
Претставништво на „Туркиш ерлајнс“ во Македонија во денешното соопштение до медиумите им се извинува на патниците поради вчерашниот неочекуван настан и доцнењето на летот Скопје – Истанбул. Од „Туркиш ерлајнс“ потенцираат дека исклучително внимаваат на безбедноста и задоволството на патниците. – Поради пронајдениот мобилен телефон, чиј сопственик не е познат, спроведени беа стандардните безбедносни процедури, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 22:38
•
Posted by: MK News
Јас сум Македонец, сакам да им порачам на сите Албанци, секој Албанец кој својата иднина ја планира во оваа држава со овие граници, во унитарна Македонија, ме има за сојузник и мене и ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција со нас, рече на митингот во скопски Карпош лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. -Ние се грижиме за сите […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 22:36
•
Posted by: MK News
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев пред членови на партијата и симпатизери на коалицијата предводена од СДСМ во ценатрот за култура АСНОМ презентираше дел од предизборната програма „За живот во Македонија“ која, како што рече, е базирана на концептот за враќање на парите на граѓаните. – Македонија ќе влезе во историјата на човештвото […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 14:06
•
Posted by: MK News
Изградба на 78 спорски сали и 140 реконструкции на училишта се дел од програмата на владеачката партија за престојните избори. Спиро Ристовски од тетовско истакна дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага со проекти за подобрување на животот во полошкиот регион. -Со новата програма планираме нови 78 спортски сали, нови 140 реконструкции на училишта […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 14:05
•
Posted by: MK News
Од понеделник подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник, пак, како што соопшти УХМР, ќе биде многу студено и ветровито со провејување […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 12:43
•
Posted by: MK News
Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и ависообраќајот функционира нормално, по вчерашното одложување на летот на „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул, соопшти ТАВ Македонија. – Во текот на редовната безбедносна проверка на авионот за вчерашниот (23 ноември) вечерен лет кон Истанбул беше пронајден оставен мобилен телефон. Поради безбедносните правила на авиокомпанијата и одлуката на капетанот, леталото се […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2016 12:42
•
Posted by: MK News
Авионот на „Туркиш ерлајнс” кој поради пронајден електричен уред во багаж на еден од патниците вчера беше привремено на аеродромот „Александар Велики” во Скопје. По извршените безбедносни проверки авионот синоќа во 22,56 часот полета за Истанбул, откако претходно било утврдено дека не станувало збор за експлозивна направа, туку за мобилен телефон. Во авионот требаше да […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2016 23:38
•
Posted by: MK News
Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој поради безбедносна проверка привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, вечерва во 22:56 часот полета за Истанбул. Во авионот требаше да патува и делегација предводена од Ѓорге Иванов во која беше и министерот Бил Павлески. Од кабинетот на шефот на државата велат дека поради безбедносните процедури, Иванов и […]
______________________________________________________________________________________________________