Archive | Македонија RSS feed for this section

Приватните автобуси ќе возат за 25 денари до Нова година

Градот Скопје повторно го одложи почетокот на интегрираната електронска наплата на возни билети во јавниот градски превоз. По барање на приватните автобуски превозници, градскиот совет одлучи електронската наплата за превозниците од „Макекпрес“ и „Слобода превоз“ да важи од 1 јануари 2017 година. За разлика од нив, ЈСП-Скопје од 1 септември годинава целосно ќе ги укине […]

______________________________________________________________________________________________________

Се зголемува бројот на блокирани сметки

Бројот на фирми и граѓани со блокирани сметки достигнал 120.533 – од нив 77.035 се физички лица, а 43.498 се правни лица, покажуваат најновите податоци на Народната банка кои се однесуваат на март годинава. Вкупниот број на блокирани сметки за една година се зголемил за 3240 трансакциски сметки.

______________________________________________________________________________________________________

Иванов на покана на Ердоган, денеска во Турција

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Предвидено е Иванов во Истанбул да оствари средба со Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим“.

______________________________________________________________________________________________________

Сакате да бидете градоначалник: ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за локалните избори 2017

Водејќи се од принципот на транспатентност и отчетност, ВМРО-ДПМНЕ денес преку дневните весници објави јавен повик за кандидирање на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во 2017 година. Кандидатурите ќе може да се поднесуваат најдоцна до 20 септември. Повикот се однесува на сите 84 општини во државата. Во истиот е наведено […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Преподобен Максим Исповедник

Во свое време свети Максим беше речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата од итрата ерес на монотелитите. Од таа причина беше прогонет во Скитија, во тврдината Схимарис, каде што се упокои на денешен ден во 662 година. Преподобен Максим се слави на 21 јануари (стар календар), а денес се […]

______________________________________________________________________________________________________

Првпат во 20 години – Месојадно растение пронајдено во Преспанско Езеро

Ретко месојадно растение било најдено во Преспанско Езеро за време на редовна набљудувачка сесија, соопштила Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), пишува Екологист.мк Станува збор за водно растение со латинско име Aldrovanda vesiculosa, кое од Меѓународната унија го нарекуваат и растение воденица (waterwheel plant) поради неговата форма. Ова е првпат по 20 години ваков […]

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатни геодетски елаборати за граѓаните во поплавените подрачја

Владата на Република Македонија во пакет мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување на бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект и ја задолжи Агенцијата за катастар на недвижности во рок од 7 дена да изготви Акционен план за спроведување на оваа мерка. […]

______________________________________________________________________________________________________

Намален бројот на родени, умрени и венчани

Во второто тримесечје од 2016 година во Македонија се евидентирани 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалу од истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.maticn Намалување од 1,6 отсто е забалежано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња. Природниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Милениумскиот крст удриле над 100 грома за време на невремето

Милениумскиот крст прифатил над 100 громови во текот на невремето. Громобранската заштита на крстот е дизајнирана така што може да прими од 2 до 3.000 удари од гром, истакнуваат од ЈСП Скопје, кои стопанисуваат со Милениумскиот крст. Громобраните на крстот од удари на гром го штитат и просторот околу него во радиус од стотина метри, […]

______________________________________________________________________________________________________

Коцијас на средби со македонскиот политички врв

На покана на заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски во четврток во работна посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас. Во рамки на посетата, министрите ќе одржат билатерална средба на која ќе се разговара за напредокот од имплементацијата на мерките за […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Италија

Министерството за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во силниот земјотерсот што го погоди централниот дел на Италијанската Република. Воедно, МНР известува дека Македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани. – За сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Мозаиците на Хераклеа оштетени

Странски експeрти направија проценка дека се оштетени мозациите во Хераклеа Линкестис . Тоа се утврде со ендоскопско снимање на мозаичните површини. Предупридија на алармантност на состојбата и таа состојба е дел од след на околности, кои што со тек на време се случуваат, вели првиот човек на Завод и Музеј во Битола. Причината за оштетувањата […]

______________________________________________________________________________________________________

Данче Азманова победник на ораторската вечер организирана од Претседателот Иванов

Данче Азманова е годинашната победничка на ораторската вечер на Школата за Млади лидери која е иницијатива на Претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов. Вкупно 9 учесници на седмата по ред Школа за млади лидери беа дел од Ораторската вечер, што се одржа во Охрид, a Претседателот Иванов, денес лично ја додели пофалницата на Азманова. Школата […]

______________________________________________________________________________________________________

Без вода дел од булеварот „Асном“

Дел од корисниците на булеварот „Асном“  од 09:30 до 15 часот ќе немаат вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“. Прекинот, како што истакнува РЦУК, е поради промена на затварачи на булеварот „Асном“ бр. 38.

______________________________________________________________________________________________________

Временска прогноза за следниве денови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема Богородица- неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Празникот Успение на Пресвета Богородица е неработен ден. -Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2016 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК едногласно го усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 49. седница го разгледа и едногласно гo усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи. До ДИК во рокот за пријавување од 26 јули до 19 август 2016 година пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава се прифатени. Вкупно 3.620 пријави биле лично доставени до ДИК, а 5.302 се […]

______________________________________________________________________________________________________

Чудо во црквата во Сингелиќ- најлон го спасил крстот стар 100 години од поплавата

Во црквата Св. Ѓорѓија во скопско Сингелиќ не можат да се изначудат како се нашол најлон од 40 метри врз малиот трошен крст стар над 100 години, кој успеал да го спаси да не го однесе поплавата на 6 август. -Божје чудо, вели отец Драган Димишков за МИА. – Овој крст е посветен на Свети […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1