Archive | Македонија RSS feed for this section

НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ ПОВРЕДЕНИ ИЛИ ИСЧЕЗНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

Нема информации за повредени или исчезнати граѓани на територијата на Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи. Но, како што велат, има голем број повици од граѓаните кои информираат за заглавени авромобили и поплавени домови. Најмногу поплавени има во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба каде што водата од улиците се прелеала преку […]

______________________________________________________________________________________________________

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Жена настрада во скопското невреме

Невремето ја зема првата жртва, вечерва пренесе ТВ Сител. Според фотографијата која цикрулира на социјалните мрежи, жена се удавила во водите на Смилковското езеро за време на невремето кое го зафати Скопје и околината. Очевидците тврделе дека телото на жената е најдено покрај брегот на езерото а сомневањата се дека со неа вечерта биле и […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов ја активираше АРМ да помогне во справување со поплавите од невремето

По повод невремето што ја зафати Република Македонија и особено скопскиот регион, Претседателот на РМ и врховен командант Ѓорге Иванов ја задолжи армијата на РМ да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето. Одговорни лица од АРМ во координација со формираните кризни штабови […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасов: Сите служби се на терен, на граѓаните им се пружа максимална поддршка и помош

Владата на Република Македонија заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ, екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето. Ова вечера го истакна министерот за труд и […]

______________________________________________________________________________________________________

СНИМКИ НА ТВ НОВА: Луѓе до колена во вода, реки низ скопските улици- надлежните реагираат (ВИДЕО)

Луѓе до колена во вода, реки низ скопските улици. Тв Нова ја пренесува сликата од главниот град. Видеото е направено пред еден час.

______________________________________________________________________________________________________

Реки вода меѓу куќите – поплави по невремето (видео)

Реки вода течат помеѓу куќите, поплавени објекти. Хаос и поплави по невремето Видео – Агон.И – Ulica klinska less

______________________________________________________________________________________________________

Громови околу кулите Џеваир (ФОТО)

Неколку аматерски фотографии од невремето во Скопје од нашиот пријател Игор Петрушевски. Фотографирано од Ново Лисиче во правец кон кулите Џеваир, објави Метеопро.

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Најмногу дожд во Скопската котлина, нестабилно и во текот на ноќта

Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи. – Попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во западните и северозападните делови од земјава предизвика нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со поинтензивен пороен […]

______________________________________________________________________________________________________

Информација за настаната природна непогода

Сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје во моментов интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања по невремето кое го зафати градот и се уште трае, информираат од Град Скопје. Воедно, апелираат до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила […]

______________________________________________________________________________________________________

Над 800 молњи и громови во Скопје

Ова попладне скопскиот региион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје) објави „Метеопро“. Невремето е пропратено со силен ветер, интензивен дожд кој непрекинато врне веќе околу 1 час. […]

______________________________________________________________________________________________________

Невремето се движи кон Куманово

Дел од облачната маса се преместува и се движи кон кумановско. Еден помал дел се одвојува преку Катланово кон Велешко, информираат од УХМР. Невремето кое го зафати Скопје се намалува, а масата се движи кон Куманово. Облачната маса се преместува кон кумановско со пороен дож и грмежи. Иако се намалуваат условите за големо невреме во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Поплавени автомобили кај булеварот Србија

Невреме со пороен дожд, силен ветар и грмотевици попладнево го зафати Скопје и остави неколку делови од градот без електрична енергија, интернет и телевизија. Во меѓувреме на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од локации каде што сообраќајот е во прекин: 1. Населба Автокоманда, во близина на хотелот Континентал 2. Улица Рилски Конгрес, населба Водно […]

______________________________________________________________________________________________________

СВЛЕЧИШТЕ ВО АЕРОДРОМ: Дождот урна паркинг, улица, пукнаа водоводни цевки (ВИДЕО)

Паркинг и улица во изградба се урнаа во јама ископана за изградба на нова зграда во скопската населба Аеродром вечерва. Поради невремето улицата која е во изградба и поминува паралелно со булеварот „Трета македонска бригада“ се наполни со вода, по што за кратко време водата почна да претекува во ископината на градилиштето.

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје апелира Скопјани да останат дома додека не престане невремето

Град Скопје апелира Скопјани да останат дома додека не престане невремето Град Скопје апелира до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот Во моментов Скопје е погодено од невреме, проследено од обилни врнежи на дожд […]

______________________________________________________________________________________________________

Временска прогноза: Еве до кога ќе трае невремето во Скопје

Според метеоролошките извештаи на Weather.com и AccuWeather.com невреме во Скопје ќе има и во текот на ноќта. Се очекува повторно грмотевици и силно невреме и околу 9 часот и околу полноќ. Според Weather.com врнежите од дожд во главниот град се очекуваат да запрат во 22:45 часот.

______________________________________________________________________________________________________

Поради невремето отсечен патот меѓу тетовските села Бродец и Шипковица

На територијата на Македонија, особено во Скопје и во околината на Тетово попладнето се случи големо невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици. Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен информира дека зафатени беа селото Бродец и село Шипковица. Патот меѓу двете села е отсечен во должина од 200 […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Пештани, има загинати

Тешка сообраќајка се случила во близина на селото Пештани. Според првите неофицијални инфроамции во сообраќајката учествувало патничко моторно возило и мотоцикл – пренесува порталот Охрид1 Како што пренесува порталот, според неофицијални информации, има и загинати и повредени . Сообраќајот е во целосен прекин, а долга колона возила се направила од влезот во Пештани кон Трпејца. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Се споија небо и земја – невреме во Скопје

Силни грмотевици, силен ветар и многу дожд. Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Според информации има и откорнати дрвја.  

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1