22/09/2016 21:06
•
Posted by: MK News
„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“, се вели во изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2016 21:01
•
Posted by: MK News
Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија освен во североисточниот и северозападниот дел каде не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони. Во октомври не очекуваат просечни температури 10-14°C, но постои голема веројатност дека во врнежите на целата територија на Републиката ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количини на врнежи […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2016 20:54
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство – Гостивар, информира дека стручен тим составен од археолози, антрополози и спелеолози, денеска ги подигна сите човечки остатоци од пештерата помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река. Од оваа пештера позната под името „Череп“, во првото собирање на почетокот на септември, беа подигнати околу 19, а денеска во продолжението на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2016 14:28
•
Posted by: MK News
Полициски специјалци денеска може да се забележат на сите поголеми сообраќајници во Скопје. Од МВР велат дека затворените сообраќајници, сообраќајниот метеж и засиленото присуство на полициски специјалци се должи на рочиштето во предметот „Диво насеље“ каде полицијата го обезбедува транспортот на обвинетите до Судот.
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2016 14:19
•
Posted by: MK News
Папата Франциск донирал 50.000 евра за настраданите во поплавите што на 6 август го зафати Скопско истовремено и за штетите предизвикани од земјотресот на 11 септември, објави интернет порталот „Katolici.mk“ -На 22 септември 2016 година Апостолската нунцијатура во Македонија го извести Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов, дека Папскиот совет „Cor […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2016 17:06
•
Posted by: MK News
Земјотрес со јачина од 2.1 степен според Рихтеровата скала попладнево повторно ја стресе Македонија.Според податоците земјотресот е регистриран во околината на Карбинци во 12:57 часот.
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2016 16:12
•
Posted by: MK News
Пред два дена, младата скопјанка С.В. (30) тргнала на пат од Кратово за Скопје, но она што претстоело таа ниту најмалку ниту го очекувала, ниту го претчувствувала. Само за момент, сите тековни планови паднале во вода, а нејзиниот живот бил во голема опасност, пишува Tочка. – Сабајлето тргнав накај Скопје, возев по автопат и на Страцин […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2016 15:45
•
Posted by: MK News
Метеоролозите најавуваат променливо облачно време со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните од 18 до 24 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Температурата од 11 до 22 степени. Потоа од четврток ќе преовладува сончево време со […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2016 14:24
•
Posted by: MK News
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 22:33
•
Posted by: MK News
Трет земјотрес од 2,7 степени беше почувствуван денеска во Македонија во 19.37 минути. Епицентарот на земјотресот е на 10 киломeтри од Карбинци. Претходно, во 15.57 часот е регистриран земјотрес во Скопје и околината, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот беше 2,4 степени според Рихтеровата, скала и е значајно посилен првиот кој се […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 19:56
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи преку соопштение испратено до јавноста информира дека досега не е пријавен ниту еден случај за грабнување или обид за грабнување на деца во Скопје. -Во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 19:32
•
Posted by: MK News
Класичен рекет и одлука андвор од законот- вака медиумите го оценуваат едностраното решениое на ЗАПМ со кое се забранува емитувањето макеоднска музика. Изненадување и незадоволство од оваа одлука денеска искажаа и голем број автори чии песни од сега нема да нможе да стасаат до слушателите. ЗАМП вчера извести дека од денеска целоснос е забранува емитувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 19:20
•
Posted by: MK News
Девојче од Битола е брутално силувано во својата куќа, а мајката на првите соседи за силување на нејзината ќерка наплатувала од 500 до 1.000 денари, пренесува Вест.мк. Жена од Битола, чие име не е соопштено, ја продавала својата 11- годишна ќерка на соседите, а додека тие ја силувале, мајката на ќерката и ги врзувала очите […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 19:14
•
Posted by: MK News
СВР Тетово поднесе кривична пријава за И.С. (35) од с. Вешала – Тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена. Пријавениот во текот на 2016 година со цел да се здобие со противправна имотна корист ја уценувал оштетената Л.А. (21) од Тетово, со која бил во љубовна врска, дека преку социјалните мрежи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 17:32
•
Posted by: MK News
Граѓаните кои се вселиле во државните станови до 13 август 2009 година имаат право на нивен откуп или закуп. Ова е решението откако Министерството за транспорт и врски ги разгледа барањата кои корисниците на државни станови ги испратија до крајот на март минатата година. Оние кои не го оствариле правото за откуп на станови бидејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 17:15
•
Posted by: MK News
Загрижен „Свиркач“ од фактот дека јавноста не ја добила вистинската слика од интервјуто со Катица Јанева, го достави севкупниот снимен материјал до Република, за да може јавноста вистински да се увери во непрофесионалноста на Аргирова, ексклузивно објави порталот. -Целиот материјал од снименото интервју, без никакви монтажи и корекции до нашата редакција го достави анонимен извор […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 17:05
•
Posted by: MK News
Во 15:57 регистриран нов земјотрес во Скопје. Потресот е почувствуван во централното градско подрачје и периферијата.Според сајтот на ЕМСЦ, земјотресот е со јачина од 2,4 степени според Рихтер, со епицентар 5 километри од Црешево.
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2016 13:07
•
Posted by: MK News
Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во Охрид, кај болницата „Св. Еразмо“. Неофицијално починатиот бил татко на еден од возачите што учествувал во сообраќајката, а починал од срцев удар. Според првичните информации, Брзата помош интервенирала со три возила со кои ги превезувала настраданите, а во меѓувреме во колоната возила се […]
______________________________________________________________________________________________________