Archive | Македонија RSS feed for this section

Викендот сончев и топол, од вторник дождови

За време на викендот и в понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот од кој се очекува да наврне поголема количина на воден талог и ќе има значително намалување на температурата

______________________________________________________________________________________________________

Излажан Македонец дал пари на лажниот Сергеј Трифуновиќ

Македонски државјанин бил голем обожавател на популарниот актер, а лажниот Сергеј Трифуновиќ го излажал за 2.500 евра. Излажаниот Македонец, покрај тоа што му дал пари за поддршка на Фондацијата, дал средства и за „операција на неговиот татко“, пренесува српски Блиц. Филип Јуришиќ од Шабац, кој пред два дена е уапсен поради сомнение дека ги мамел […]

______________________________________________________________________________________________________

Четврток, следен неработен ден

Министерството за труд и социјална политика информира дека четврток, 8 Септември 2016 година е неработен ден за граѓаните на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

______________________________________________________________________________________________________

Продолжен рокот за пријавување штета од поплавите – еве до кога е новиот рок

На барање на граѓаните, а со цел да се обезбедат можности за пријавување на штетата за сите лица кои претрпеа штета од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, Владата одлучи да го продолжи крајниот рок за пријавување на штетите, се вели во соопштението на Владата на Република Македонија. Од таму информираат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието ја почна расправата за избор на преодна влада

Собранието на Република Македонија попладнево ја почна расправата за избор на преодната влада која треба треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 11 декември. На почетокот на седницата беа констатирани оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Андонов и на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Согласно договорот постигнат во средбата меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако не почнеме преговори со ЕУ, пак ќе имаме криза

ЕУ со нетрпение очекува да се надмине долгорочната политичка криза преку договорот од Пржино посредуван од ЕУ и САД и прифатен од главните политички партии, со јасни насоки во тој правец за одговорност и ставање на прво место на интересите на земјата. Тие насоки се клучни не само за имплементација на овој договор, туку и […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Св. пророк Самуил: Една работа никако не смеете да ја направите

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 август. Денеска е Св. пророк Самуил. Свети пророк Самуил e петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Новите банкноти од 200 и од 2.000 денари ќе ги сефтосаме за неколку месеци

Македонските граѓани ќе можат да пазаруваат со новите банкноти од 200 и од 2.000 денари на крајот од годинава или на почетокот на наредната. Парите ги печати англиската печатарска компанија „Де Ла Руе“. Планирано е да се произведат по 10 милиони банкноти од секој апоен. Тие требаше да почнат да се користат веќе во јануари 2015 годинава, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка Тереза во недела ќе биде прогласена за светица

Мајка Тереза, добитничката на Нобеловата награда за мир и една од највлијателните жени на католичката црква, в недела, 19 години по смртта, ќе биде прогласена за светица. Македонија во последните неколку години оддава значително внимание на ликот и делото на Мајка Тереза како лик кој обединува и се направија многу чекори за нејзина популаризација. Прогласувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Оливер Андонов е нов министер за внатрешни работи

Собранието на РМ го избра Оливер Андонов е нов министер за внатрешни работи. Во салата беа присутни 105 пратеници од кои 65 гласаа „за“, а никој не гласаше против. Тој веќе ја положи заклетвата во Собранието. Оливер Андонов е новиот министер за внатрешни работи, кој доаѓа на местото на Митко Чавков кој денеска поднесе оставка. […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ вечерва расправа за изборите и за техничката влада

Во седиштето на СДСМ, седница на Централниот одбор на партијата на која  се дискутира за вчерашниот договор за избори на 11 декември и за решенијата за министри и дополнителни заменици во техничката влада кои треба да бидат избрани утре. Неофицијално, на позициите ќе се вратат Оливер Спасовски, како министер за внатрешни работи, Фросина Ременски како […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитриев: Андонов е човек со кредибилитет и максимално професионално ќе ја извршува функцијата

Премиерот Емил Димитриев, го предложи Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. Во својот говор пред пратениците образложи зошто Андонов е предложен за оваа функција. Се работи за поранешен припадник на АРМ, МВР, а во делот на науката, подвлече Димитриев, се има посветено на областа од безбедноста. -Професор на воената академија како и професор […]

______________________________________________________________________________________________________

Следете во живо: Еве кои делови од Македонија се зафатени од невремето

Во моментов знaчителна нестабилност со поројни врнежи и грмежи има во околината на Кичево, особено во правец кон Охрид, источно од Гостивар, во Делчево, како и на Караџица. Во скоро време со поинтензивен пороен дожд и грмежи ќе биде зафатен и Прилеп, нестабилноста се приближува од југ. Доцна попладне се очекува невремето да дојде и во Скопје. […]

______________________________________________________________________________________________________

Софија стана прваче, Груевски ја испрати ќерката на првиот училишен ден (ФОТО)

Шестгодишната Софија Груевска денеска тргна во прво одделение. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и неговата сопруга Боркица ја испратија помладата ќерка на првиот училишен час во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје. Тие заедно ја проследија претставата за добредојде на првачињата. Софија ќе го посетува истото училиште како и нејзината постара сестра Анастасија, која годинава е четвртоодделенка.

______________________________________________________________________________________________________

Возбуда, џагор и многууу надеж – првото ѕвонче за 21.213 првачиња (Видео)

Над 21 илјада првачиња се запишаа во прво одделение. Новата учебна година ќе за почнат околу 270,000 ученици, од кои 188.000 основци а 88.000 средношколци. За првачињата ова не е конечната бројка бидејќи уписите ќе траат и во текот на септември месец. Наставниците и педагозите велат дека улогата на родителот е клучна за детето да […]

______________________________________________________________________________________________________

Оливер Андонов предлог за министер во МВР, Чавков нов директор на БЈБ, Владимир Атанасовски нов директор на УБК

Митко Чавков министерот за внатрешни работи поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог за нов министер за внатрешни работи, потврди за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. – Може да потврдам дека министерот Митко Чавков предмалку поднесе оставка на позицијата министер за внатрешни работи. Премиерот Димитриев ја прифати оставката на Чавков и согласно законските прописи ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Попладне пороен дожд и ретки грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места во попладневните часови особено, ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно засилен ветер и појава на град. Претежно нестабилно ќе биде на југот од земјата. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен. Во Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Техничката влада ќе биде избрана утре, изборната кампања почнува на 20 ноември

Лидерите на 4-те најголеми политички партии вчера потпишаа договор- избори ќе бидат одржани на 11 декември. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претходно изјави дека се што ќе биде предложено ќе биде прифатено, со цел да не се даде простор на СДСМ повторно да ги пролонгира изборите и кончено да се стави крај на кризата. Техничката […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1