Archive | Македонија RSS feed for this section

Земјотрес ноќеска ја здрма Македонија

Ноќеска 20 минути по полноќ во Дебар и околината е почувствуван земјотрес, кој бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот кој ги вознемирил жителите на градот и околните села, бил во пограничниот појас со Албанија на 50 километри од Тирана. а бил почувствуван и во неколку градови во соседна Албанија […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Ова е голем ден за Македонија

Ова е голем ден за Македонија. На крај сите парламентарни партии постигнаа договор дека се исполнети сите услови за организирање на фер, демократски и слободни избори, изјави вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците. Тој истакна дека е договорено од 2 септември да почне почитувањето на сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: На 11 декември ќе се одлучува судбината на многу следни генерации

На 11 декември нема да ја одлучуваме само судбината на нашата генерација, туку и на многу следни генерации. Овие избори се референдум на кој граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава или во богата и правна држава, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето на договорот со кој четирите […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: На 11 декември СДСМ ќе се соочи со народот

Основа цел на ВМРО-ДПМНЕ беше да се дојде до избори и со тоа да се надмине кризата во Македонија. Минатата година СДСМ создаде криза и таа криза ја одлагаше и продолжуваше колку што можеа, изјави денеска по потпишувањето на договорот за предвремени парламентарни избори на 11 декември, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. -Направивме многу чекори […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве го договорот – избори на 11 декември, преодна влада од петок

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември, а преодната влада што ќе ги спроведе ќе се избере в петок, стои во договорот што вечерва го потпишаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. В петок ќе биде именувана и Санта Аргирова за главен уредник на информативната редакција јавниот сервис, а Љуљзим Хазири е […]

______________________________________________________________________________________________________

Крај на кризата: Македонија оди на избори на 11 декември!

Лидерите на 4-те најголеми политички партии попладнево се договорија по однос на сите прашања. Според договореното избори ќе бидат одржани на 11 декември. Владата која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2 септември согласно договорот од 20 јули годинава. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно за медиумите изјави дека се што ќе биде предложено […]

______________________________________________________________________________________________________

Мухамед Зекири се збогува од новинарството

Мухамед Зекири преку својот Фејсбук профил соопшти дека се збогува од новинарството. Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение: Почитувани пријатели, По полни 18 години како новинар дојде време да ви соопштам дека одлучив да се збогувам од професијата. Не сакам јас да зборувам за тоа како сум ја извршувал својата работа сиве овие […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна лидерската – ЌЕ ИМАМЕ ЛИ ИЗБОРИ ВО ДЕКЕМВРИ?

Лидерите на партиите ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мандух Тачи, стасаа на денешната лидерска средба закажана во 13.30 часот. На денешната средба лидерите треба да оценат дали се исполнети услови за одржување фер и демократски избори, како и датум кога тие би се одржале. Засега се спомнува […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдените примероци риба во Дојранско Езеро не се опасни за луѓето

Прелиминарните истражувања на пронајдените примероци риба во Дојранското Езеро покажуваат дека станува збор за неавтохтон вид на риба што досега не е сретнат во езерото, кој што најмногу се храни со растителниот дел и не претставува опасност за луѓето и капачите во езерото. Тоа беше посочено по состанокот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: И покрај краткиот мандат, Спасовски побара и доби обезбедување и по завршувањето на функцијата

Изминативе години Република Македонија се соочуваше со бројни сериозни закани по безбедноста и територијалниот суверенитет и интегритет. Министерството за внатрешни работи реализираше голем број случаи во кои нашата држава беше цел на вооружени групи од соседството, се вели во соопштенито на МВР. Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално: Такви беа акциите: „Планинска бура“, „Диво […]

______________________________________________________________________________________________________

Собрани 1 милион евра за поплавените, ќе се делат од понеделник

Од 7 до 30 август на сметката на Црвениот крст на Македонија собрани се 57.860.933 денари, од кои 44.610.633 денари на сметката на Фондот на солидарност и 13.250.300 денари со повик на телефоните за донации. За ова денеска на прес-конференција информираше генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саит Саити при што појасни дека дистрибицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден кандидат се повлече од изборот во Комисијата за медиуми

Привремената комисија за следење на медиумското претставување и на денешниот состанок не постигна согласност за избор на петтиот член, а притоа еден од кандидатите, Даут Даути, јавно соопшти дека ја повлекува номинацијата. – Бидејќи пат-позицијата е поради самото персонално решение кој ќе го води ад-хок телото, а јас сум еден од двајцата сега веќе спорни […]

______________________________________________________________________________________________________

Верица раскажува за хорор-искуство кое го преживеала во Охрид

Српската креаторка Верица Ракочевиќ и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ за малку ќе настрадале во Македонија, додека на крајбрежјето на Охридско Езеро спиеле во камп-приколка со која патувале, пишува српски Блиц. – Некаде околу еден часот по полноќ Вељко ме разбуди, ми стави рака на уста и ми кажа дека некои луѓе се покрај кампот. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата ќе утврдува како „пираните“ дојдоа во Дојранското Езеро

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, негира дека во Дојранското Eзеро се пуштени риби кои може да го загрозат здравјето на луѓето и додава дека „некој цело лето води хајка против Дојран за да ù наштети на туристичката сезона и на локалната власт“. Медиумите со огромна брзина ја споделија информацијата дека од Дојранското Eзеро се извлечени […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште денес сонце, па доаѓа невреме ширум Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. […]

______________________________________________________________________________________________________

Докторите со апел: Жените да не ги игнорираат мамографските прегледи

Жените од Македонија да не ги игнорираат поканите на здравствените институции за бесплатен мамографски преглед за дојки кај жени над 50 години. Мамографскиот преглед е најважен против намалување на смртноста на рак на дојка, објаснуваат радиолозите. За нив секој нов мамограф во внатрешноста на државата е добивка за жените редовно да одат на прегледи во […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонскиот рекод за алкохол во крвта: Прилепчанец бил камен пијан

Македонскиот рекордер живее во Прилеп.Таму тој во полицискиот дрегер пред 4 години дувнал неверојатни 4,83 промили алкохол во крвта. Светскиот рекорд го држеше Полјак кој во крвта имал неверојатни 12,3 промили алкохол. Тој загинал во сообраќајна несреќа.

______________________________________________________________________________________________________

Стамов: Некој води хајка против Дојран, очекуваме официјални анализи за рибите

Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, реагира на натписите дека во Дојранското Езеро има пирани кои искасале риболовци. Тој во изјава за КУРИР вели дека станува збор за хајка која се прави против градот уште од стартот на туристичката сезона. Стамов бара надлежните институции да направат детални анализи на случајот. -Цело лето некој води хајка […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1