Archive | Македонија RSS feed for this section

Десетина на Инфективната клиника – Цревни и кожни заразни заболувања во Стајковци

Цревни и кожни заразни заболувања се регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци, објави порталот „Здравство24“. Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожени заболувања и тоа што вчера викаа дека е алергија не е, тоа се бактериски инфекции, […]

______________________________________________________________________________________________________

Неготинско синоќа зафатено од невреме, во Куманово град

Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер вчера доцна попладне и во вечерните часови го зафати Неготинско, а во околината на Куманово е регистрирана и појава на град, соопштуваат од УХМР. Локална појава на пороен дожд и грмежи се регистрирани во северните и источните делови од Македонија. Во текот на ноќта, како што наведуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна дезинфекција во поплавените подрачја во општина Аеродром

Во поплавените подрачја во Општина Аеродром од вчера почна процес на дезинфекција на домовите, кои беа зафатени од катастрофалната поплава. Од општината информираат дека во соработка со Институтот за јавно здравје, екипите за дезинфекција почнале од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, ќе следат улицата „Мите Богоевски“ во населбата Лисиче, како и на други локации […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата удри по профитерите – ги врати цените на некои производи на ниво од 5-ти август!

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5 август 2016 година. Од Министерството за економија информираат дека одлуката, донесена врз основа на член 30 став 1 алинеа 2 од Законот за трговија, се однесува на […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време нè очекува викендов?

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте. Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и […]

______________________________________________________________________________________________________

Привремена евакуација во Стајковци

Започна да се врши привремена евакуација во скопското село Стајковци. Надлежните апелираат жителите на поплавеното подрачје да се сместат на друга локација додека трае мерката за дезинфекција на нивните домови, јавува ТВ Нова. Од инситуциите порачуваат жителите на Стајковци да се сместат во домовите на свои роднини и пријатели, а доколку немаат каде да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Штип: Татко со синот за 10.000 евра нарачал убиство на сопругата што му побегнала

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(66) и И.М (41), двајцата од пробиштипското село Ратавица, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „поттикнување“ во врска со кривично дело „убиство“. При крајот на јули 2016 година пријавените, татко и син, по претходен меѓусебен договор со намера да ја лишат од живот Д.М.(35) […]

______________________________________________________________________________________________________

Се шират кожни и цревни зарази во поплавените подрачја

Купиштата ѓубре, мочуриштата, калта како последица од катастрофалното невреме почнаа да го земаат данокот по здравјето. Цревни и кожзни заразни заболувања регистрирани кај десетина жители во Стајковци. Најголем број од нив се деца. Заболени биле пријавени и во Смилковци објави порталот „Здравство24“ -Имаме веќе четири деца кои ги хоспитализиравме на инфективна. Има и со кожни заболувања […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандалозно: Чизмите и другата опрема се продаваат по повисоки цени

Гумените чизми се продаваат по двојно повисока цена. Дел од трговците ги искористија поплавите кои ја зафатија земјава и одлучија да ги зголемат цените за чизмите, кои всушност се неопходни за да се влезе во поплавените подрачја. Револтот граѓаните го изразија и преку социјалните мрежи. До организацијата на потрошувачи досега нема пристигнато поплаки, но апелираат […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредно прскање против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека заради настанатата состојба поврзана со поплавите, утре, ,во периодот од 5 до 9 часот, ќе се изврши вонредна авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци. Ќе се прска на поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче ,Смилковци и другите насели места коишто […]

______________________________________________________________________________________________________

ЈСП обезбеди автобуси за волонтерите- еве го распоредот на сообраќање

Автобусите на ЈСП- Скопје кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја во Скопје ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот од следните локации: 1.Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и […]

______________________________________________________________________________________________________

Потресно видео од баба од Синѓелиќ која не сака да го напушти поплавениот дом

Возрасна жена од поплавеното село Синѓелиќ не можела да се помири со страшната судбина и не сакала да ја напушти куќата и покрај молбите од нејзината ќерка и пожарникарите. На видеото се гледа како пожарникари се обидуваат да ја убедат жената да го напушти домот, но таа упорно одбива. Може да се забележи дека собата […]

______________________________________________________________________________________________________

Во поплавата оштетени домови на 135 припадници на МВР, Министерството и МПС со акции за помош

Во поплавите од 06.08.2016 година што зафатија повеќе делови на Скопје настрадаа домовите на голем број припадници на Министерството за внатрешни работи. Според податоците кои се утврдени на терен од службите на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат(МПС), оштетени се домовите на 135 припадници на МВР. Според податоците на службите нема настрадани наши […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Димитриев помага во расчистувањето на Стајковци

Премиерот Емил Димитриев денеска беше меѓу настраданите од поплавите.Тој на терен и помагаше на жителите на Стајковци да ги расчистат своите домови и дворови.

______________________________________________________________________________________________________

ПАЈАК СЛУЖБИТЕ БЕСПЛАТНО ГИ НОСАТ ПОПЛАВЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ

Пајак службите на Градски паркинг и на ПОЦ Центар во договор со сопствениците на оштетените возила од кризните региони, бесплатно им ги носат возилата до посакуваната дестинација. Од Градски паркинг велат дека по наредба од кризниот штаб, возилата на жителите од Стајковци ги превезуваат до сервисот „Ацо коп“ и кај селските гробишта, каде теренот е […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Фотографирани се 69 моторни возила оштетени во поплавите

По барање на Единица за информации и команда, екипа од скопската полиција фотографирале 69 моторни возила на подрачјето на Гази Баба кои беа оштетени со поплавите. На 10 август во Единица за информации и команда регистрирале над 60 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени простории, површини, возила и ниви како и штети предизвикани од невремето.

______________________________________________________________________________________________________

Херојот од обиколницата: Со својот автобус спасил 70 луѓе од невремето (ВИДЕО)

Возач на автобус, е храбриот херој Мујовиќ кој во саботата за време на страшното невреме успеа да спаси околу 70 луѓе. Како што вели тој, кога видел дека луѓето се во неволја ги отворил вратите на автобусот за да можат да влезат и да се спасат, по што ги превезол на сигурно. Ова е неговата […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Лага е дека се спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

Припадници на Министерството за внатрешни работи ги проверија сите болници во скопскиот регион, а разговараа и со надлежните од скопската Итна помош и добија информации дека во ниту една болница, ниту пак со возило на итната помош вчера се пренесени и згрижени мајка и ќерка со потекло од Албанија, кои како што тврдеше Бесим Весели […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1