Archive | Македонија RSS feed for this section

ПОТРЕСНА ИСПОВЕСТ: Оваа жена го преживеа убиствениот вртлог на скопската обиколница (ВИДЕО)

Препуштена сама на себе, пливајќи премрзната низ двометарската студена вода и благодарение на нејзината присебност во хаотичната состојба успела да стигне до првите куќи во Стајковци и да се спаси. На неколу места од обиколница до куќите, таа успевала да се фати за возилата по пат кои веќе биле поплавени, но во еден момент како […]

______________________________________________________________________________________________________

ВАЖНИ СОВЕТИ: Информирајте се за временските услови пред да тргнете на пат и возете смирено

Невремето кое ја зафати целата територија на Република Македонија предизвика многу сообраќајните незгоди и хаос на улиците кој возачите неколку часа го преживуваа на сообраќајниците. За да се спречат сообраќајните незгоди во лоши временски услови Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува како возачите да постапат кога има невреме Возачите да возат смирено […]

______________________________________________________________________________________________________

Траорни сведоштва на преживеаните од поплавените реони – она што го граделе цел живот го изгубија за три часа

Во кал до гуша без вода и покуќнина, неподвижен старец и бебе старо само еден месец се дел од семејството Кипеви чија куќа настрада во поплавите. Невремето ги затекнало жените и децата со дедото инвалид кога водата почнала да навлага во домот. Преку прозорци и врати со голема брзина се зголемувало нивото на кал и […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Охрид: Малолетник зад волан направи карамбол кај Св. Наум, повредена девојка

На регионалниот пат Охрид- Св.Наум вчера во 15:50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“ , паркирана од Ѓ.Ч. од село Мислешево, Струшко. Во незгодата со тешки […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и ветер

Од четврток попладне и во петок повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. УХМР информира дека во четврток попладне и во петок Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса. Во петок, преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и […]

______________________________________________________________________________________________________

Три лица починаа од срцев удар што изгубиле близок во поплавите или останале без домовите (Видео)

Нови три лица починаа од срцев удар. Не можеле да ја преживеат загубата на најмилите и домот. На оваа тема во вестите на Канал 5 говореше Василаки Карапашев од Итната медицинска помош. Целиот разговор погледнете го во видеото.

______________________________________________________________________________________________________

АПЕЛ: Да се избегнува патoт Ченто, Стајковци, Економија – се отежнува движењето на механизацијата

Се апелира до граѓаните од настраданите места во општина Гази Баба: Смилковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Стајковци, Брњарци, Сингелич, Ченто, Економија, Инџиково и од останатите населени места во општината и пошироко, што помалку да ги користат возилата на патните правци Ченто – Сингелиќ – Стајковци и Ченто – Економија, бидејќи се отежнува движењето на механизацијата која […]

______________________________________________________________________________________________________

За влакно избегната трагедија во скопско Црешово (Видео)

Лаењето на кучето ја спасило Тодорка Китанчева од сигурна смрт. Соседите во буката на силната вода успеале до го слушнат кучето, пренесува Канал5 Знаеле дека 67-годишната жена е сама во својот дом во селото Црешево, нема кој да помогне, па тргнале да ја извлечат сосетката од поплавената куќа. Домот на Тодорка се наполнил со вода за […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгубена жена со склероза во Центар, блиските апелираат за помош

Семејството на исчезнатата Гена Новина, на која денеска и се изгубил трагот во центарот на Скопје, апелира доколку некој ја забележи, веднаш да ги побара на телефонскиот број 075 408 668. 75-годишната жена е болна од склероза, а полицијата не презема чекори околу нејзиното пронаоѓање, поради ангажираност во поплавените подрачја.

______________________________________________________________________________________________________

Јаглен од „Усје“ ја обои во црно водата која поплави дел од Кисела Вода

Јаглен складиран во Цементарница „Усје“ ја обоил водата во црно која во саботата ги поплави дворовите и деловните објекти во дел од општина Кисела Вода, тврдат од компанијата, откако вчера граѓани од тој дел на општината се пожалија дека додека се бореле со водената стихија одненадеж бликнала црна, како катран вода., пишува Плус Инфо Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Претседателот Иванов ја донираше платата за настраданите во поплавите

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја донираше својата месечна плата во Фондот за помош на настраданите од неодамнешните поплави во Скопје. Истовремено упати повик до сите државни и јавни функционери да го сторат истото.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Ведран 3 часа се борел со студената вода пред да го спаси таткому – загинаа мајкаму и братчето

Малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка е детето кое многумина денес го прогласија за херој, откако беше објавено дека цели три часа се борел со студената вода и калта пред да го спаси неговиот татко, пишува Курир.мк Тој со своите родители и помалиот брат се враќале од годишен одмор кога страшното невреме ги затекнало кај […]

______________________________________________________________________________________________________

Елиф ја однесе поплавата, се трага по телото на 16-месечното бебе

Џ.Ф (18) вчера околу 18 часот пријавил дека на 06.08 околу 20 часот во близина на обиколница Смилковско езеро, неговиот брат сега починатиот Фуркан Фејзула, движејќи се со возило, во кое како сопатник била неговата шеснаесетмесечна ќерка Елиф Фејзула, во момент на временските неприлики наишол голем воден бран кој почнал да го носи возилото и […]

______________________________________________________________________________________________________

Иван почивај во мир: Таткото сам си го пронајде удавениот син во Синѓелиќ

И.Г. од село Стајковци, скопско, вчера околу 17 часот пријавил дека на 06.08.2016 година околу 22 часот во близина на крстосница на ул. 8 со ул. 5 во Стајковци, неговиот татко движејќи се со трактор во кој како совозач бил неговиот дванаесет годишен син Иван Илиев, во момент на временските неприлики наишле на голем воден […]

______________________________________________________________________________________________________

И денеска можност за поројни дождови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Во текот на денот локално процесите може да бидат и поинтензивни, но кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од […]

______________________________________________________________________________________________________

Ден на жалост во Крива Паланка

Советот на Општина Крива Паланка вчера на вонредна седница донесен одлука за прогласување на 9 август – ден на жалост во општина Крива Паланка по повод трагичната смрт на Велиновска Марина (39) и нејзиниот малолетен син, шестгодишниот Јован, кои во сабота вечерта, на 6 август, трагично ги загубија животите во поплавите предизвикани од силното невреме […]

______________________________________________________________________________________________________

Ад-хок телото доби четири члена

Слаѓана Димишкова од „Вест“ , Цветин Чилиманов од МИА , Горан Трпеновски исто така од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, се четворицата членови на ад-хок телото кои ги предложија партиите, потврдуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Димишкова покрај новинарка е и претседателка на Македонска асоцијација на новинари, а Трпеновски […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште 4 лица се пријавени за исчезнати

Уште четири лица се пријавени за исчезнати, информира денеска на прес конференција Шабан Салиу, директорот на Агенцијата за заштита и спасување. Како коментар, пак, на жалбите на граѓаните дека институциите недоволно и ненавремено реагираат, Салиу објасни дека нивните екипи се постојано на терен и работат активно со целосен капацитет од 85 пумпи за испумпување на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1