Archive | Македонија RSS feed for this section

Дожд со грмежи денеска и утре

Нестабилно време со дожд, грмежи и локално пообилни врнежи се очекуваат денеска и утре. Како што соопшти УХМР, подрачјето на Македонија се уште ќе биде под влијание на циклонска активност и влажна, нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Денес попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во западните и […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Света Петка – заштитничка од несреќи и болести

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, денот кога православните христијани го слават празникот Св. преподобна маченичка Петка. Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу […]

______________________________________________________________________________________________________

До кога ќе имаме нестабилно и врнежливо време

Уште во раните утрински часови понеделник ќе ја продолжи состојбата со нестабилно време, овој пат позастапено во источниот регион, локално, информира метеопро. Наутро се очекува претежно облачно време со повремен дожд и грмежи низ земјава, додека попладне нестабилноста ќе биде полокализирана, со услови за почести врнежи во западната половина, односно повеќе во југозападниот крај. Вечерта […]

______________________________________________________________________________________________________

Собрани 5.000.000 денари преку телефонскиот број 143-400

Пет милиони денари се собрани за 48 часа преку телефонскиот број за донации 143-400 за поплавеното население по силното невреме кое го зафати Скопје. Црвениот крст информира дека досега собрани се 5,5 тони вода и доставена е храна за 10.000 лица. Таа додава дека голем број компании обезбедуваат разни донации, а дел од нив имаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре ќе се знаат резултатите од анализата на водата во поплавените делови

Директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов, вели дека утре ќе се знаат резултатите од испитувањата на водата во поплавените подрачја. – Препораката е, како што кажа и Центарот за управување со кризи, водата да не се користи додека не ги добиеме финалните резултати од микробиолошките анализи утре. Според првичните резултати, никаде нема загаденост […]

______________________________________________________________________________________________________

Јавен повик од Гази Баба за доброволци да се вклучат во акциите

Општина Гази Баба апелира до сите граѓани на Град Скопје и сите граѓани на Република Македонија, кои имаат желба, волја, време и простор, да се вклучат како доброволци во акциите за справување со последиците од обилните врнежи и катастрофалното невреме кое ја зафати нашата општина. Сите граѓани кои сакаат да се вклучат во акциите за […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдени шесте исчезнати лица од поплавите

Пронајдени шесте исчезнати лица од невремето во Скопје, соопштија од МВР Лицата се идентификувани, но се уште не е соопштен нивниот идентитет. Очекуваме повеќе детали во текот на денот.

______________________________________________________________________________________________________

Чавков: Човечките животи се неповратни, сè друго може да се санира

Човечките животи се неповратни, сè друго може да се санира, истакна Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков кој се наоѓа на терен по скопските села што ги зафати големото невреме. „Засега билансот е 21 жртва, се уште трае претрага по теренот што беше зафатен од невремето. Не би сакал да предицирам дали ќе порасне бројот […]

______________________________________________________________________________________________________

Сведоштва за хоророт: Маж ја гледал жена си како се дави, татко спасил три, го загубил четвртото дете

Дваесет и една жртва, најмногу деца и жени, стравотно умреа давејќи се во вода и кал по поројот што завчера го поплави предградието на Скопје, во населбата Ченто и селата Стајковци, Инџиково и Сингелиќ. Човекот го изгубил внукот, водата го оттргнала од рацете на татка си Се врати околу 8 попладнето, го паркирал голфот кај […]

______________________________________________________________________________________________________

Во поплавените подрачја најпотребни храна, пелени, вода и средства за хигиена и дезинфекција

Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 08,00 до 18,00 часот. Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја. Од Црвениот крст […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнатите пронајдени и идентификувани – потврдена 21 жртва

Меѓу 21 лице загинати во поплавите во Скопје и скопско се и шесте лица кои беа пријавени за исчезнати, информираат од МВР. Лицата биле пронајдени во текот на вчерашниот ден и истите се идентификувани.Нови пријави за исчезнати лица нема. Полицијата и армијата со брзата интервенција спасија над 1000 граѓани по силното невреме од кои голем дел […]

______________________________________________________________________________________________________

Ден на жалост во Македонија- знамињата на половина копје

Денеска е Ден на жалост на Република Македонија. Владата вчера ја донесе оваа одлука откако во страшното невреме загинаа 21 лице во Скопско. Денеска знамињата пред владата се на половина копје во знак на жалост. – Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради дожд пренасочен сообраќајот на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север. Поради невремето што го зафати скопскиот регион од саботата во прекин е и сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај. На останатите државни патишта […]

______________________________________________________________________________________________________

СНИМКА ОД ДРОН: Ченто два дена по смртоносното невреме

Последиците од поплавите и по два дена се очигледни, а службите продолжуваат активно работат на санирање на штетите предизвикани од големото невреме.

______________________________________________________________________________________________________

Хуманитарна помош за настраданите во невремето- ДОНИРАЈТЕ!

На отворениот телефонски број 143400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето. Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтинува бензинот и дизелот – еве за колку

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 46 денари за литар. […]

______________________________________________________________________________________________________

За 4 часа во Скопје наврна 20% од дождот кој паѓа во текот на цела година

520 литри за метар квадратен дожд наврнуваат во Скопје за цела една година, велат податоците на Државниот Завод за Статистика. Во саботата за само 4 часа на Зајчев Рид наврнале над 95 литри на метар квадратен, или количински, една петтина од дождот кој паѓа во Скопје во текот на цела една година. Оваа компарација само […]

______________________________________________________________________________________________________

Кога граѓаните од погодените региони ќе добијат струја?

Деловите од Скопје кои се најпогодени од невремето ќе останат без електрична енергија поради безбедносни причини, информира Атанас Ковачевски од ЕВН Македонија, во вестите на Канал 5. Тоа е така наречен безбедносен регион каде што сеуште се расчистува теренот. -Екипи на ЕВН Македонија прават инспекции заедно со другите екипи кои го расчистуваат теренот, со цел […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1