Archive | Македонија RSS feed for this section

Невремето се движи кон Куманово

Дел од облачната маса се преместува и се движи кон кумановско. Еден помал дел се одвојува преку Катланово кон Велешко, информираат од УХМР. Невремето кое го зафати Скопје се намалува, а масата се движи кон Куманово. Облачната маса се преместува кон кумановско со пороен дож и грмежи. Иако се намалуваат условите за големо невреме во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Поплавени автомобили кај булеварот Србија

Невреме со пороен дожд, силен ветар и грмотевици попладнево го зафати Скопје и остави неколку делови од градот без електрична енергија, интернет и телевизија. Во меѓувреме на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од локации каде што сообраќајот е во прекин: 1. Населба Автокоманда, во близина на хотелот Континентал 2. Улица Рилски Конгрес, населба Водно […]

______________________________________________________________________________________________________

СВЛЕЧИШТЕ ВО АЕРОДРОМ: Дождот урна паркинг, улица, пукнаа водоводни цевки (ВИДЕО)

Паркинг и улица во изградба се урнаа во јама ископана за изградба на нова зграда во скопската населба Аеродром вечерва. Поради невремето улицата која е во изградба и поминува паралелно со булеварот „Трета македонска бригада“ се наполни со вода, по што за кратко време водата почна да претекува во ископината на градилиштето.

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје апелира Скопјани да останат дома додека не престане невремето

Град Скопје апелира Скопјани да останат дома додека не престане невремето Град Скопје апелира до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот Во моментов Скопје е погодено од невреме, проследено од обилни врнежи на дожд […]

______________________________________________________________________________________________________

Временска прогноза: Еве до кога ќе трае невремето во Скопје

Според метеоролошките извештаи на Weather.com и AccuWeather.com невреме во Скопје ќе има и во текот на ноќта. Се очекува повторно грмотевици и силно невреме и околу 9 часот и околу полноќ. Според Weather.com врнежите од дожд во главниот град се очекуваат да запрат во 22:45 часот.

______________________________________________________________________________________________________

Поради невремето отсечен патот меѓу тетовските села Бродец и Шипковица

На територијата на Македонија, особено во Скопје и во околината на Тетово попладнето се случи големо невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици. Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен информира дека зафатени беа селото Бродец и село Шипковица. Патот меѓу двете села е отсечен во должина од 200 […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Пештани, има загинати

Тешка сообраќајка се случила во близина на селото Пештани. Според првите неофицијални инфроамции во сообраќајката учествувало патничко моторно возило и мотоцикл – пренесува порталот Охрид1 Како што пренесува порталот, според неофицијални информации, има и загинати и повредени . Сообраќајот е во целосен прекин, а долга колона возила се направила од влезот во Пештани кон Трпејца. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Се споија небо и земја – невреме во Скопје

Силни грмотевици, силен ветар и многу дожд. Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Според информации има и откорнати дрвја.  

______________________________________________________________________________________________________

Македонските олимпијци продефилираа во Рио на Олимпијада – НБЦ не претстави како Македонија

Со спектакуларна церемонија на стадионот „Маракана“ ноќеска свечено беа отворени 31. Летни Олимписки игри. Ова се првите Игри што се одржуваат на јужноамериканскиот континент. Македонија во Рио ќе ја претставуваат ќе ја преставуваат шест спортисти, а македонското знаме на дефилето на отворањето го носеше пливачката Анастасија Богдановски. На овие Игри присутни се спортисти од 206 национални […]

______________________________________________________________________________________________________

4.000 евра казна ако берете боровинки во шума без дозвола

Националниот парк Пелистер на 12 август ги отвора вратите за берба на боровинка за што веќе е во тек издавање на легитимации за собирање на шумски плодови за 2016 година. Од Националниот парк ги потсетуваат берачите дека е дозволена берба само на зрела боровинка. „ Билкособирачите при собирање на шумски плодови треба да се придржуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Смртни закани од подземјето за Камчев и Мијалков

Бизнисменот Орце Камчев и екс-шефот на ДБК Сашо Мијалков добиле смртни закани. Медиумите пишуваат дека заканите ги упатило лице од подземјето, кое важи за блиско до структурите на СДСМ. Според пишувањата, станува збор за Даниел Трајковски, познат како Близнак. Тој објавил статус на својот Фејсбук профил во кој порачува дека „ќе купел два куршуми за […]

______________________________________________________________________________________________________

Дарко најверојатно намерно слетал со автомобилот во езерото Калиманци

Нуркачи од Единицата за специјални задачи „Тигар“, завчера ги пронајдоа возилото „форд фиеста“ и телото на Дарко Стоиловски (41) во водите на езерото Kалиманци, еден ден откако неговата сопруга Тања (31) беше пронајдена удавена во близина на местото викано Рибнички мост крај Македонска Kаменица. Она што укажува на тоа дека можеби возилото намерно паднало во […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА: Македонец загина помагајќи им на повредени во сообраќајна несреќа

44 годишен Македонец, со живеалиште во Германија, загина околу 5 часот утрово во сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш, кај Алексинац, кога излегол да им помогне на луѓе повредени во друга сообраќајна несреќа. На трагедијата претходела сообраќајна несреќа што ја предизвикал возач на пежо 5008, исто така со германски регистарски таблички. Тој движејќи се […]

______________________________________________________________________________________________________

Сакам сладолед на корнет, оној од 20 денари, таков не сум пробал!

Во распаднатата и стара куќа со мирис на влага, живите и итри очиња на шестгодишниот Иван ве пречекуваат во собата, од неговите усни почнуваат приказните за игрите и желбите што тој ги има, а не може никој да му ги исполни. Тој сака детска соба, таблет и компјутер. Во оваа куќа живее со неговата баба […]

______________________________________________________________________________________________________

ЦРНА СТАТИСТИКА: 85 загинати на македонските патишта за 7 месеци

Летниот период двојно ја зголемува црната статистика на МВР. Само за седум месеци годинава регистрирани се 1810 тешки сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 85 лица. Сепак, оваа бројка до денеска е зголемена, ако се земат во предвид информациите дека само во последниве пет дена во сообраќајни несреќи загинаа 5 лица. Бројот на жртви […]

______________________________________________________________________________________________________

Важно ако тргнувате на пат- На граничните премини има задржување од половина час

На граничните премини за влез и за излез од државата има задржувања од 30-тина минути, соопшти АМСМ. Сообраќај на патните правци надвор од градските средини е со зголемен интензитет и се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење. Поради високите температурии од АМСМ сугерираат и патување во раните утрински и вечерни часови со почести […]

______________________________________________________________________________________________________

Пациент од Штип заболен од тропската болест лајшманија

Во штипската Клиничка болница се лекува заболен од лајшманијаза или кала-азар, тропска болест што се пренесува со комарци, јавува агенцијата Мета. Ова е прв ваков случај по 2014 година, кога беа регистрирани тројца заболени. – Постои еден начин на зараза. Кога човекот е каснат од мушичка која го пренесува заболувањето, а која е инфицирана со […]

______________________________________________________________________________________________________

Од сабота дожд и невреме

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во сабота попладне и во недела во текот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува и повремено засилен северен ветер. Услови за повремен попладневен дожд ќе има и во понеделник.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1