29/10/2020 13:53
•
Posted by: MK News
Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, согласно одлуките на Владата на Република Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области. Како што соопшти владината прес-служба, ажурираните протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на коронавирусот […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2020 13:49
•
Posted by: MK News
Носењето на лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измените на Законот за заштита на населението од заразни болест што Собраните вчера вечер ги усвои. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2020 13:42
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои. За прекршителите на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2020 13:38
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е примен на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје поради висока температура, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР истакнаа дека здравствената состојба на министерот е стабилна.
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2020 23:05
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55, Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2020 22:57
•
Posted by: MK News
Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник. Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 09:41
•
Posted by: MK News
1/3 од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид. Тоа значи дека секој 3 тестиран имал Ковид. Филипче целосно потфрли. Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:14
•
Posted by: MK News
И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на ФБ министерот Оливер Спасовски. Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:09
•
Posted by: MK News
Се соочуваме со силен бран на Ковид-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво болницта во Козле, каде има 40 кревети, каде има кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:08
•
Posted by: MK News
Засега нема потреба од воведување на полициски час смета министерот за здравство и покрај рекордните 22-ца починати вчера како и исполнетоста на болничките капацитети. Филипче вели дека ограничување на движењето не е решение туку почитување на мерките, иако дел од предложените рестрикции се уште чекаат амин од Собранието. За големата смртност според здравствените власти причина […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:07
•
Posted by: MK News
22 Октомври 2017-ТА, Македонија и Бугарија за прв пат заеднички ја чествуваат и Битката кај Страцин. Само неколку месеци по потпишувањето на договорот за добрососедство овој датум се издвојува како еден од многуте кој ги спојува двата народи. Една година подоцна градоначалинкот на Куманово добива и орден за 100 годишнината од првата светска војна лично […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:04
•
Posted by: MK News
Специјалната државна Комисија што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ за справување со КОВИД пандемијата уште минатата недела, но која беше одбиена од власта, станува предлог на целата парламентарна опозиција. Зад законските измени за заштита на населнието од заразни болести освен потписи на пратеници со ВМРО-ДПМНЕ, ќе стојат и потписи на Алијанса и Алтернатива, како и на Левица, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:02
•
Posted by: MK News
Со фалсификувани негативни ПЦР тестови македонски државјани сакале да влезат во Бугарија. Според информации на Сител 10-тина македонски граѓани последниот период на ваков начин се обиделе да ја поминат границата со источниот сосед, но истите биле откриени и спречени во намерата од бугарските органи. Неофицијално станува збор за компјутерски криминал со преработка на веќе издадени […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 19:51
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања. Регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4. Денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 19:21
•
Posted by: MK News
Додека бугарскиот министер за одбрана Каракачанов се обидува преку шеги да ја релативизира својата изјава за испраќање војска во Македонија, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред бараат премиерот Заев јасно да го кажал својот став за македонскиот јазик и ликот и делото на Гоце Делчев. Од партијата се убедени дека Заев нешто им ветил […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 19:15
•
Posted by: MK News
Попладнево на градските гробишта во Бутел во муслиманскиот дел беше погребан долгогодишниот пратеник Амди Бајрам. Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам испрaтен до вечното почивалиште во гробиштата во Бутел. Поворката трга од семејната куќа на Бајрамови во општина Бутел. Иако, Министерството за здравство апелираше да не се прават погребни ритуали, со цел спречување на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2020 17:22
•
Posted by: MK News
Утрово гевгеличани ги потресе веста дека од компликации на коронавирусот почина нивниот сограѓанин, пејач и музичар Васил Ангов, роден 1969 година. Музичкиот свет во земјава остана без уште еден одличен музичар со препознатлив глас кој беше меѓу најпопуларните пејачи во редината на деведесеттите години од минатиот век. Неговата музичка кариера започна со песната „Кому да […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2020 17:16
•
Posted by: MK News
Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (24 октомври) и недела (25 октомври) ќе прејдат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува секој […]
______________________________________________________________________________________________________