Archive | Македонија RSS feed for this section

Драма во Скопје: Му дошла извршителка – и се заканувал со бомба

Драма се одвивала вчера среде бел ден во Скопје. Во 10 часот и 30 минути извршителката В.Д. од Скопје, која имала судска одлука за одземање на објект од лицето И.С. пријавила дека лицето побарало прием кај неа при што истото и покажало кутија со експлозивна направа и и кажал дека и во објектот, исто така, […]

______________________________________________________________________________________________________

Чавков: Луѓе од криминалното подземје учествуваат во протестите

Oпасна е тенденцијата на создавање на политичко криминално подземје или спрега на политичарите со субјекти од криминалното подземје. Затоа имаме јасни и недвосмислени индикатори. Покрај собирањето на информациите и превенирањето на насилствата при протести, вршиме и систематско собирање на информации, профилирање на одредени лица кои се провејуваат со незаконски активности под превезот на протести. Ова […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали: Пронајдени докази, професорите барале од 500 до 1.000 евра мито за положен испит

Од 500 до 1000 евра плаќале студентите за преодни оценки кај осомничените професори од Економскиот факултет. Полицијата поднесе кривична пријава за 6тмина професори, еден асистент и сопственик на угостителскиот објект во рамки на факултетот. 5мина биле приведени, тројца добиле покана да се јават на распит. Истрагата за случајот Еразмус траела повеќе од 2 години а […]

______________________________________________________________________________________________________

Германскиот олеснувач Јоханес Хајдел по трет пат во Скопје

Германскиот олеснувач Јоханес Хајдел по трет пат во Скопје на средби со државниот врв и потписниците на пржинскиот договор. И овој пат олеснувачот е тивок, како и претходно, од него во јавноста не се слушаат конкретни предлози за излез од политичката криза но досегашното искуство говори дека по секоја негова посета работите се придвижувале. Единствено […]

______________________________________________________________________________________________________

Тимот на Жан Митрев следните две години ќе се грижи за кошаркарските репрезентативци

Тимот на д-р. Жан Митрев во следните две години ќе се грижи за здравјето на сите македонски репрезентации во машка и женска конкуренција. Ова стои во договорот потпишан денеска од претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и првиот човек на Специјална болница „Филип Втори“ д-р. Жан Митрев. Со овој договор опфатени се кошаркарите и […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Акцијата во која беа апсени професорите од Економски факултет

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал од 2014 година во координација со Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по претходно добиени криминалистичко разузнавачки информации и пријави од оштетени граѓани-студенти, отпочна со криминалистичко истражување на коруптивни кривични дела, сторени од страна на универзитетски професори од „Економскиот факултет“ при Универзитетот Св.Кирил […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Градоначалникот Трајановски го чистеше обоениот плоштад

„Шарената револуција“  продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“. Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот па мораа да заобиколуваат по споредните улички.“шарените“ вчера целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатадот. По […]

______________________________________________________________________________________________________

Осуммина од УКИМ осомничени за корупција

Осум вработени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се осомничени за кривични дела со коруптивна природа во кои се оштетени студенти од Универзитетот, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. ОЈО наведува дека основаното сомнение за корупција следува по повеќемесечна оперативна обработка на податоци и прибрани докази. Од осумтемина осомничени, шест се […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема притвор за професорите од Економскиот факултет

Б.Ш., Д.Ј., С.Р., Т.Ф., И.Ј, С.Д. и Б.С., асистентот Д.Д. и сопственикот на бифето Д.Т. се осомничените лица по вчерашниот упад на полицијата во Економскиот факултет во Скопје. Утрово судија по претходна постапка не одредил притвор на ниту еден од осомничените. Шестмина однив се професори на Економскиот факултет, еден е асистент и еден сопственик на […]

______________________________________________________________________________________________________

Чавков: Бизнисмени од Македонија беa уценувани со незаконските снимки

Лица од криминалното подземје во Република Македонија, Косово, како и поединци од Србија се интересираа за незаконските снимки кои беа пронајдени кај Захир Бекири Чауш. Ова во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој посочи дека со снимките биле уценувани бизнисмени од Македонија. -За овие содржини се […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов ги поништи сите преостанати одлуки за аболиција

Изминаа десет дена откако донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за вкупно дваесет и двајца политички експонирани лица, се вели во писмената изјава на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. -Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување […]

______________________________________________________________________________________________________

Економски факултет: Меѓу осомничените еден демонстратор и сопственикот на бифето

Вкупо 13 претреси се вршат во рамките на полициската акција „Еразмус“ во која се осомничени осум лица од кои петмина се професори на Економскиот факултет во Скопје Седум од претресите од наредба на судот се вршат во приватни станови. Четири по професорски кабинети, а претреси се вршеле и во студенското бифе, како и во канцеларијата […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР ја потврди акцијата за апсење на УКИМ

Министерството за внатрешни работи ја потврди акцијата за апсење која во моментот се случува на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Според МВР, ОСОСК презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителство на УКИМ, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, и примање поткуп“ сторени од страна […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови детали: Паднаа 6 професори на Економски – меѓу нив и еден член на МАНУ

Вкупно осум лица се осомничени во акцијата која МВР ја води под кодното име „Ерзмус“ во акцијата која од утрово се одвивала на Економскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, дознава Press24 од извори во истрагата. Според првичните и се уште неофицијални информации, шестмина од осомничените се професори кои биле вработени на факултетот, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција на МВР: Уапсен професорот Шуклев, се трага по уште тројца професори

Голема акција на МВР против корупцијата во високото образование. Како што дознава Press24 од полициски извори приведен е во полиција Бобек Шуклев, професор на Економскиот факултет, а во моментов се трага по уште неколкумина професори. Полицијата ги сомничи за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела. При […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејството на Димитар бара правда – обвинетиот да одговара за убиство на подмолен и свиреп начин

Семејството на Димитар Матилоски, кој беше убиен за време на новогодишната ноќ пред кафуле во центарот на Охрид, не е задоволно од обвинителниот акт поднесен против обвинетиот српски државјанин, Бојан Угреновиќ. Цветанка Матилоска-Пешиќ, сестра на жртвата, денеска изјави дека поднесениот обвинителен акт против 29-годишниот жител на Краљево за обично убиство не соодветстува на фактичката состојба […]

______________________________________________________________________________________________________

Импичментот на Иванов на 13 јуни пред пратениците

Собраниската комисија за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција денеска треба да донесе заклучок за основаноста на барањето на неговото отповикување. СДСМ и ДУИ сметаат дека иницијативата за одговорност на Иванов е основана бидејќи со носење на одлуката за аболиција тој ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Извештајот за импичмент на Иванов на пет страници

Врз основа на Ивештај од пет страници од Комисијата за импичмент на Иванов, Собранието ќе треба да расправа дали Претседателот на државата ги пречекорил своите овластувања. Според пратеничката Рената Десковска, член на Комисијата за импичмент на Иванов, извештај кој бил воден во таква процедура со апсолутно мнозинство на владејачката партија, не може да биде ништо […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1