Archive | Македонија RSS feed for this section

Скопјанец во Карпош 4 го пронајде својот автомобил со испишана порака на него

Скопјанец во Карпош 4 денеска го најде денеска својот автомобил со испишана порака на него. Од лута жена бетер нема, па уште ако во себе носи розов кармин. Ако не се придржуваш до правилата за паркирање, пострашно е да налеташ на жена отколку на полиција.

______________________________________________________________________________________________________

Дали може да најдете работа во Скопје преку социјалните мрежи?

Меѓутоа, треба да знаете како да ги користите за да имате бенефит од нив. На Фејсбук следете ги компаниите и организациите кои редовно објавуваат огласи за вработување. Вашиот профил треба да биде совршен. Не заборавајте да ги наведете сите претходни работни искуства, образование, обуки, курсеви. Многу компании сметаат дека Фејсбук е важен во процесот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре очекувајте пороен дожд и засилен ветер

Времето утре претпладне во источните делови ќе биде нестабилно, а од пладне променливо и нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни. Температурата ќе се движи од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време со температура до 29 Целзиусови степени.

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте -нова давачка при патување во Грција од идната недела

Воведувањето на патарини на автопатот до Солун се одложува. Плаќањето за автопатот требаше да влезе во сила утре, 6-ти јуни, но грчките власти не се подготвени со електронскиот систем, кој ќе издава билети за магистралата.Таксата ќе влезе во сила најрано за една недела, прецизираат од патната агенција на Грција . Најверојатниот рок за почеток е […]

______________________________________________________________________________________________________

Мустафа Шефаит кој сееше страв во штипско и се предал на полицијата

Триесет и пет годишниот Мустафа Шефаит кој пред два дена со автоматска пушка пукаше во сопствениот брат Ќемал во карбинското село Ебеплија на планината Плачковица утринава во девет часот самиот се предал на полицијата, информираат од СВР-Штип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека лицето е во полициска станица и со него се […]

______________________________________________________________________________________________________

Љубе Бошковски пречекан со овации во родното село Челопек (Видео)

Бошковски инаку издржуваше казна затвор од пет години, а вчера беше пуштен од затворот Идризово. Љубе Бошковски, лидерот на партијата “Обединети за Македонија”, по излегувањето од затвор бил пречекан од роднини, пријатели и сопартијци во неговото родно село Челопек во тетовско. По повод неговото излегување од затвор, во дворот на црквата Свети Никола пристигнале и […]

______________________________________________________________________________________________________

Паника во штипско: По 16 години затвор тргнал со список за острел (Видео)

Три кратниот убиец, 35-годишниот Шефаит Мастафа повторно во крвав пир. Вчера попладне околу 17 часот со автоматкса пушка во семејната куќа во потплачковичкото  с. Ебиплија испукал неколку куршуми кон неговиот брат Ќемал, при што му нанел прострелна рана во пределот на десната надлактица. Ќемал веднаш е пренесен во штипската болница каде е задржан на лекување […]

______________________________________________________________________________________________________

Подгответе се за невреме: Утре пороен дожд и грмежи

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне променливо и нестабилно со пороен […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина осуденик од затворот Идризово

Полицијата денес информира дека вчера утрината во Ургентниот центар починал Д.Б. (67) од Дебар, осуденик во затворот КПУ Идризово. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Владата ќе гради скејт паркови и кошаркарски игралишта

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пролетва ги промовираше новите проекти во областа на спортот, Агенцијата за спорт и млади денес се одлучи да преземе конкретен чекор во изградбата на скејт паркови и кошаркарски игралишта низ целата земја. Објавен е оглас за изработка на основни проекти за изградба на пет типизирани скејт паркови и 150 […]

______________________________________________________________________________________________________

До крајот на годинава слонови во Зоолошката градина

По 24 години во скопската зоолошка градина ќе пристигне слон. Живеалиштето се гради со полна пареа. Се прави комфорен дом за два слона, но се мисли и на дел за нивни иден потомок.  Проектираното живеалиште за слонот, кое во моментов е во изградба, се состои од внатрешен и од надворешен дел. Се наоѓа на местото […]

______________________________________________________________________________________________________

Милион евра од Владата за инвестиции за младите земјоделци

Повеќе млади земјоделци и оваа година ќе ја искористат владината поддршка за неповратни грант средства до 10.000 евра за инвестиции во започнување на земјоделска дејност. На овогодинешниот оглас пријавени се поголем број на апликанти, државата почнува со селекција на апликациите и избор на оние кои имаат најдобри бизнис планови. Како што информираат од Владата по […]

______________________________________________________________________________________________________

Планирајте годишен одмор – погледнете ја прогнозата за цело лето

Доколку сакате да летувате во јуни, најдобра ќе биде средината на месецот околку продолжениот викенд. Иако се најавуваат услови за дестабилизација, врнежите би биле кратки и не би донеле значителни промени на температурите. Почетокот и средината на јули ќе бидат најдобри доколку решите да побегнете од горештините.

______________________________________________________________________________________________________

Силно невреме го зафати Скопје – еве какво ќе биде времето викендов

Силно невреме пропратено со пороен дожд и грмотевици го зафати главниот град. За кратко време наврнаа огромни количини дожд, а дуваше и засилен ветер. Утре времето ќе биде претежно сончево со локална облачно, попладне во западните, северозападните, североисточните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд. Температурите од 19 до 31 степен. Во недела претежно […]

______________________________________________________________________________________________________

5 и пол години затвор за пукање во докторот на Дигестивна хирургија

Пет години и шест месеци затвор му пресуди Основниот суд Скопје 1 за обвинетиот Имер Никшиќ (35). Лани на 9 ноември обвинетиот Имер со умисла пукал во лекарот Љубомир Огненовиќ кој неколку дена претходно ја оперирал неговата мајка која по операцијата починала. Според обвинението, Имер со оружје во раце се качил на катот и влегол […]

______________________________________________________________________________________________________

Млад пар заглави на грчко­македонската граница – Нејзе ја пуштаат него не (Видео)

Млад пар е заглавен на грчко­македонската граница веќе со денови, бидејќи македонските власти пропуштаат само лица кои потекнуваат од кризните жаришта како што се Авганистан, Ирак и Сирија. Момчето има дозвола да ја помине границата, додека пак девојката не. Причина за тоа е што таа потекнува од Иран, додека момчето е Авганистанец. ­ Ние сакаме […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов успех на ФХ3Х – македонската компанија дел од „Игра на тронови“

По соработката на деветтата и десеттата епизода од четвртата сезона од популарната серија „Игра на тронови“ („Game of Thrones”), македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, како соработници на „Диџитал симфони“ (Digital Symphony), учествуваа во креирањето на анимацијата и визуелните ефекти во седмата и осмата епизода, насловени како „The Broken Man“ и „No One”. […]

______________________________________________________________________________________________________

Бошкоски пуштен од затвор

Лидерот на партијата „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е пуштен од затвор, изјави за МИА директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски. Тој рече дека Бошкоски е пуштен неколку дена пред истекот на затворската казна, која му завршуваше на 6-ти овој месец. – Бошковски е ослободен денеска во 14:10 […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1