Archive | Македонија RSS feed for this section

Maж каснат од шарка заврши во штипската болница

Во штипската Клиничка болница е хоспитализиран 68 годишен од Крива Паланка, кој бил овчар во пробиштипскиот регион, кој е каснат од змија шарка, пренесува МИА. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека пациентот е надвор од животна опасност, а лекарите од Инфективното одделение веднаш му го дале потребниот серум. Како што појаснил 68 годишниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Заборавете на федерализација на Македонија

Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, вели дека повиците за федерализација на Македонија се непрактични и ги отфрла тврдењата дека неговата ДУИ е марионета на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за БИРН тој вели дека неговата партија донела добра одлука да остане во Владата, бидејќи, според него, гласачите ја избрале нивната партија за да […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија и Бугарија, железнички ќе се поврзат во 2020 година

Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и на експертски тимови биле теми за кои разговараа денеска во Скопје директорот на ЈП Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани и директорот на Бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев. Асани го информирал директорот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава за 26 лица за оштетување на зградата на Општина Битола

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 26 лица сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, соопшти денеска МВР. Пријавените во периодот од 17.04.2016 год. до 27.04.2016 година во четири наврати сториле кривично дело „оштетување туѓи предмети“ врз зградата на Општина Битола, објект кој е во евиденција […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшно: Опасна дрога се појави во Битола

Оваа дрога забрзано го разорува ткивото.Хемиското име на дрогата е метил-ендиокси-пировалерон или скратено МДПВ. Полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога на СВР Битола пронашле МДПВ кај битолчанка.При претрес во домот на друго лице од село Трново, Битола, пронајдено било непозната прашкаста материја, за која при вештачењето, било утврдено дека станува збор за […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО призна дека земаат плати од 3.000 евра плус додатоци

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес-конференција призна дека информациите кои излегоа во јавноста дека добиваат фантастично високи плати и додатоци кои се движат од 2.500 до 3.500 евра месечно се точни. Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати, додатоци на плата се […]

______________________________________________________________________________________________________

Сончево време со температура до 27 степени, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот, особено во северните и во источните делови на […]

______________________________________________________________________________________________________

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОТВРДИ: Коста Крпач се самоубил

Скопското јавно обвинителство од досегашниот тек на предистражната постапка утврдило дека Коста Крпач се самоубил. Од Јавното обвинителство попладнево испратија кратко соопштение до јавноста во коешто единствено се соопштува дека според нивната истрага Крпач се самоубил, нo нема детали како точно настапила смртта. „И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за […]

______________________________________________________________________________________________________

Центарот за јавно здравје потврди: Шарлах се шири во градинките!

Родителите се во паника, но епидемиолозите од Скопскиот центар за јавно здравје ја смируваат тензичната состојба, бидејќи според нив шарлахот го има во овој период од годината, но оваа пролет има помалку заболени од минатите години, објави „Вечер“. Родителите чии деца посетуваат градинки деновиве се во паника поради појавата на заразното заболување скарлантина (шарлах). Тие […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорче Петров, Студеничани, Кисела Вода и Карпош утре без струја

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без струја ќе останат делови од општините Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Студеничани, Кисела Вода и Карпош, информира РЦУК на Град Скопје. Без електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од селата Глуво и Бразда во општина Чучер-Сандево, од 09:30 до 15:30 часот корисниците од Волково подулици бр.5 […]

______________________________________________________________________________________________________

„Градски паркинг“ со летно работно време – еве до кога ќе се наплаќа

Летно работно време почнува за јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг – Скопје. Новото работно време на зоните А,Б,Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 07 до 23 часот. Градски паркинг ги замолува сите корисници да бидат претпазливи и да вршат плаќање согласно работното време на нивните паркиралишта.

______________________________________________________________________________________________________

Пратеникот Влатко Ѓорчев ќе стане татко по четврти пат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и неговата сопруга, Американката Сузана, во август по четврти пат ќе станат родители, пишува ВЕСТ. Летово, семејството ќе се прошири со уште еден член, бебето кое со нетрпение го очекуваат и нивните три деца, ќеркичката Марта (6) и синовите Филип (4) и Никола (2). -Чекаме девојче и чувството е прекрасно. […]

______________________________________________________________________________________________________

Во малолетничкот затвор во Охрид на децата им се делел „дијазепам“

Катастрофални услови и нехуманост, вака денеска накусо народниот правобранител Иџет Мемети ги оцени условите во воспитно-поправниот дом (ВПД) за деца и малолетници кој од Тетово неодамна е преместен во Охрид. На оваа установа во изминативе седум години ѝ е намален буџетот за педесетина проценти и нема пари за подобрување на условите, вработување на нови кадри […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинение за Србинот кој уби момче на Нова година во Охрид

Основното јавно обвинителство – Охрид до Основниот суд во Охрид поднесе обвинителен акт против едно лице, државјанин на Република Србија, за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. „Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 01.01.2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време не очекува следниве 10 дена?

Следи нестабилно време, а уште вечерва ќе има наоблачување, позначајно во западниот и северниот регион.Врнежи од оваа облачност се очекуваат попладне и во текот на вечерта, со тоа што попладне ќе бидат почести во западниот, а навечер во североисточниот регион. Грмежите ќе бидат ретка појава. Иако ќе биде пооблачно во однос на претходните денови, во југоисточниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Владина помош за вработување надвор од местото на живеење

Финансиска помош за мобилност на работна сила е една од мерките преку која Владата преку Агенцијата за вработување го подржува поттикнувањето на вработеноста и обезбедувањето на нови работни места. Мерката има за цел да ја поттикне мобилноста на невработените лица согласно со локалните потреби на пазарот на трудот, и тоа преку финансиска помош и поддршка […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Избори може да има во октомври

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за агенцијата „Бета“, што го пренесе српскиот јавен сервис РТС изјави дека Договорот од Пржино може да се реафирмира и дека до октомври може да се подготват услови за фер и демократски избори. Заев рекол дека опозицијата предводена од неговата партија ќе победи на изборите. Заев истакнал дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Судската администрација најави штрајк со глад

Главен проблеми е неусогласеноста на платите со обемот на работа во судовите. Надлежните им вршат притисоци, а аминистративците велат дека не работат, туку рмбачат за ниски плати. Ако нивните барање се игнорираат најавуваат штрајк со глад, објави РСЕ. – Очигледно е дека судската власт секогаш ја заборава администрацијата и затоа дојдовме пред Министерството за правда […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1