27/05/2016 14:12
•
Posted by: MK News
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе гласа против постапката за утврдување одговорност за претседателот Ѓорге Иванов заради тоа што цени дека со неговите одлуки го нема прекршено Уставот на Република Македонија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Димовски побара од иницијаторите да го повлечат предлогот бидејќи нема […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2016 13:14
•
Posted by: MK News
На дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, во петок е формирањето на Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. Според претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски, Комисијата за основаноста на предлогот за импичмент на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2016 13:12
•
Posted by: MK News
Одложено е судењето за случајот „Дива населба“, поради болест на судијката Верка Петковска , јави репортерот на „Макфакс“, а ново рочиште е закажано за 31 мај, во вторник. Судењето за овој случај требаше да се одржи во големата сала на Врховниот суд, поради големиот број обвинети и адвокати, како и големиот интерес на јавноста. Иако […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2016 12:45
•
Posted by: MK News
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури денеска ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 20, Кавадарци 28, Берово 22, Охрид 23, Битола 25, Дојран 29. И во наредните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2016 12:43
•
Posted by: MK News
Вчера на мета беше и приватен медиум- Сител телевизија, која „шарената револуција“ ја посетила после полноќ. ФОТО: Плус Инфо Граѓаните кои утринава шетаа во Градскиот парк без изненадени од обената фасада на зградата на телевизијата. И вработените на Сител не беа помалку изненадени. За овој вандалски чин се чека реакција и од Европската Унија.За потсетување, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 21:15
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во мегаинтервјуто за Телеграф открива детаљ за Специјалното јавно обвинителство, кој несомнено најавува нов скандал во врска со ова обвинителство. Имено, како што вели Груевски, екупата на Катица Јанева има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците. За оваа екипа во СЈО, во немоќ […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 20:49
•
Posted by: MK News
Природниот прираст во Македонија во првото тримесечие бил позитивен, но е евидентирано намалување на бројот на живородени деца во споредба со истиот период во 2015 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во првиот квартал се родени 5.537 деца, што е за 0,8 отсто помалку од лани. Намалување од седум отсто е регистрирано и кај умрените […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 20:46
•
Posted by: MK News
Деновиве од станица за технички преглед во Сарај, Скопје, се украдени бланко сообраќајни дозволи, печат на МВР и други формулари и документи. Во селото Сарај-скопско во станица за технички преглед од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба. Крадецот со насилно отварање на влезната врата, извршил пребарување низ сите простории и шалтери при што […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 20:42
•
Posted by: MK News
Генералниот менаџер и ко-основач на Grouper.mk – Нина Ангеловска се наоѓа на листата на 100 жени основачи на старт-апи од Европа (100 Female Startup Founders Europe) која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert кој известува за старт-ап сцената во Европа. Осмиот број на списанието беше посветен на успешните жени-основачи со цел да се инспирираат, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 18:00
•
Posted by: MK News
Следува период на претежно стабилно, суво и топло време. Температурата на воздухот ќе биде во значителен пораст, а најтопло ќе биде за време на викендот и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени. Во понеделник попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 13:04
•
Posted by: MK News
Драма се одвивала на Клиниките во Скопје кога разбеснет маж влегол и направил хаос. Според податоците од македонската полиција, вчера во 15 часот на Клиниката за Радиологија, во Клиничкиот Центар Мајка Тереза, 46-годишниот И.И. почнал да го навредува персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот, по што интервенирало обезбедувањето. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 10:54
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера ги предводеше вандалските протести во Скопје во кои повторно настрада фасадата на Министерството за правда. Заев се обиде да го релативизира вандалскиот однос кон уништувањето на јавни објекти нарекувајќи го перформанс, а себеси – хулиган. Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 10:48
•
Posted by: MK News
Постапка за утврдување одговорност е отворена за претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов за аболицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски вели дека очекува процедурата да започне неделава. На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување на одговорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов по донесувањето на аболицијата за 56 лица, досега се потпишале […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 10:44
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во североисточните планински делови во текот на денот ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови. Температурата ќе се движи од шест […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2016 10:41
•
Posted by: MK News
Дванаесет вработени во телевизија „Телма“, со одлука на раководството, во четврток наутро прогласени се за технолошки вишок, а меѓу нив се и Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска Пешевска, Томислав Османли и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата. Новинарите прогласени за технолошки вишок не добиле образложение […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2016 16:58
•
Posted by: MK News
Делегацијата на ЕУ го откажа денешниот консултативниот состанок на граѓанските организации и движења и претставниците на амбасадите на државите-членки на ЕУ во Македонија по притисокот од организациите кои не се согласија да седнат на иста маса со ГДОМ, соопштија денеска граѓанските организации. „Во име на организациите и движењата кои стојат зад ова обраќање ве информираме […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2016 16:52
•
Posted by: MK News
Стручна екипа на ОКТА денес околу 11:30 часот извршила безбедно затворање на вентилот на еден од вагоните на товарниот воз од кој истекувал гас, со што опасноста е отстранета. Како што претходно беше објавено, железничкиот сообраќај на железничката станица – граничен премин Табановце од 4 часот по полноќ беше во прекин поради истекување на плин […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2016 13:31
•
Posted by: MK News
Дваесет и петгодишен мигрант од Пакистан е повреден во тепачка меѓу мигранти што се случила синоќа во селото Ваксинце. Повредениот мигрант поради сериозноста на повредите во десната страна на градниот кош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Тепачката во полиција ја пријавил Х.А. од селото Ваксинце кој посочил дека 10 до 15 непознати лица, […]
______________________________________________________________________________________________________