18/05/2016 16:45
•
Posted by: MK News
Според прогнозата од Секторот за анализа и прогноза на времето, во четврток, времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност, а дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 26 степени Целзиусови. Под влијание на влажен бран, во петок, особено попладне и во сабота преку ден, времето ќе биде облачно со врнежи […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 16:20
•
Posted by: MK News
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ. Димитриев доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 15:03
•
Posted by: MK News
Вторник, 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:29
•
Posted by: MK News
„Шарената револуција“ го доведе во прашање животот и безбедноста на учесниците во сообраќајот со уништување на дел од сообраќајната и патната сигнализација во Град Скопје. По тој повод денеска реагираше и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот со цел да се стави крај на вандализмот и да се заштитат граѓаните и нивната безбедност, бидејќи животот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:27
•
Posted by: MK News
Над 70 илјади евра изнесува штетата од демолирањето на Националната арена „Филип Втори Македонски“ по натпреварот помеѓу фудбалските клубови „Шкендија“ и Работнички“, информира денеска директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на државата Цветко Грозданов, пренесува МИА. Во демолирањето што се случи од навивачи на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:25
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 25-годишниот Љ.О. од тетовското село Шипковица, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. -Тој се сомничи дека креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, на кој прибирал, обработувал и користел лични податоци и фотографии за друго женско лице од Тетово, без […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:24
•
Posted by: MK News
На дневен ред на 101 седница на Собранието, што спикерот Трајко Вељаноски ја свика по денешната одлука на Уставниот суд, е изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, со која се бришат членовите каде се предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Нов датум за избори не се предвидува, пренесе МИА. Предлог законот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:19
•
Posted by: MK News
Момчето Марјан Станојевиќ, кој собираше пари за операција на очите, пред ГТЦ во СКопје, и исчезна пред 22 дена, пронајден е во Белград, а синоќа со мајка му се вратил во Скопје, пишува Телеграф. Родителите го пронашле момчето во Белград, а во придружба на неговата мајка синоќа допатува во Скопје. Според Телеграф, не е познато […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:17
•
Posted by: MK News
Судот во средата им одреди казни на петтемина обвинети за тероризам во случајот „Ќелија“, па така Иса Фуга, за три кривични дела, доби 4,5 години затвор, а Абдула Абдулаким за две кривични дела доби три години и 1 месец затвор Ерол Рустеми за две кривични дела доби 2 години, Мухамед Имери и Стефан Стефановски за […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:16
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 1 Скопје му одреди во средата условна казна на студентот Борјан Ефтимов кој се товареше дека учествувал на протестите на 13-ти април кога беше демолирана Народната канцеларија на Претседателот Ѓорге Иванов. Ефтимов ја призна вината за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“ и е осуден на условна казна од три […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 14:14
•
Posted by: MK News
Во 16 часот, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, закажа седница на распуштеното собрание, по решението на Уставниот суд за утврдување на уставноста на одлуката за распуштање на парламентот. „Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го предвид решението на Уставниот суд, У.бр.104/16 од 18 мај 2016 година, ја информирам македонската јавност дека врз основа […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 11:08
•
Posted by: MK News
Стопирани се сите дејствија што произлегуваат од Одлуката за распуштање на Собранието, вклучувајќи ја Одлуката за распишување избори на петти јуни и изборните дејствија што ги презема Државната изборна комисија. Уставниот суд едногласно одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието и истовремено, изрече времена мерка која ќе важи […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 10:00
•
Posted by: MK News
Починала 26-годишна родилка во Чаир, бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести, објави „Нова ТВ“. Како што објави порталот, според директорот на гинекологија Чаир, младата жена во болницата дошла во 9. 30 часот изутрината во тешка состојба со отежнато дишење, цијанидни, помодрени усни по што веднаш била качена на интензивна нега […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 09:44
•
Posted by: MK News
Петмина членови на Државната изборна комисија упатија писмено известување до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски дека на изборите на 5-ти јуни ќе има само една кандидатска листа. Вака спроведените избори би биле нелегитимни и некредибилни, тврдат иницијаторите на ова известување, членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев. Нивниот предлог го потпишаа и претседателот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2016 09:33
•
Posted by: MK News
Телевизијата Канал 5 стапи во контакт со новинарот на Фокс њуз кој успеа да му влезе во трага на американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите оф шор компании. Документите со кои располага американската телевизија укажуваат дека Сорос криел пари во оф шор земји за да избегнува да го плаќа данокот. Новинарот Питер Бирн во изјава […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2016 16:54
•
Posted by: MK News
Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји во среда доаѓа во посета на Македонија, во нов обид да се дојде до решение на политичката криза во земјата. Ова е втора посета на Ји на земјава за краток период, откако во март годинава имаше разговори со партиските лидери и државниот врв […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2016 15:34
•
Posted by: MK News
Смртоносна ракија што може да предизвика слепило, трајно оштетување на црниот дроб дури и смрт се продава на дел од пазарите во земјава, а и во некои ресторани, предупредува Царинската управа. Досетливите трговци често ја пакуваат како да е ракија од некој реномиран производител. Од Царината најавија дека ракијата со сомнително потекло и други нелегални […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2016 12:06
•
Posted by: MK News
Уставниот суд во среда ќе одлучува по иницијативата што во петокот ја поднесе пратеникот Талат Џафери од владејачката ДУИ за распуштањето на Собранието. Од Уставниот суд потврдуваат дека е изменет дневниот ред за во среда, како и дека наместо другите најавени точки судиите во средата единствено ќе расправаат за распуштањето на Собранието. Иако Судот веќе […]
______________________________________________________________________________________________________