Archive | Македонија RSS feed for this section

„Со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ – не спасија , живи сме

Во ист ден примени во ист ден пуштeни од болница , цимери 23 дена на одделот за интензивна нега , во не така лесен дел од животот. Миле Величковски 69 годишен кумановец и 34 годишниот Александар Костески од Кичево. Тие се дел од многуте наши пациенти кои со нивните приказни од животот само потврдуваат што значи […]

______________________________________________________________________________________________________

Социјалците од Прилеп најавија штрајк со глад

Граѓаните добитници на социјални станови денес по трет пат излегоа на протест во прилепската населба „Точила“. Најавија дека ако техничката министерка Фросина Ременски продолжи да ги игнорира, секојдневно ќе излегуваат на улици и ќе штрајкуваат со глад. Граѓаните ги добја становите на електронска аукција пред неколку месеци, а сеуште не може да се вселат во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мисајловски: Избори мора да има, мора да се стави крај на сценариото на СДСМ

Сите проекти, патишта, инфраструктура… Се ова не може да се оствари доколку немате Влада. -Во моментов оваа би ја нарекол хибридна влада, бидејќи министрите од опозицијата се во Владата, кои не потпишуваат документи, не се појавуваат на владини седници, а тоа не е функционирање на еден министер, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски […]

______________________________________________________________________________________________________

Војниците најавија протест за сабота

Синдикатот на одбраната и безбедноста најави дека во сабота ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата. Во соопштението испратено од Синдикатот се наведува дека протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата на Република Македонија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Вељаноски: Немам уставни можности да го свикам Собранието

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска повтори дека нема уставни можности да свика седница на распуштено Собрание. – Ја следам ситуацијата во Македонија овие два дена. Запознат сум со случувањата и сите тие барања пред Собранието и за самото Собрание и би сакал да го повторам оној општ став познат што го имав досега искажано […]

______________________________________________________________________________________________________

Бензините поевтини за половина денар, дизелот непроменет

Бензините од ноќеска на полноќ се поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануват непроменети. Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 64 ден/лит. Цената на дизелот останува иста и ќе изнесува 47 ден/лит, додека […]

______________________________________________________________________________________________________

Битолчанец САМ ги крпи дупките на улиците (Фото)

На социјалните мрежи се појави фотографија на човек од Битола на кој му здосадило да вози со автомобилот по дупките на патиштата па одлучил сам да превземе нешто. Според описот на  фотографијата тој земал сам да ги крпи дупките

______________________________________________________________________________________________________

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб, а попладне умерен западен и северозападен ветер. Минималната температура ќе биде од 5 до 12 степени, а највисоката дневна ќе се движи во интервалот од 16 до 25 степени.

______________________________________________________________________________________________________

Во среда пресуда за „Ќелија“, сите обвинети ја признаа вината

Во среда Судот треба да ја соопшти пресудата за петтемина обвинети во случајот „Ќелија“, кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава (IS), откако на денешното судење и тие како и останатите шестмина обвинети ја признаа вината. Иако на оцената на обвинителниот акт тие рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата […]

______________________________________________________________________________________________________

Почнува кампањата за изборите на 5 јуни

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Изборната кампања ќе трае до 3 јуни во 24:00 часот. Изборнатата кампања, како што стои во Роковникот, предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации […]

______________________________________________________________________________________________________

На Балканот и во Македонија ќе има тропски горештини ова лето

Во Македонија,Бугарија и воопшто балканот најтопло ќе биде во крајот на месец јуни и во месец август. Тогаш ќе има и голема опасност од пожари. Една од најпознатите светски метеоролошка агенции AccuWeather објави прогнозите за ова лето Македонија , заедно со останатите балкански земји – Бугарија , Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Босна, Црна Гора, Албанија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Екстракти од канабис во аптеките до крајот на мај

Две барања за увоз на суровина од која ќе бидат произведувани препарати на база на канабис, се поднесени до Агенцијата за лекови и медицински средства. Тие се одобрени и се очекува суровината за производство да биде во Македонија до крајот на следната недела. Министерот за здравство Никола Тодоров информира дека до Агенцијата за лекови и […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Огномет од банка ги исплаши жителите на Карпош

Силен огномет ги исплаши вчера жителите на скопската општина Карпош. Од противпожарната единица на Скопје изјавија дека се работи за огномет организиран од Прокредит банка, која вчера имала прослава кај Сити Мол во Карпош 4. За прославата биле затворени и улици околу трговскиот центар. Огнометот траел половина час и бил многу силен. Некои од станарите […]

______________________________________________________________________________________________________

Народни верувања за најголемиот христијански пророк – Еве што треба да направите денес!

Светиот пророк Еремија е христијански светец и еден од најголемите пророци, роден шест векови пред Исус, Иако многумина не знаат за него во некои делови на земјата се уште се одржуваат обичаи и народни верувања. Некој од куќата треба да стане порано да земе тава, да мава во неа и неколку пати да повтори: Еремија […]

______________________________________________________________________________________________________

Чистење на Порта Македонија

НУ Музеј на македонската борба соопшти дека утрово ќе се чисти фасадата на објектот Порта Македонија. – По неколкунеделното вандализирање на објектот констатирани се сериозни оштетувања на фасадата кои ќе се обидат да ги санираат стручни служби, информира Музејот на македонската борба.

______________________________________________________________________________________________________

Денеска се слави светицата која одби да прими ислам и беше мачена до смрт

Православните христијани денеска го свалат прзаникот на светата маченичка Аргира која била ужасно мачена зошто не сакала да му се предаде на Турчин. Оваа Христова маченичка е родена во Бруса, од благочестиви родители. Штотуку се омажи за еден христијанин, во неа се загледа еден Турчин од соседството, па ја повикуваше на грев со него. Христољубивата […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали: 23 год Тамара бебето го родила во ВЦ на граница, го фрлила во ѓубре и продолжила на екскурзија

Полека се дознаваат деталите за чедоморството на граничниот премин Табановце, но згрозеноста од суровоста на младата девојна не спласнува. Според информациите на Дневник, 23-годишната апсолвентка на Економскиот факултет во Скопје, Тамара И., во тоалетот на граничниот премин Табановце се породила и фрлила живородено женско бебе. Потоа, како ништо да не се случило, се вратила на […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ со иницијатива за уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. Портпаролот на партијата Бујар Османи за МИА соопшти дека до судот е доставена иницијатива за преиспитување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот. Доколку Уставниот суд ја прогласи одлуката за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1