Archive | Македонија RSS feed for this section

Земете си чадор – Ќе врне цел ден

Времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 14 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.

______________________________________________________________________________________________________

Велигденски воз на Македонски Железници

Македонски Железници Транспорт АД на Железничката станица во Скопје го промовирашпе тематскиот Велигденски воз. Возот сообраќа во празничните денови со тематски содржини соодветни на празничните денови.

______________________________________________________________________________________________________

Велики петок – не се работи ништо, дури не се готви ни јадење!

Велики петок е најтажниот ден во календарот на секој христијанин. Постојат неколку правила кои треба да се почитуваат на тој ден. Традицијата вели дека Велики петок строго се празнува. Жените не смеат никако да земат игла во рацете, бидејќи се верувало дека ќе им излезат пликови по рацете. На овој ден не се гори оган, […]

______________________________________________________________________________________________________

Народни верувања и обичаи за Велики Петок: Девојката ќе го сони својот маж

Велики петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие. Од Велики четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост. Православните христијани во недела на 1 мај го одбележуваат Велигден. Велики […]

______________________________________________________________________________________________________

„Од град во село, за нов почеток“ – нов проект за враќање на населението во селата

„Од град во село, за нов почеток“ е новиот проект од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со пакет мерки и бенефиции со цел поттик на населението за враќање во селата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска информира дека секој корисник на проектот што ќе стартува од јануари следната година и ќе трае две години, ќе добие пакет […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Бремена жена доби судски спор против фирма што ѝ дала отказ

Првпат во Македонија судот пресуди во корист на бремена жена која добила отказ откако на работодавецот му соопштила дека очекува дете. Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска информира дека Основниот суд – Скопје 2, на 3 март, донел пресуда со која утврдил дискриминација и нееднаков третман по основа на личен статус, семејна и брачна […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна временска прогноза, големо невреме за празниците

Времето за претстојните празници ќе биде променливо. Утре се очекува повремен слаб дожд, особено претпладне, во сабота сончево со температура до 25 степени, а во недела попладне повторно ќе има врнежи. Повеќе и поинтензивни врнежи УХМР најавува во понеделник кон вторник, а не е исклучено да има и над 50 литри на метар квадратен воден […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО: Не е вршен притисок врз Крпач

Се истражува причината за вчерашната смрт на Коста Крпач. Од Специјалното јавно обвинителство демантираат дека се вршел каков било притисок врз Крпач, човекот кој беше пронајден мртов во станот во скопски Капиштец. Тој доброволно се јавил за сведок, против него не била водена кривична постапка, па според Специјалното обвинителство, нејасна е одлуката на претседателот да […]

______________________________________________________________________________________________________

Службите на Здравствен дом Скопје со 24 часовна здравствена заштита за празниците

Службите на Здравствен дом Скопје за време на претстојните празници ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита. Граѓаните кои ќе имаат потреба од лекарска помош, тоа ќе може да го добијат преку дежурните ноќни пунктови ( Поликлиника Идадија ,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево ) , во сабота на 30.04.2016 година […]

______________________________________________________________________________________________________

Дојран очекува до 15 илјади гости за празниците

За продолжениот Велигденски и Првомајски викенд приватните угостители и комерцијалните објекти во Дојран се максимално подготвени да ги пречекаат гостите кои треба да пристигнат во попладневните часови, изјавија од Туристичкото биро во Дојран. – За претстојниот празничен викенд не може да се најде слободен кревет, а по наша проценка на дојранското крајбрежје ќе претстојуваат од […]

______________________________________________________________________________________________________

Телото на обдукција, истрагата за Крпач во тек

Кобен крај на вооружениот инцидент, кој вчера попладне ги вознемири жителите на скопската населба Капиштец. 40 годишниот академски сликар, Коста Крпач, вчера попладне бил пронајден мртов, со прострелна рана во градниот кош, во својот дом. Јавното обвинителство засега не дава  информации околу околностите во кои настапила смртта на Коста Крпач Обдукцијата сè уште трае. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Зоран Божиновски под силно полициско обезбедување пристигна на суд

Под силно полициско обезбедување од затворот во Шутка, во основен суд Скопје 1, пред малку е донесен новинарот Зоран Божиновски. Тој е обвинет во случајот „Шпион“, но му се суди во одвоена постапка бидејќи три години уживаше азиланстски статус во соседна Србија и минатата недела беше екстрадиран во Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Се помолила пред чудотворната икона во Трубарево и оздравела

Мироточивата икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда. Ова го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека благодатот од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна скопјанка, на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете, пренесува Сител. – Можеби звучи неверојатно, […]

______________________________________________________________________________________________________

„Градиме иднина“ ќе му го предаде новиот дом на велешкото семејство Давчевски

Здружението „Градиме иднина“ денеска ќе му го предаде новиот дом на велешкото семејство Давчевски. Станува збор за куќа на улицата „Наце Димов“ број 62 во Велес, на која „Градиме иднина“ целосно ги заврши градежните работи со поддршка на хумани граѓани и компании. Како што информира Здружението, при подготовката на новиот дом се поставени кров, дрвена […]

______________________________________________________________________________________________________

Бакнежот на предавството – Велики четврток

Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино. На Велики Четврток ги повикува своите ученици на последната Тајна Вечера каде им рекол дека еден од нив ќе го […]

______________________________________________________________________________________________________

Апелација потврди: 14 години затвор за момчето кое го уби матурантот Ангел

Скопскиот Апелациски суд ја потврди 14-годишната затворска казна за дваесетгодишниот Насер Ештрефи, кој е осуден за убиството на матурантот Ангел Петковски од скопско Ѓорче Петров. Апелацискиот суд ги одбил жалбите и на Обвинителството и на одбраната на Ештрефи и ја потврди првостепената пресуда која сега е правосилна. Основниот суд Скопје 1 го осуди Ештрефи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Непребол: Пред 15 години беа масакрирани овие припадници на АРМ кај Вејце

Денеска се навршуваат 15 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година. Во заседата кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес е Велики Четврток – пред зори се вапсаат 3 јајца – еве зошто!

На Велики четврток домаќинките рано пред зори вапсуваат јајца. Црвеното јајце е симбол на Велигден. Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години. Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце. – […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1