Archive | Македонија RSS feed for this section

Нови 364 позитивни случаи на коронавирус

На денешната прес-конфереција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска бројот на новозаразени со коронавирус е 364. На сите инфективни одделениа во државата хоспитализирани се вкупно 414 пациенти сомнителни и позитивни. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 86 денеска, во ГОБ хоспитализирани се 40 од кој 4 се на респиратор, во Козле 3 деца хоспитализирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови мерки: Носење на маска секаде, освен за деца и при спорт, Во стан најмногу 4 лица

Забрана на семејни собири и прослави во домовите, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде се новите мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести. Во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе, забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица, и тоа по паркови, бензински […]

______________________________________________________________________________________________________

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Нефрологија позитивни на Ковид-19

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на Ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа од Министерството за здравство. Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица. Еден доктор е во самоизолација во […]

______________________________________________________________________________________________________

Заразена наставничка стави во изолација 17 првачиња од скопско училиште

Наставничка позитивна на Ковид-19 однесе во домашна изолација 17 првачиња од основното училиште Гоце Делчев во Центар. По само 7 дена од стартот на учебната година корона вирусот влезе и во училиштата. Заразеаната последен пат била на настава во петокот а во неделата добила симптоми по што вчера и бил направен тест. Вирусот најверојатно го […]

______________________________________________________________________________________________________

Рекордни 317 позитивни на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти […]

______________________________________________________________________________________________________

Градоначалникот на Бутел позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски на својот Фејсбук профил синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на КОВИД-19 и истиот е позитивен, напиша Смилевски. Затоа, додава, уште еднаш апелирам до сите да не […]

______________________________________________________________________________________________________

Од понеделник патување без ПЦР во Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Mакедонските државјани од понеделник, 12 октомври, ќе може да влезат во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР-тест. Исто така, и државјаните на овие четири земји ќе може да влезат во земјава без тест. Премиерот, Зоран Заев на својот фејсбук профил соопшти дека Владата ја прифатила препораката од Комисијата за заразни […]

______________________________________________________________________________________________________

225 нови случаи на КОВИД-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1 . Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: […]

______________________________________________________________________________________________________

Музичари и угостители утре на протест

Револтот од новите владини одлуки утре на протест ќе ги извади музичарите и угостителите. За новите рестриктивни мерки воопшто не биле консултирани. Велат не може секогаш кога се носат одлуки за заштита од вирусот да бидат на штета само на овие дејности. Бараат итно повлекување на мерките, протоколи за работа. Ако останат забраните за жива […]

______________________________________________________________________________________________________

Угостителите реагираат, Владата подготвена да разговара, но мислењето на експертите останува клучно

Рестриктивните мерки што ги донесе вчера Владата, предизвикаа реакции кај угостителите. Тие претпладнево најавија доброволно затворање на објектите иако сметаат дека новите ограничувања нема да го решат проблемот со зголемениот број заболени од КОВИД. Не ни требаат крпеници од протоколи, туку унифицирани препораки за целокупната угостителска индустрија, наведе Независната угостителска комора (НУК). Министерот за економија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Угостителите најавија самоволно затворање на објектите на две недели

Угостителите најавија дека за две недели доброволно ќе ги затворат локалите поради новите мерки кои ги воведе владата. Од Независната комора на угостители велат дека без ниту една консултација со угостителите и другите учесници во овој сектор, Комисијата за заразни болести одлучила на своја рака за новите мерки. „Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно […]

______________________________________________________________________________________________________

Бектеши: Ако угостителите не ги почитуваат протоколи, државните институции соодветно ќе постапуваат

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави дека мерките за угосителските објекти донесени вчера, се предлог на Комисијата за заразни болести и теи во целост треба да се почитуваат. Според Бектеши, се уште нема бројки за пад во угостителскиот сектор. Тоа ќе се види кога ќе почнат да се спроведуваат новите протоколи. -Како Влада, секогаш […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ МЕРКИ: Забранети гостувања на музичари, по 4-ца на маса

На оваа своја седница Владата ги усвои заклучоците од состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржан на 4.10.2020 година, со предлог мерки за спречување од ширење на коронавирусот КОВИД-19. Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијатa: […]

______________________________________________________________________________________________________

Бензините поевтини за денар ипол, дизелот поскап за половина денар

За денар ипол од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС-98, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 61 ден/лит. Новата цена […]

______________________________________________________________________________________________________

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање

За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во однос на неговиот став за бугарскиот Меморандум […]

______________________________________________________________________________________________________

Пазарната инспекција синоќа влегла на седум свадби

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа биле во контрола на седум објекти каде се одржувале свдабени веселби и покрај забраната поради коронавирусот. Една од свадбите се случувала во Струга, две во Тетово и четири во Скопје. „За субјектите кои организирале свадби ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство“, велат од Владата. Државниот пазарен инспекторат […]

______________________________________________________________________________________________________

191 нови случаи на КОВИД-19, починати се три лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1