Archive | Македонија RSS feed for this section

Хирург од кумановската болница почина од КОВИД-19

Како последица од компликации на новиот коронавирус, почина хирургот Драган Тасевски од болницата во Куманово. Неговите колеги се простуваат од него преку социјалните мрежи, а Тасевски ја изгуби битката со опасната зараза на 60-годишна возраст. „Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно. Веројатно јас како паталец, поинаку го доживувам вирусот“, […]

______________________________________________________________________________________________________

Царовска: Годинава ќе нема екскурзии, наставниците ќе предаваат од дома за да се заштеди на греење

88 % од наставата во основните и средните училишта во државата се одвива он лајн, а учениците успешно ја следат од своите домови, истакна денеска во кочани министерката за образование Мила Царовска. За оние ученици кои немаат IT уреди, обезбедена им е опција за следење на настава преку 15 минутни часови кои се емитуваат на […]

______________________________________________________________________________________________________

Рекордни 641 нови случаи на Ковид-19, починати се 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7. Денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Досега обезбедени 142 единици конвалесцентна плазма со која се третирани над 120 пациенти

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.  […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ: „Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат по затвори“

Заврши протестот на ВМРО-ДПМНЕ против како што велат, „оваа ненародна власт“. Протестот се одвиваше со автомобили, а крајна цел беше Владата на Македонија од каде народот го искажа својот револт против како што велат од партијата криминалот, корупцијата и неправдите и прогонот во нашата земја. Протестот во Скопје започна од пред салата „Јане Сандански“ во […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев предложи разрешување на директорката на Агенцијата за европски образовни програми Лидија Димова

Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Итно мора да се донесат мерките за заштита од Ковид-19 кои се во Собранието

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат. „Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема онлајн судења но во судницата ќе има растојание од 2 метри – дали ова е применливо?

Физичкото растојание од два метри меѓу присутните во судница станува задолжително за судските рочишта. Здружението на судии со протокол го регулира работењето на судовите во услови на пандемија. При влез во судница задолжително ќе биде дезинфицирањето раце, се бара проветрување на просториите а во согласност со просторните услови ќе се ограничи и на присутни кои […]

______________________________________________________________________________________________________

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]

______________________________________________________________________________________________________

Влада: работното време на угостителски објекти до 23 часот и редуцирање на патници во јавниот превоз

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести за ограничување на работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и за ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата го прифати предлогот за разрешување на Лидија Димова од директорската позиција

Заев кажа дека има доволно аргументи за Димова да биде разрешена од етички причини. -Јас тој предлог ќе го прифатам, ќе дадеме сугестии доколку владата се согласи до управниот одбор да постапи заради етичкиот дел, другиот дел е нешто кое го работат други институции, ние не сме надлежни, а тоа е за евентуална кривична одговорнот […]

______________________________________________________________________________________________________

Сити Мол утре ќе биде евакуиран во рамки на противпожарна вежба

Трговскиот центар Скопје сити мол соопшти дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување, утре со почеток во 7:30 часот ќе изврши тестирање на системот за заштита и спасување. Трговскиот центар е управуван од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје. Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на кризниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието неделава ќе одлучува за новите мерки за заштита против Ковид-19

Предлог-мерките за заштита од Ковид-19, како што е задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири се веќе доставени во Собранието. Се очекува оваа недела пратениците да ги изгласаат потребните измени во Законот за заштита од заразни болести, и истите […]

______________________________________________________________________________________________________

Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за ,,Титаник” одложено

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај. Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата вчеравечер растури свадба со 300 гости во Глумово

Синоќа во околу 21 часот започна акција на Полицијата и пазарната инспекција за да се растури свадба во село Глумово. -Според нашите информации, на свадбата присуствувале 300 луѓе, но по упадот на полицијата, свадбата во ресторанот во Глумово е прекината, а казни ќе има и за газдата на ресторанот и за гостите за непочитување на […]

______________________________________________________________________________________________________

438 нови случаи на Ковид-19, починати 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5. Денеска Институтот за јавно […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема договор за Гоце Делчев, ќе има нови средби на билатерална комисија

Македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, иако на маса биле поставени нови идеи и предлози околу неговиот лик и дело. Засега не откриваат детали, но најавуваат нова средба до крајот на годината и уште пет следната година. – Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисија за заразни болести: Од граѓаните зависи дали ќе има полициски час

Ресторани, кафеани, сендвичарници, кладилници и останати економски субјекти нема да работат од 23 часот навечер до 5 часот изутрина. Забрана за одржување на секакви настани и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз. Овој сет рестриктивни мерки Комисијата за заразни болести ќе го предложи до Владата во понеделник, поради секојдневното рушење на рекорди со […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1