05/09/2020 15:23
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, истакна дека и на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус. „Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2020 15:13
•
Posted by: MK News
„Денеска, во името на граѓаните на РМ, судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1, му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна!!!“ Вака вчера реагираше Наташа Апостолоска по вчерашната пресуда за страшната сообраќајна […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2020 12:06
•
Posted by: MK News
На својата втора седница, членовите на Владата ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата. Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, функција која ќе извршува Артан Груби од ДУИ. -Предвидено е, Претседателот на Владата […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2020 17:47
•
Posted by: MK News
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска на прес-конференција истакна дека начинот на уривање на објектот пред Трговскиот центар Мавровка е многу полегален од начинот на градење. Сепак, тој појасни дека документите кои вчера инвеститорот заедно со адвокатите ги приложи се однесуваат за легализација на еден дел од старото кафуле Фонтана. -Таму е легализиран објект кој што […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2020 17:45
•
Posted by: MK News
Владата даде зелено светло Македонска Пошта да почне преговори со деловните банки, за да продолжи со работа. По стечајот на Еуростандард, речиси еден месец Пошта не врши платен промет, не се исплаќаат пензии, ниту социјална помош, а граѓаните не можат да си ги платат сметките за комуналии и струја, затоа што овие услуги Пошта ги […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2020 17:44
•
Posted by: MK News
Наместо Заев да дели мандатни писма, нека го прочита мандатното писмо на народот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека денешната Владина седница на која премиерот им делеше задолженија на министрите е гол популизам на власта. Според опозицијата, Заев не може да решава проблеми кои самиот ги креира. Партискиот Генерален секретар денеска пред Владата прочита серија барања кои […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2020 17:42
•
Posted by: MK News
Секој министер доби посебни работни задачи за следните 4 години. Премиерот Заев втората владина седница ја отвори со врачување на мандатни писма на министерите од неговиот нов кабинет. Од нив побара посветена работа и исполнување на агендатата ветена пред граѓаните, потсетувајќи ги дека сите се менливи. „Сакам да ја искористам приликата, свечено, но и обврзувачки […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2020 17:39
•
Posted by: MK News
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска околу 16:30 часот го напушти објектот на меѓународната правна мисија на Европската унија во Косово – ЕУЛЕКС, каде што вчера и денеска се одржа неговиот распит од страна на истражителите на Меѓународниот суд за Косово. Првиот распит на Ахмети се одржа вчера од 9:30 до […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 17:24
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-15, Дебар-5, Штип-8, Прилеп-8, Тетово-9, Струга-4, Велес-2, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Пехчево-5, Берово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-4, Кичево-6 и Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:54
•
Posted by: MK News
Кафулето во трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, во кое синоќа имаше забава без почитување на здравствените протоколи, ќе добие забрана за работа, соопштуваат од Државниот инспекторат. Оттаму велат дека настанот го пријавиле граѓани нешто пред полноќ. Екипа инспектори пристигнала во локалот и констатирала низа неправилности. Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:50
•
Posted by: MK News
Апанажата секогаш е актуелна после парламентарните избори и е законско право што го користат пратениците и другите функционери. Дури и да донесеме сега измена во Законот за апанажа, може да важи отсега па натаму, не може да важи ретроактивно, одговори премиерот Зоран Заев по денешната прва официјална средба во Сојузот на стопански комори на Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:46
•
Posted by: MK News
Сопственикот на дивоградбата кај Мавровка за време на нејзиното уривање одржа прес-конференција на која кажа дека е жртва бидејќи некој сака да му го одземе објектот. Тој вели дека ги поседува сите документи дека не станува збор за дивоградба туку дека неговиот објектот од времен карактер е легализиран и со тоа има право да го […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:39
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети сведочи во Хашкото обвинителство за воени злосторства. Распитот кој почнал утринава се изведува во Приштина, а инфомрацијата ја потврди секретарот на ДУИ, Артан Груби. Според најавите, предвидено е Ахмети да сведочи и утре. Од специјалното обвинителство не откриваат дали поранешниот припадник на ОВК е повикан како сведок или обвинет. Пред […]
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2020 16:38
•
Posted by: MK News
По речиси четири часа работа механизацијата конечно успеа да ја пробие платформата од катот. Целиот објект сеуште стои меѓутоа пропадна мал дел кој се наоѓа на југоисточната страна на објектот. Рушењето на дивоградбата пред Мавровка сеуште се одвива со зголемено присуство на полициски службеници кои го обезбедуваат просторот. Претходно фантомскиот инвеститор за кого полицијата трагаше […]
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2020 15:33
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: […]
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2020 15:31
•
Posted by: MK News
По неколкумесечна потрага полицијата конечно го најде лицето одговорно за дивоградбата кај Мавровка. Како што информираше МВР утрово во писмено соопштение, станува збор за 34 годишниот М.А од Скопје против кого полицијата поднесе кривична пријава за „бесправно градење“. „Денеска (01.09.2020) СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2020 16:35
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2020 16:33
•
Posted by: MK News
Новиот премиер Зоран Заев официјално ја презеде функцијата. Рано утрово тој во Владата се сретна со досегашниот премиер кој ја предводеше техничката Влада Оливер Спасовски. Заблагодарувајќи му се на досегашниот премиер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, Заев оценил дека храбро и успешно се справиле со здравствено-економската […]
______________________________________________________________________________________________________