Archive | Македонија RSS feed for this section

Шилегов за случајот „Мавровка“: Ај да не се правиме на Тошо

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов денеска на прес-конференција истакна дека начинот на уривање на објектот пред Трговскиот центар Мавровка е многу полегален од начинот на градење. Сепак, тој појасни дека документите кои вчера инвеститорот заедно со адвокатите ги приложи се однесуваат за легализација на еден дел од старото кафуле Фонтана. -Таму е легализиран објект кој што […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски Пошти може да бараат нова банка – партнер

Владата даде зелено светло Македонска Пошта да почне преговори со деловните банки, за да продолжи со работа. По стечајот на Еуростандард, речиси еден месец Пошта не врши платен промет, не се исплаќаат пензии, ниту социјална помош, а граѓаните не можат да си ги платат сметките за комуналии и струја, затоа што овие услуги Пошта ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Опозицијата не прифаќа он-лајн собраниски седници

Наместо Заев да дели мандатни писма, нека го прочита мандатното писмо на народот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека денешната Владина седница на која премиерот им делеше задолженија на министрите е гол популизам на власта. Според опозицијата, Заев не може да решава проблеми кои самиот ги креира. Партискиот Генерален секретар денеска пред Владата прочита серија барања кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев им подели мандатни писма на министрите и им кажа што очекува од нив

Секој министер доби посебни работни задачи за следните 4 години. Премиерот Заев втората владина седница ја отвори со врачување на мандатни писма на министерите од неговиот нов кабинет. Од нив побара посветена работа и исполнување на агендатата ветена пред граѓаните, потсетувајќи ги дека сите се менливи. „Сакам да ја искористам приликата, свечено, но и обврзувачки […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети го заврши дводневното сведочење пред Меѓународниот суд за Косово

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска околу 16:30 часот го напушти објектот на меѓународната правна мисија на Европската унија во Косово – ЕУЛЕКС, каде што вчера и денеска се одржа неговиот распит од страна на истражителите на Меѓународниот суд за Косово. Првиот распит на Ахмети се одржа вчера од 9:30 до […]

______________________________________________________________________________________________________

145 нови случаи на Ковид 19, починати се две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-15, Дебар-5, Штип-8, Прилеп-8, Тетово-9, Струга-4, Велес-2, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Пехчево-5, Берово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-4, Кичево-6 и Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]

______________________________________________________________________________________________________

Кафулето во трговскиот центар „Бисер“ ќе добие забрана за работа

Кафулето во трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, во кое синоќа имаше забава без почитување на здравствените протоколи, ќе добие забрана за работа, соопштуваат од Државниот инспекторат. Оттаму велат дека настанот го пријавиле граѓани нешто пред полноќ. Екипа инспектори пристигнала во локалот и констатирала низа неправилности. Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Ангажман во јавните институции наместо апанажа за пратениците и функционрите

Апанажата секогаш е актуелна после парламентарните избори и е законско право што го користат пратениците и другите функционери. Дури и да донесеме сега измена во Законот за апанажа, може да важи отсега па натаму, не може да важи ретроактивно, одговори премиерот Зоран Заев по денешната прва официјална средба во Сојузот на стопански комори на Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Алити: Да не се мачиме, човекот што го сака мојот објект нека се јави да му го подарам

Сопственикот на дивоградбата кај Мавровка за време на нејзиното уривање одржа прес-конференција на која кажа дека е жртва бидејќи некој сака да му го одземе објектот. Тој вели дека ги поседува сите документи дека не станува збор за дивоградба туку дека неговиот објектот од времен карактер е легализиран и со тоа има право да го […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети дава исказ пред Специјалното обвинителство за воени злосторства

Лидерот на ДУИ Али Ахмети сведочи во Хашкото обвинителство за воени злосторства. Распитот кој почнал утринава се изведува во Приштина, а инфомрацијата ја потврди секретарот на ДУИ, Артан Груби. Според најавите, предвидено е Ахмети да сведочи и утре. Од специјалното обвинителство не откриваат дали поранешниот припадник на ОВК е повикан како сведок или обвинет. Пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Урната дивоградбата кај Мавровка – 4 часа механизацијата ја пробиваше платформата

По речиси четири часа работа механизацијата конечно успеа да ја пробие платформата од катот. Целиот објект сеуште стои меѓутоа пропадна мал дел кој се наоѓа на југоисточната страна на објектот. Рушењето на дивоградбата пред Мавровка сеуште се одвива со зголемено присуство на полициски службеници кои го обезбедуваат просторот. Претходно фантомскиот инвеститор за кого полицијата трагаше […]

______________________________________________________________________________________________________

115 нови случаи на КОВИД-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: […]

______________________________________________________________________________________________________

Конечно утврдено кој гради на диво кај Мавровка – поднесена кривична пријава

По неколкумесечна потрага полицијата конечно го најде лицето одговорно за дивоградбата кај Мавровка. Како што информираше МВР утрово во писмено соопштение, станува збор за 34 годишниот М.А од Скопје против кого полицијата поднесе кривична пријава за „бесправно градење“. „Денеска (01.09.2020) СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава […]

______________________________________________________________________________________________________

Само 11 нови случаи на коронавирус во земјата, најмалку од 21 април

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски

Новиот премиер Зоран Заев официјално ја презеде функцијата. Рано утрово тој во Владата се сретна со досегашниот премиер кој ја предводеше техничката Влада Оливер Спасовски. Заблагодарувајќи му се на досегашниот премиер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, Заев оценил дека храбро и успешно се справиле со здравствено-економската […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата. Причината зошто до сега се воздржував од јавни настапи беше со цел да оставам простор јавноста многу прецизно да го види целото она препелкање на власта, немањето на капацитет и нивната желба по секоја […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени припадници на ИСИС во Куманово кај кои биле пронајдени елеци за самоубиствени напади

Во антитерористичка акција уапсени се тројца кумановци утрово. Од МВР потврдуваат дека се уапсени три лица во Куманово не кажуваат за што се сомничат. Според неофицијални информации станува збор за припадници на ИСИС, повратници од Сирија кои наводно дошле во Македонија да изведуваат напади и да регрутираат кадри. Утрово неофицијално биле направени претреси во Куманово […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието ја избра новата Влада

Со 62 гласа „за“, 51 „против“ и без воздржани Собранието вечерва ја избра новата Влада, по два дена дебата која започна со експозето на мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев во кое ја презентираше новата владина програма. По гласањето пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската сала и не присуствуваат на давањето заклетва на министрите […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1