Archive | Македонија RSS feed for this section

Време: сончево со температура до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува умерен повремено наместа засилен западен и северозападен ветер.Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотрајни и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево […]

______________________________________________________________________________________________________

Од полноќ: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ги утврди новите цени на нафтените деривати. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 ден/лит и ќе изнесува 71,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.06.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Размислуваме да се воведе едномесечен зелен картон

Владата подготвува одредени измени во постоечката законска регулатива во однос на зелените картони и размислува покрај едногодишниот да се водведе и едномесечен зелен картон, најави денеска премиерот Никола Груевски, пренесе МИА. – Сега зелените картони  секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ – Повторно масовно труење со храна во елитен скопски ресторан

Шест лица се затруле со храна во елитен ресторан во скопско Чучер Сандево, јавува Канал5.   Според информациите кои би објави телевизијата, сите се задржани на Инфективната клиника во Скопје. Телевизијата објави дека во ресторанот биле присутни 60тина лица на семејна прослава. Оние кои побарале лекарска помош, имале полесни симптоми на труење. Инспектори на Агенцијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните бесни: Не сакаат бензинска пумпа на местото на пазарчето Буњаковец

Граѓаните револтирани од идејата на местото на пазарчето Буњаковец да се гради бензиска пумпа, а над безниската да има затворен пазар, јавува Сител. -Јас би сакал да остане пазарчето и да го прошират, а бензиска не на ова место тука. -Можно ли е на едно место бензиска и пазар…,прашуваат граѓаните. Како што вчера објави Пресс […]

______________________________________________________________________________________________________

Прогноза за денес – жешко АЛАРМ жолта фаза во Македонија

Целата територија на Република Македонија од  понеделник, ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Станува збор за температури до 37 степени кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките […]

______________________________________________________________________________________________________

Метео алармот активиран: Внимавајте, Македонија од утре во жолта алертна фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи,  целата територија на Република Македонија, од утре (понеделник)  ќе  биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. Станува збор за температури до 37 степени целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на […]

______________________________________________________________________________________________________

Вечерва невреме во источна Македонија

Струмичката котлина, Делчево, Берово и Велешко вечерва се очекува да бидат зафатени од невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците со кои располага Одделението за анализа и прогноза на време и радарските слики од радарскиот центар Ѓуриште, невремето ќе биде со умерен интензитет и ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве како да заработите 10 000 долари во Македонија

Асоцијација за развој на нови опции (АРНО) во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер објави Конкурс за идеи/проекти за зелени бизнис идеи кои промовираат поддршка на локални мали бизниси и кои користат ресурси од локалната заедница. На конкурсот може да учествуваат организации, индивидуалци, социјални претприемачи и мали бизниси. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk […]

______________________________________________________________________________________________________

Траги од млазните авиони на небото над Македонија – Водена пареа или труење со хемикалии?

Хемиски траги и запрашување со непознати супстанци или испарување од млазните мотори? Ова е дилемата која извесен период ја поставуваат жителите на Македонија кога ги гледаат долгите траги на небото. Патничките авиони кои летат во воздушниот простор над Македонија се почесто оставаат долги траги за чие потекло има повеќе теории. Едните ја застапуваат тезата дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Шуга и вошки се шират меѓу мигрантите во Центарот за азил

Заразна болест шуга и вошки се шират меѓу мигрантите сместени во Центарот за времено сместување на азиланти во Гази Баба со кој раководи Министерството за внатрешни работи, соопшти народниот правобранител Иџет Мемети. Капацитетот на Центарот е од 100 до 120 лица, но во него вчера имало 364, плус тие 125 кои се донесени од Ваксинце. […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве кои се најголемите должници во Македонија – погледнете ја листата

276,8 милиони евра должат граѓани и фирми за неплатени даноци, придонеси, акцизи и царини, покажува последната листа на должници на Управата за јавни приходи. Од објавата на последната листа до денеска доглот е намален за околу 8 милиони евра. На листата има 431 должници од кои две третини се компании за околу 1100 се граѓани кои не си ги платиле […]

______________________________________________________________________________________________________

Без листа на чекање за зрачна терапија на Клиниката за онкологија

Mинистерот за здравство, Никола Тодоров при денешната посета на Универиттската клиника за радиотерапија и онкологија истакна дека целосно е анулирана листата на чекање за зрачна терапија. – Како Министерство фокус имамвме на оваа здравствена установа затоа што станува збор за пациенти кои се во исклучително тешка здравствна состојба и долгото чекање дополнително  ја комплицираше и усложнуваше […]

______________________________________________________________________________________________________

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: делови од Македонија под жолта алертна фаза

Полошкиот и Осогоско-Малешевскиот регион ќе бидат под жолта алертна фаза поради високите температури кои наместа ќе достигнат и до 38 степени. Поради високите температури со ниво на прв степен предупредување (жолта фаза) што ќе ја зафатат Македонија, надлежните предпорачуваат граѓаните да не се изложуваат на директна сончева топлина од 11 до 16 часот. Избегнување на престој […]

______________________________________________________________________________________________________

Чудата во Манастирот Свети Наум Охридски

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва. Тие се жив доказ за светоста на овој храм, и чудотворната моќ на моштите на Свети Наум. Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец: Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Наредните денови пеколни температури, заладување од среда

Метеоролозите најавуваат пеколни температури во недела и наредните денови, коишто во понеделник може да достигнат и до 37 степени Целзиусови. Земјава ќе биде под  влијание на многу топла воздушна маса од југ, па дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мигранти се качуваат во воз преку прозорец (ВИДЕО)

Видео снимка на која се гледа како вратите од празниот воз не се отвораат на железничка станица за да не влезат мигрантите во него, е објавена на Јутјуб . На снимката се гледа како двајца мигранти успеваат да се прекачат преку прозорец, а други пак, висат на последниот вагон.

______________________________________________________________________________________________________

Нова, повисока цена на струјата?

До крајот на јули ќе се знае дали ќе имаме нова цена на струјата. Сите три енергетски компании државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци. Пресметките се доставени до регулаторите од сите три компании. Сега, на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1