11/08/2020 17:38
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:37
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска. Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќето од 157-те патници кои со авион од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 14:02
•
Posted by: MK News
Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа. – Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 13:57
•
Posted by: MK News
Лекарите и медицинските лица секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита. Не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките. „Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 13:55
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги кани на состанок лидерите Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА, Мендух Тачи – ДПА во четврток во скопскиот хотел Парк. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, поводот се одржаните парламентарни избори. Состанокот симболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2020 18:12
•
Posted by: MK News
Нови 10 пациенти со Ковид-19 се дијагностицирани во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди за МИА министерот за здравство Венко Филипче. – Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, рече Филипче. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2020 17:49
•
Posted by: MK News
Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари. Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови.Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2020 17:43
•
Posted by: MK News
Во врска со дезинформациите кои деновиве се шират по социјалинте мрежи заопасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС, Министерството за животна средина и простоено планирање ја информира јавноста дека таквите информации се сосема неточни. Имено на 29.07.2020г. Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2020 17:40
•
Posted by: MK News
22 годишен пациент од Скопје е меѓу 6 –мината починати од компликации од Ковид-19 изминатото деноноќие во Македонија. Тој е најмладиот кој ја загуби битката со вирусот. Како што иформираше министерството за здравство пациентот имал Даунов синдром и во тешка состојба бил примен во ГОБ 8 септември каде го лекувале 3 недели. Останатите двајца починати […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:19
•
Posted by: MK News
Очекувам за 10 до 15 дена да формираме Влада со цврсто мнозинство, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите по конституирањето на Парламентот. Сега и официјално почнуваат сериозните разговори за формирање на Влада, вели Заев, а принципите зад кои ќе стои СДСМ ќе бидат ставени на економијата, сузбивање на криминалот и евроинтеграцијата. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:18
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:16
•
Posted by: MK News
Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, што денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, рече дека Комисијата констатира оти нема основ за оспорување на изборoт […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:14
•
Posted by: MK News
Попладнево силно невреме со дожд и град го зафати Скопје. Град со големина на орев и лешник паѓаше 10-тина минути во неколку скопски населби меѓу кои и Стар Аеродром. УХМР предупредува и дека од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 18:00
•
Posted by: MK News
Полицијата се уште трага по изчезнатото момче кое вчера попладне изчезна во водите на Преспанското езеро при превртување на педалинка на која што се наоѓале 3 лица. Двајца од нив допливале на брегот, а едно момче е исчезнало. Случајот веднаш бил пријавен во полиција од Итната медицинска помош вчера околу 18 часот. Нуркачите, за Телма […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 17:52
•
Posted by: MK News
Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус. -Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 17:50
•
Posted by: MK News
Пазарната инспекција минатата недела поднела три кривични пријави поради измами со ваучерите за туризам. Станува збор за три објекти, две во Охрид – Градиште 1 и Градиште 2, и еден во Струга, но има неколку сомнителни случаи кои дополнително ќе се проверуваат. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилување на инспециските надзори во текот на оваа недела. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 17:48
•
Posted by: MK News
Досегашниот спикер Талат Џафери ќе претседава со конститутивната седница на собранието. Денеска заврши неговото болничко лекување. „Собранискиот спикер во заминување Талат Џафери денеска точно напладне ја напушти инфективната клиника. Овде беше хоспитализиран поради пневмонија на 24-ти минатиот месец. Неговите тестови за коронавирус биле негативни“ Конститутивната седница на новиот парламентатен состав е закажана за утре во […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2020 18:26
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За „Фактор“ откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст. Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во […]
______________________________________________________________________________________________________