Филипче: Состојбата со Ковид-19 се влошува, можно е воведување рестриктивни мерки


Состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа и во многу земји во светот се влошува како завршува летото. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да имплементираат нов пакет рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавиурусот во овие земји.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека британската Влада планира дури и воведување нов национален карантин.

– Шкотска упати предупредување до своите граѓани за тешки, но неопходни рестрикции. Во Израел тоа веќе е на сила, затворени се училишта, градинки и трговски центри. Франција исто така ги заострува мерките. Меѓудругото ќе бидат забранети дружења и посети меѓу домакинствата. Ова е нешто што го најавувавме неколку пати и посочувавме дека месец септември може да биде почеток на еден нов есенски бран, додаде Филипче.

Со оглед дека летото е зад нас, а ризикот кој ја носи есента може да донесе на зголемен број на заразени од коронавирусот, разгледуваме воведување на нови мерки, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Тој уште еднаш повтори дека главна причина за ширењето е непочитување на мерките.Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените, главната причина за новозаразени се должи на непочитување на мерките, групирање, семејни прослави. Граѓаните заборавија на важноста на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување.

Во следниот период ќе ги засилиме контролите за спроведувае на мерките, и сите инспекторати и инсистуции задолжени за почитување ќе работат на тоа, ситуацијата мора да се сфати сериозно.Следните денови ќе информираме за можни нови мерки, а дел од мерките кои ги разгледуваме здолжително носење маски, ограничување на бројот на маси во угостителски објекти, ограничен број на луѓе во угостителски објекти и ограничен број на луѓе при групирање, прецизен протокол за работа на угостителските објекти, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, рече Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1