27/05/2020 17:00
•
Posted by: MK News
Продолжува да расте бројот на заболени од Ковид-19, се зголемува и бројот на починати од компликации од вирусот. Изминатото деноноќие регистрирани се 25 нови случаи од направени 622 тестирања. Најмногу 14 новозаразени се од Скопје. Во меѓувреме уште 3 лица ја загубија битката со коронавирусот. На Инфективна починаа скопјанец на 47 години и пациент од […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 20:03
•
Posted by: MK News
Минаа три месеци откако го дијагностициравме првиот пациент со ковид-19. После три мецеси сме на раскрсница, дали да го враќаме животот во нормала, а при тоа да се почитуваат сите мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. -Три месеци интензивно работиме и се справуваме со коронавирусот, факт е дека вирусот нема да […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 19:24
•
Posted by: MK News
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес – конференција изјави дека Владата донела одлука од утре да не важи полицискиот час. Ден подоцна ќе работат угостителските објекти, со утврден протокол Од 1 јуни ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа. Државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 19:21
•
Posted by: MK News
По 42-часовниот карантин кој што траеше 11 часот во недела до 05 часот утринава Комисијата одлучила а Владата усвои укинување на полцисискиот час. На денешната прес конференцијата која се одржа веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Влада, Оливер Спасовски ги соопшти одлуките кои беа донесени на денешната Владина седница. Од утре 27 мај целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 18:47
•
Posted by: MK News
Ве информираме дека претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, денеска, 26.05.2020 (вторник) со почеток во 19:00 часот, ќе одржат прес-конференција.
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 16:54
•
Posted by: MK News
Во разговорите што ги имавме со балканските лидери констатиравме дека имаме приближно слични епидемиолошки податоци, и ќе бидеме подготвени целосно да ги отвориме нашите копнени граници со соседните земји, проценуваме, на 15 јуни, ако нешто драстично не се смени, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата во Солун со префектот на областа централна Македонија Апосотолос […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2020 16:52
•
Posted by: MK News
Катица Јанева уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет”. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото. Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2020 14:39
•
Posted by: MK News
Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези. Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2020 14:37
•
Posted by: MK News
Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“. „Го почитувам празнувањето и силно верувам дека […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2020 14:36
•
Posted by: MK News
Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи. Од 37-те […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2020 14:40
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце. „Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2020 14:33
•
Posted by: MK News
Од денеска го прогласувам Ковид-19 за умрен, вели реисот Сулејман Реџепи. Реисот Сулејман Реџепи денес во изјава за медиумите пред џамијата Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бакјрам и во говорот, покрај честитките, го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов. -Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2020 14:29
•
Posted by: MK News
Муслиманските верници денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2020 14:25
•
Posted by: MK News
Поради опасност од ковид-19 чествувавањето на денот на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј во Рим и Ватикан годинава е откажано. Поклонението на државно-црковна делегација што редовно се одржува на гробот на св. Кирил во базиликата „св. Климент“ во Рим нема да се одржи. Државни делегации од земјава и од Бугарија неколку години заедно оддаваат […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2020 14:23
•
Posted by: MK News
24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Тие се еден владика и еден […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2020 21:10
•
Posted by: MK News
Васил Огненовски, синот на човекот што доби срце од починат донор не ја криеше радоста што неговиот татко успеа повторно да ја добие најважната битка, јавува Слободен Печат Тој изрази голема благодарност и сочуство до семејството на починатата Емилија од Дојран. „Ќе кажам само едно големо благодарам што со донирањето се спасија три животи. Еднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2020 21:05
•
Posted by: MK News
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи. Минатата ноќ, беше направена првата успешна трансплантација на срце и беше спасен еден човечки живот, благодарение на хируршкиот тим на клиниката за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2020 15:08
•
Posted by: MK News
Полициски час од недела во 11 часот претпладне до вторник во 05 часот изутрина. Владата на денешната седница одлучи дека утре забраната за движење ќе остане како и сите други денови, односно од 19 до 05 часот наутро в недела. Тоа значи дека во карантин ќе бидеме затворени 42 часа. Македонските државјани кои ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________